Контакт

Европа

Зеленски: Кога Крим ќе се врати на Украина таму ќе пијам шампањ

Објавено пред

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека, откако Крим ќе се врати на Украина, таму ќе пие шампањ.

Тој, исто така, рече дека, кога бил млад, неговото семејство живеело скромно и дека за време на неговото детство тој немал можност да патува на Крим, туку дека се заљубил во него за време на студиите.

Зборувајќи за политичката ситуација, Зеленски рече дека граѓаните на Крим со задоволство ќе ја пречекаат украинската влада.

„Ми се чини дека разбраа што се случи, видоа што ќе се случи со Крим без Украина. Луѓето сакаат да видат нешто позитивно во иднина. Затоа, јас сум на мислење дека граѓаните на Крим со задоволство ќе го пречекаат украинското раководство. Верувајте ми“, рече тој.

Зеленски, исто така, кажа дека по враќањето на Крим на Украина, „животот ќе се врати“ на тој полуостров.

Тој додаде дека локалното население себеси никогаш не се сметало за припадник на рускиот народ.

Европа

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Објавено пред

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше затворен, а ерупциите се засилија и влегоа во најинтензивната фаза досега.

Локалните власти соопштија дека дополнително 160 луѓе се евакуирани од уште три града и не можат да се вратат во своите домови за да ги подигнат своите предмети поради развојот на вулканската активност.

„Инструментите за следење на вулканските активности ја воспоставија најсилната енергетска активност вчера на пладне“ наведоа од службата за итни случаи.

Од почетокот на ерупцијата на малиот остров во Атлантикот, вулканот Кумбре Вијеха исфрли илјадници тони лава, уништи стотици куќи и принуди евакуација на речиси 6.000 луѓе, објави „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Европа

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Објавено пред

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за идниот канцелар, што ќе ја наследи Ангела Меркел. Федералната изборна комисија ја одобри кандидатурата на вкупно 54 партии, но 47 ќе излезат на гласање. Се натпреваруваат 6.211 кандидати, меѓу кои 2.024 жени.

Сепак, огромното мнозинство партии речиси и да нема шанси да го преминат изборниот праг и да влезат во идниот парламент, пишува „Еурактив“.

Се очекува главната борба да ја водат конзервативните демохристијани (ЦДУ и ЦСУ) и социјалдемократите (СПД), кои во моментов заедно формираат голема црно-црвена коалиција и опозициските Зелени. Тие три партии се единствените кои, надевајќи се на победа, официјално ги предложија своите кандидати за канцелар.

Покрај нив, во Бундестагот најверојатно ќе бидат вклучени и партии кои и во моментов имаат пратеници – либералите (ФДП), крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) и Левичарската партија.

Аналитичарите ѝ даваат одредени шанси и на партијата Слободни избирачи, која фигурира како мала партија, иако има пратеници во парламентите на неколку германски федерални провинции, а во Баварија учествува и во провинциската влада.

Сестринските партии Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и Баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) го предложија како кандидат за канцелар, премиерот на најнаселената провинција Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, социјалдемократите се одлучија за досегашниот заменик-канцелар и министер за финансии Олаф Шолц, а трет кандидат е претседателката на партијата на Зелените, Аналена Бербок.

Анкетите спроведени за време на изборната кампања даваат предност на СПД. Така, според најновото истражување на институтот за анкети „Кантар“, социјалдемократите имаат поддршка од 25 проценти од гласачите, Демохристијаните со 21 проценти и Зелените со 16 отсто.

Според анкетата која беше објавена на 23 септември, Алтернатива за Германија (АфД) има 11 проценти, Левица 7 проценти, додека Либералите (ФДП) 11 проценти.

Во последните недели, СПД во повеќе анкети се најде пред демохристијаните.

Социјалдемократите успеаја да го подобрат својот не многу висок рејтинг долги години, главно благодарение на Олаф Шолц, кој беше прогласен за победник на сите три телевизиски соочувања од тројцата кандидати.

Според резултатите од анкетите, ЦДУ и СПД би можеле да претендираат за функцијата канцелар, но не и Зелените.

За неизвесноста на изборите придонесува и фактот што на претходните анкети, голем број граѓани, значително повеќе отколку пред изборите во 2017 година, рекоа дека се неодлучни или дека нема да гласаат.

Во анкетата на „YouGov“ на 23 септември, на прашањето „дали ја донесовте конечната одлука за тоа како ќе гласате на парламентарните избори“, 74 проценти од граѓаните одговориле потврдно. 15 проценти од испитаниците се’ уште не одлучиле кога ќе гласаат, 9 проценти не одговориле, додека 1 процент од испитаниците се изјасниле дека не знаат.

Сепак, и гласачите кои знаат за кого да гласаат, не знаат со сигурност што ќе се случи со нивниот глас, бидејќи за формирање парламентарно мнозинство ќе биде потребно создавање на постизборни партиски сојузи, а постојат неколку можни сценарија за коалиција, па можни се изненадувања.

Бројот на можни коалиции е голем. За поддржувачите на Шолц или Лашет, работата е јасна – секој глас за социјалдемократите или демохристијаните го носи нивниот кандидат на чекор до позицијата канцелар.

Останува прашањето во каков сојуз би можеле да владеат Шолц или Лашет и до кој степен гласачите на Зелените или ФДП можат да бидат сигурни на која страна нивните партии ќе се свртат.

Доколку повторно не се формира големата црно-црвена коалиција на ЦДУ и СПД, што двете партии во моментов ја отфрлаат, постојат три коалиции чие формирање е најверојатно за аналитичарите.

Првата е таканаречената „семафор“ коалиција на СПД, Зелените и либералите, во која главна пречка е што либералите сепак преферираат да дојдат на власт со идеолошки поблиските демохристијани.

Коалицијата за која многумина сметаат дека има најголема шанса Армин Лашет да го донесе до функцијата канцелар, е сојуз со Зелените и либералите. За оваа коалиција, која го носи прекарот „Јамајка“ поради боите црно-зелено-жолта, најголема препрека е јазот што постои меѓу демохристијаните и Зелените во однос на буџетската и финансиската политика.

Најпосле, во предвид доаѓа и црвено-зелено-црвената коалиција на СПД, Зелените и левичарската Левичарска партија, но најголемата пречка за тоа е сериозна разлика во гледиштето за германската надворешна политика, бидејќи Левица, која за многумина во Германија е екстремна левица, бара завршување на сите германски воени мисии во странство и распуштање на НАТО.

Олаф Шолц во неколку наврати нагласи дека секое учество во влада чиј столб би биле социјалдемократите, подразбира посветеност на вредностите на НАТО и ЕУ.

Прикажи повеќе...

Европа

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Објавено пред

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата.

„Поминаа 561 ден откако ги воведовме најстрогите мерки во Норвешка во период на мир. Сега е време да се вратиме на нормалниот живот“, рече премиерката Ерна Солберг.

Мерките ќе бидат укинати во 16 часот, додаде таа.

Напуштањето на мерките за физичко растојание ќе им овозможи на спортските и културните институции да се вратат во полн капацитет, а рестораните и ноќните клубови ќе работат како претходно.

„Накратко, можеме да живееме како порано“, порача Солберг.

Најмалку една доза од вакцината против Ковид-19 примиле 76 проценти од сите Норвежани, а 67 проценти се целосно вакцинирани, според податоците на Норвешкиот институт за јавно здравје.

„Исто така, сакам да кажам: многу Ви благодарам, Норвешка“, заклучи премиерката.

Во регионот, Данска ги укина сите рестриктивни мерки на 10 септември и оттогаш бројот на заразени во таа земја постојано опаѓа – на денот на укинувањето пред две недели имаше 557, а во четвртокот 341 случај.

Данска, исто така, има високо ниво на вакцинација на населението. Вакцинирани се 86 проценти од оние над 12 години, односно 95 проценти од оние над 50 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија2 часа

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Регион7 часа

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа7 часа

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија8 часа

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија8 часа

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија1 ден

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија1 ден

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија1 ден

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа1 ден

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа1 ден

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ1 ден

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија1 ден

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија1 ден

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Свет1 ден

Поранешниот каталонски лидер уапсен на Сардинија

Водачот на каталонските сепаратисти Карлес Пучдемон беше уапсен од италијанската полиција на Сардинија, пренесува „Ројтерс“. Шпанија го обвини Пучдемон за...

Македонија1 ден

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет1 ден

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија2 дена

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет2 дена

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ2 дена

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Досие