Контакт

Европа

И покрај ковид-мерките околу 25.000 млади луѓе се собраа на голема забава на отворено во Шпанија

Објавено пред

Околу 25.000 млади луѓе се собраа на голема прослава на отворено за да го означат почетокот на студентската година и покрај забраната за одржување вакви настани, соопшти полицијата.

Снимките на социјалните мрежи покажаа како учесниците танцуваат и пијат алкохол во петокот во просторите помеѓу зградите на кампусот Сиудад Универзитарија во Мадрид, објавија шпанските списанија.

Слична прослава, со 8.000 учесници се одржа во кампусот на автономниот универзитет во Барселона.

Младите со ваков голем собир го прославија почетокот на зимскиот семестар.

Прославите на отворено со многу алкохол, наречени „ботелони“ во Шпанија, се забранети, а пиењето алкохол во јавност може да заврши со парични казни.

Во Шпанија, ноќниот живот се уште е под ограничувања поради пандемијата од Ковид-19.

Мадридската полиција соопшти дека нема доволно членови за да ја растера толпата, така што последните учесници во забавата не го напуштија местото до саботата наутро.

Единаесет тинејџери беа медицински третирани поради труење со алкохол.

„Додека колеџите се обидуваат да воспостават безбедносни мерки за да ја вратат наставата во живо на универзитетите, во исто време се одржуваат масовни забави во паралелен свет“, се пожали професорот Хесус Перез Гил на Твитер.

Ситуацијата со коронавирус во Шпанија сега е релативно стабилна со мал број на нови инфекции, ситуацијата во болниците се смирува а вакцинацијата напредува.

Европа

Лукашенко: Не увезуваме вакцини од Западот, руските и кинеските се подобри

Објавено пред

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави дека не гледа причина да увезува вакцини против коронавирусот од западните земји бидејќи кинеските и руските што се користат во неговата земја се подобри.

Тој додаде дека Белорусија, покрај тоа, веќе произведува вакцини со помош на руска технологија и дека во иднина ќе се појави белоруски лек против Ковид-19, пренесуваат руските агенции.

Во Белорусија се користи кинеската вакцина на „Синофарм“, како и руските „спутник В“ и „спутник лајт“.

Како што беше претходно најавено, експерти од Белорусија до крајот на годинава ќе добијат пробни дози од вакцината развиена во таа земја, а првите комерцијални дози се најавени за в година.

Според податоците на Министерството за здравство, прва доза од вакцината досега примиле повеќе од 2,7 милиона Белоруси, а повеќе од 2,02 милиона од вкупно 9,35 милиони жители се целосно имунизирани.

Прикажи повеќе...

Европа

Брод со мигранти потона кај грчки остров, неколкумина се водат како исчезнати

Објавено пред

Дваесет мигранти се спасени, а неколкумина се сметаат за исчезнати при потонување брод во водите кај грчкиот остров Хиос, недалеку од Турција, соопшти грчката крајбрежна стража.

Спасените мигранти изјавија дека на бродот имало 27 лица, се наведува во соопштението на крајбрежната стража, која им пристигнала на помош во тешки временски услови, со поддршка од брод на НАТО, два хеликоптера и неколку бродови. Хиос е оддалечен седум километри од турскиот брег.

Според УНХЦР, повеќе од 2.500 луѓе го преминале Егејското Море од Турција оваа година наспроти 9.700 лица минатата година, кога повеќе од 100 луѓе загинаа или исчезнаа.

Прикажи повеќе...

Европа

Кримските артефакти да ѝ бидат вратени на Украина, одлучи холандскиот Апелациски суд

Објавено пред

Холандскиот Апелациски суд денеска донесе одлука за случајот со кримските уметнички дела од голема вредност и пресуди тие да ѝ бидат вратени на Украина.

Станува збор за дела шото биле изложени во Холандија кога Русија го анектира полуостровот Крим во 2014 година.

Меѓу артефактите се и скитски свечен шлем направен од чисто злато од 4 век пр. н.е. и златен украс за вратот од 2 век од нашата ера, при што секој артефакт тежи повеќе од еден килограм.

Станува збор за предмети што биле изложени во музејот „Алард Пирсон“ во Амстердам во 2014 година во времето кога Русија го присвои Крим.

Четири музеи од Крим побараа колекцијата да се врати, но Украина тврдеше дека е нејзина државна сопственост.

Судот во 2016 година донесе одлука водејќи се од правилото на УНЕСКО дека уметничките дела треба да им се вратат на суверените држави, а бидејќи Крим не е суверена држава, Украина треба да одлучи каде ќе се вратат делата по што Русија поднесе жалба на таа пресуда.

Апелацискиот суд делумно ја промени одлуката на понискиот суд во 2019 година наоѓајќи дека тој погрешно пресудил оти само владите може да прогласуваат предмети за културно наследство.

Универзитетот во Амстердам, сопственик на музејот „Алард Пирсон“, најави дека музејот ќе продолжи да ги чува предметите додека не се решат процедурите за сите жалби.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во период од 15 до 21 октомври, починале 124 пациенти со Ковид 19, од нив над 78% биле невакцинирани. Од...

Македонија1 час

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија3 часа

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Македонија3 часа

Кај нас има 400 Авганистанци со привремен претстој, седуммина заминаа во Португалија

Северна Македонија во моментот им дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан, информираат од Владата. Oд таму додаваат дека Авганистанците...

Македонија5 часа

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето во Скопје даваат резултати

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа е...

Македонија5 часа

Зимското сметање на времето почнува в недела, вечерта пред локалните избори

Зимското сметање на времето почнува в недела на 31 октомври во 3 часот по полноќ со поместување на времето за...

Свет6 часа

(Видео) Двајца загинаа, а четворица повредени во пукање во трговски центар во САД

Две лица загинаа, а четворица, од кои еден полицаец, се повредени во пукотница во трговски центар во градот Бојси, во...

Македонија7 часа

Во моментот активни над 6.100 случаи на коронавирус во Македонија

Бројот на заразени од коронавирус изнесува 6.187 лица и бележи зголемување во однос на претходната недела. Според епидемиолошки анализи во...

Свет7 часа

ЕМА ја одобри вакцината на „Модерна“ како трета доза

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината на „Модерна“ против Ковид-19 како трета доза за лица над 18 години....

Регион22 часа

Рама: Ако Западен Балкан не може во ЕУ, нека дојде ЕУ на Балканот

Влезот на Западен Балкан во Европската Унија се чини дека е привремено замрзнат, но ако регионот не може да се...

Македонија23 часа

11 починати лица, 135 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.514 тестирања,...

Македонија1 ден

Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород, сведочи семејството на 22-годишникот што почина од корона

Семејството на 22-годишното момче од Битола, кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство,...

Свет1 ден

ОН: Толку високо ниво на јаглероден диоксид на Земјата имало пред дури 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН. Концентрацијата на јаглероден...

Македонија1 ден

Антикорупциската сѐ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата што учествувале во детаљниот...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна незгода во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете

Две малолетни деца се повредени во сообраќајната несреќа во Битола што се случи помеѓу автомобил и мопед. Едното од децата...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачки: Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање граѓани за изборната кампања. Од партијата објавија докази дека група...

Свет1 ден

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Свет1 ден

Колумбискиот наркобос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен наркобос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со...

Свет1 ден

Тедрос: Пандемијата нема да се доведе до крај додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрјесус, изјави дека пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена. „Ги имаме...

Регион2 дена

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добија писма со смртна закана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт за нему и неговото семејство, а слична закана добил и...

Досие