Контакт

Европа

Италијанските безбедносни сили уапсиле речиси 100 лица во операција против мафијата

Објавено пред

Речиси 100 лица беа уапсени рано утринава во јужниот италијански регион Апулија како резултат на огромната операција против организираниот криминал, соопштија од воената полиција, италијанските карабинери, пренесува „Спутник“.

Акцијата со кодно име „Вортиче маестрале“ беше спроведена во градот Бари со заеднички напори на специјалните полициски единици и карабинерите, со координација на локалниот Директорат за истрага против мафијата. Мерките се насочени против моќниот мафијашки клан Стришуљо, кој ги контролира речиси сите криминални активности во областа Бари.

Органите за спроведување на законот испратија 96 лица во затвор, а уште тројца се ставени во домашен притвор. Сите се обвинети за вмешаност во мафијашки активности, трговија со дрога, изнуда, нанесување тешки телесни повреди, недозволено држење и носење оружје и други кривични дела. Вкупно 147 лица се приведени во рамките на случајот.

Апсењата се дел од долготрајната истрага, која детаљно ги утврдија и документираа криминалната хиерархија и методите на контрола на гангстерите во областа од 2015 година до сега. Имено, некои криминалци вклучени во овој случај добија налози за апсење во затвор, каде што веќе издржуваат казни за други кривични дела.

Европа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Објавено пред

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во ладилниците од 5 на 31 ден, со што ќе се олеснат логистичките предизвици за спроведување на вакцинацијата.

Оваа препорака се однесува само на неотворените шишенца, објаснува ЕМА.

Европскиот регулатор ја издаде својата препорака врз основа на дополнителни студии за стабилност на вакцините, поднесени од двете партнерски компании.

Американските власти во февруари одобрија складирање и транспортирање на вакцината на стандардни температури во фрижидер од 2 до 8 Целзиусови степени до две недели наместо вообичаените од минус 80 до минус 60 Целзиусови степени.

Прикажи повеќе...

Европа

„Афера Ибица“: ФПО ќе побара да му се изгласа недоверба на Курц

Објавено пред

Австрискиот парламент денеска ќе одржи вонредна седница, која требаше да биде посветена на „непослушноста“ на министерот за финансии Гернот Блимл, кој дури по повикот на австрискиот претседател Александар ван дер Белен ја проследи бараната документација до истражниот комитет, но се чини дека сè ќе биде во знак на обидот на опозицијата да му изгласа недоверба на канцеларот Себастијан Курц.

Опозицијата планираше да покрене тужба против министерот Блимел, која, имајќи ги предвид сличните случаи во минатото, има малку шанси за успех.

Во меѓувреме, се отвори „нов фронт“ за опозицијата да ја нападне владата со покренување истрага против канцеларот Курц за наводни лажни изјави пред истражниот комитет во врска со аферата Ибица. Партијата на слободата на Австрија (ФПО) има намера да поднесе барање за недоверба на Владата.

Социјалдемократската партија на Австрија (СЈО) и Неос засега нема да поддржат такво барање, иако претходно поднесоа тужба против Курц до Обвинителството за борба против корупцијата и економскиот криминал.

Меѓутоа, ако против Курц се покрене обвинение, ситуацијата ќе се промени, објавија двете опозициски партии. СЈО и Неос имаат намера најпрво да го „нападнат“ Блимл и од ФПО е најавено дека  ќе поднесат тужба против министерот.

Народната партија на канцеларот Курц во Австрија (ОВП) застана зад својот шеф и ја нападна опозицијата, пред сè СЈО и Неос, додека коалицискиот партнер Зелени беше воздржан.

Прикажи повеќе...

Европа

Австриски министер: Ердоган долева масло на оган

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, остро го критикуваше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, тврдејќи дека тој не придонесува за деескалација, туку за ескалација на насилството на Блискиот Исток.

На прес-конференција Нехамер рече дека Ердоган долева масло на оган.

Тој посочи дека веќе минатото лето имало јасни информации дека Турција влијаела врз предизвикувањето немири во 11. општина во Виена, кога се судрија припадниците на турската и курдската заедница.

Во тоа време, симпатизерите на турските Сиви волци, тврди министерот, го нападнаа курдскиот митинг против насилството врз жените, а сега Турција влијае врз демонстрациите насочени против Израел.

Покрај изјавите на Ердоган, Нехамер спомна бројни турски знамиња на антиизраелските протести во Австрија.

„Нема причина конфликтите да се пренесуваат од странство во Австрија“, рече Нехамер, додавајќи дека австриските власти ќе постапат решително против антисемитската и антиизраелската омраза на протестите.

Тој рече дека Австрија има историска одговорност кон Евреите, кои мора да имаат шанса да живеат безбедно во оваа земја.

По неколкудневни немири и конфликти во 11. општина во Виена меѓу Курдите и Турците пред речиси една година, полицијата спроведе неколку акции пред неколку дена.

Нехамер извести дека се извршени повеќе од 100 апсења и поднесени се 164 пријави, а биле проверени над 3.200 лица и додаде дека полицијата, по тие конфликти, работела на разбивање на мрежите што стојат зад тие немири.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија9 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија10 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа10 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија13 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија16 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет16 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија17 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет17 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет19 часа

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа19 часа

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет19 часа

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет20 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет20 часа

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија1 ден

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет2 дена

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија2 дена

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет2 дена

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет2 дена

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Досие