Контакт

Европа

Италија сака да ги вакцинира тинејџерите пред почетокот на учебната година

Објавено пред

Владата на Италија ги повика регионите да дадат приоритет во вакцинација на жителите на возраст од 12 до 18 години, со цел таa возрасна група да се вакцинира пред почетокот на училишната година и спортските активности во целата земја.

Специјалниот комесар на италијанската влада за Ковид-19, Франческо Паоло Фиглиуоло, ги повика регионалните гувернери да дозволат безрезервно тинејџерите да се вакцинираат.

„За да се забрза вакцинацијата кај лица на возраст од 12 до 18 години, треба да им се даде приоритет иако тие не се претходно регистрирани“, напиша Фиглиуоло додавајќи дека новата мерка треба да стапи во сила на 16 август.

20 региони се задолжени за спроведување на вакцинацијата во Италија.

Речиси 40 проценти од Италијанците на возраст под 19 години се вакцинирани со најмалку една доза, а 23 проценти целосно.

Само вакцините на „Фајзер“ и на „Модерна“ се одобрени за оваа возрасна група во Италија.

Италијанскиот премиер, Марио Драги, минатата недела вети дека училиштето ќе почне со настава во училниците во септември и донесе одлука со која наставниците мора да имаат сертификат за имунитет на коронавирусот.

Според владините податоци, до 11 август околу 66 проценти од Италијанците се вакцинирани со една доза, а 56 проценти се целосно вакцинирани.

Европа

(Видео) По шлаканицата, Макрон го гаѓаа со јајце

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон е погоден со јајце за време на посетата на Меѓународниот саем за хотели во градот Лион.

Kaко што може да се види на видеото, кон него е фрлено јајце додека придружуван од обезбедувањето врши обиколка на саемот.

Лицето кое го фрлило јајцето кон Макрон извикало „Да живее револуцијата“, а потоа било приведено, пишуваат француските медиуми, а дел од нив наведуваат дека јајцето било тврдо варено.

„Ако има нешто да ми каже нека дојде, коментираше шефот на државата, барајќи да го донесат кај него.

На макрон 8 јуни му беше удрена шлаканица од страна на еден човек. Два дена по инцидентот, лицето беше осудено на четири месеци затвор. Тој беше ослободен од затвор на 21 септември.

Прикажи повеќе...

Европа

Курц со воздржана реакција за исходот од изборите во Германија

Објавено пред

Австрискиот канцелар Себастијан Курц одбегнал да го коментира историскиот дебакл на сестринските ЦДУ/ЦСУ на парламентарните избори во Германија, а ниту му ја честитал победата на изборите на канцеларскиот кандидат на СПД, Олаф Шолц.

Како што пренесуваат австриските медиуми, реакцијата на Курц во однос на ова прашање била воздржана.

„Исходот од изборите во Германија остава можност за разни констелации, а во наредните недели ќе се покаже кој ќе го постави канцеларот“, изјавил Курц за агенцијата АПА.

Прикажи повеќе...

Европа

Холандските весници информираат дека му е загрозена безбедноста на премиерот Марк Руте

Објавено пред

Холандија ги засили безбедносните мерки во однос на премиерот Марк Руте кога полицијата добила извештај за можен напад од криминалци поврзани со трговија со дрога, објави денеска холандскиот дневниот печат.

Иако вооруженото насилство е реткост во Холандија, насилството поврзано со трговијата со дрога стана вообичаено во последните години, пренесува „Ројтерс“.

Неименуван владин извор го потврдил пишувањето на дневниот весник „Де Телеграф“.

Холандските безбедносни служби одбиле да ги коментираат овие наводи.

Премиерот Марк Руте, запрашан за извештајот, изјави дека безбедноста и заштитата се прашања за кои никогаш не треба да се зборува јавно.

Според „Ројтерс“, премиерот често може да се забележи како вози велосипед од својата куќа до владините згради во Хаг, а честопати му се обраќаат минувачи, кои сакаат да направат селфи со него или да поразговараат.

Во последните месеци неколку лица во земјата беа казнети или осудени на кратки затворски казни поради закани кон министри и пратеници.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија12 часа

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа15 часа

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија15 часа

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија16 часа

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија16 часа

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа17 часа

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет20 часа

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија21 час

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија22 часа

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ1 ден

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион2 дена

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија2 дена

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција обвини дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери, а случајот го...

Македонија2 дена

(Видео) Заев се попиша: „Конечно ќе добиеме релевантни податоци за креирање на реални политики“

Претседателот на Владата, Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска...

Европа2 дена

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија2 дена

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија2 дена

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија3 дена

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа3 дена

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Досие