Контакт

Европа

Качински: ЕУ треба да стане нуклеарна велесила

Објавено пред

 

Лидерот на полската владејачка партија на Правото и Правдата, Јарослав Качински изјавил дека ЕУ треба да стане нуклеарна велесила, поради тоа што смета оти Унијата не би требало да се „потпира на нуклеарниот чадор на САД“, пренесуваат светските агенции.

 

„Би го поддржал ова доколку би имало сериозен предлог и со задоволство би го прифатил. Европа би станала суперсила. Меѓутоа, не би биле доволно една или две нуклеарни подморници“, изјавил Качински во интервју за германскиот весник FAZ.

 

Оценувајќи ги првите потези на американскиот претседател Доналд Трамп, кои меѓу другото предизвикаа стравувања дека САД би можеле да престанат со антинуклеарниот чадор да ги штитат европскит сојузници, Качински рекол дека „некои одлуки на Трамп не се јасни“.

 

„Трамп сепак има една предност – не се меша во внатрешните работи на другите дражви“, рекол Качински, жестоко критикувајќи ја ЕУ поради таквото мешање. Според Качински, кој формално е обичен пратеник но како лидер на владејачката партија реално има поголема моќ од премиерот и претседателот на Полска, ЕУ мора да изврши радикални реформи за да се намали нејзината наделжност и ЕК да не се меша во внатрешните работи на земјите членки.

 

„Нашиот Уставен суд е само наша работа. Поради доминацијата на левичарските идеји во ЕУ секој кој не ги дели станува сомнителен“, рекол Качински. Лидерот на партијата на Правото и Правдата истакнал дека ЕУ мора да се бори против моноцентризмот бидејќи од тоа корист има само Германија и никој друг, особено вопоглед на досегашните политики за отворени врати за бегалците од Блискиот Исток и Африка.

 

„Христијанството има принцип првенствено да се грижи за сопственото семејство, својата заедница и својот народ. Постои и обичен реалистичен пристап. На светот веројатно живеат околу милијарда луѓе чија судбина би била подобра доколку би дошле во Европа или Америка. Меѓутоа тоа би значело ликвидација на цивилизациата втемелена во христијанството, која е најдобра за човекот, меѓу цивилизациите кои се појавија во историјата“, рекол Качински./крај/мф/бс

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Русите погодија минибус во Херсон, со дрон нападнаа 70-годишник на велосипед

Објавено пред

Двајца мажи беа ранети во руски напади во регионот Херсон утрово, а во самиот Херсон беше погоден минибус за јавен превоз.

Руските сили го гранатираа Новораиск, село во близина на Херсон, со повеќе ракетни фрлачи околу 6 часот наутро. 63-годишен маж претрпел рани од шрапнели на ногата, потрес на мозокот, повреди од експлозија и затворена повреда на главата. Тој беше однесен во болница, каде што лекарите ја оценија неговата состојба како умерено сериозна.

Околу триесет минути подоцна, во близина на Инженерне, село во близина на Херсон, руските сили нападнаа со дрон 70-годишен маж кој возел велосипед. Човекот претрпел рани од експлозија и рани од шрапнели на екстремитетите. Му беше укажана медицинска помош и се во тек понатамошни тестови.

Минибус погоден во Херсон
Околу 7 часот наутро, руските сили нападнаа возило за јавен превоз во округот Днепровски во градот Херсон. Јарослав Шанко, началник на воената администрација на градот Херсон, изјави: „Овој пат приватен минибус беше цел на непријателски оган. Според првичните информации, ниту возачот ниту патниците не се повредени.“

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Орбан го даде првото интервју по изборите: „Јас сум виновен за поразот“

Објавено пред

Виктор Орбан го даде своето прво интервју по изборниот пораз на Фидес, признавајќи дека на партијата ѝ е потребен целосен ремонт и дека тој, како нејзин лидер, ја сноси одговорноста.

Во интервју емитувано во четврток вечерта, унгарскиот премиер во заминување објави дека политичката ера завршила и дека доаѓа реорганизација што ќе биде завршена до крајот на летото.

По изборите на 12 април, Орбан се огласи само на Фејсбук, велејќи дека повеќе од два милиони гласови овој пат се доволни за „чесен пораз“, објавува Telex.hu.

Орбан го опиша поразот како голем, а неговите последици како такви што нема да биде доволно да се променат само една или две позиции. „Потребна е целосна обнова бидејќи политичката ера заврши, мислам дека тоа е видливо и емоционално и во бројките. Десничарската заедница не може да продолжи да живее како порано“, рече тој.

Според него, целата национална опција има потреба од обнова, а ќе се појават многу нови движења. „Фидес и раководството на Фидес мора јасно да стават до знаење, вклучително и мене, дека сме тука и дека може да се смета на нас“, рече тој, додавајќи дека во наредните недели ќе се сретне со активисти и волонтери во изборните единици и ќе предложи свикување изборен конгрес на партијата.

Зборувајќи за изборната ноќ, Орбан рече дека видел дека ќе има проблеми дури и по првите резултати. Кампањата се темелела на претпоставката за нормална излезност, но таа била значително поголема.

„Видов дека е проблем и поминав низ тој емотивен ролеркостер во кој сите сме од тогаш“, рече тој, опишувајќи ги своите чувства. „Во недела, само болка, во понеделник, празнина, а од тогаш сум на работна терапија“.

И покрај поразот, тој им рече на гласачите на Фидес дека добро гласале и дека имаат причина да бидат горди на достигнувањата на владата. „Мора да го поднесете поразот со достоинство. Тоа е тест на силата“, смета Орбан.

Кога директно го прашаа кој е одговорен за поразот, Орбан одговорил: „Јас. Јас сум претседател на партијата“. Тој објасни дека во партијата има одговорност за намерата, но дека тој е исклучок како лидер бидејќи е одговорен за резултатот. Призна дека самиот бил во шок и дека сè уште нема одговор зошто не можел поубедливо да ги презентира пораките на Фидес.

„Не кажав нешто како што треба, бидејќи вториот предлог доби многу повеќе гласови“, рече тој. Да го знаеше конечниот исход, ќе водеше поинаква кампања, но тврди дека неговата порака „дошла од срце“ и дека „искрено разговарал со сите за ситуацијата во земјата“.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија се заканува со акција против четири членки на НАТО

Објавено пред

Секретарот на рускиот совет Сергеј Шојгу ги предупреди Финска, Естонија, Латвија и Литванија дека Москва го задржува правото на она што го нарече „самоодбрана“ доколку украинските беспилотни летала ја нападнат Русија користејќи го нивниот воздушен простор.

Коментарите следеа по посебно предупредување издадено од Москва еден ден претходно, во кое се вели дека европската поддршка за украинските беспилотни летала може да доведе до „непредвидени последици“, објави „Киев Индепендент“.

Обвинувањата на Шојгу
Шојгу, кој беше министер за одбрана на Русија на почетокот на целосната инвазија во 2022 година, обвини неколку земји дека стануваат дел од „стратешката позадина“ на Киев. Тој се осврна на инцидентите во кои беспилотни летала се урнаа во Финска и балтичките држави за време на украинските напади врз Уст-Луга, големо руско пристаниште во Финскиот Залив.

Без да даде докази, Шојгу тврдеше дека украинските напади со беспилотни летала врз Русија сè повеќе се лансираат од воздушниот простор на Финска и балтичките држави.

„Ова може да се објасни на два начина: или западните системи за воздушна одбрана се исклучително неефикасни… или тие земји намерно дозволуваат користење на нивниот воздушен простор, што значи дека се активни учесници во агресијата против Русија“, рече тој.

„Во тој случај, според меѓународното право, стапува на сила член 51 од Повелбата на ОН, кој се однесува на неотуѓивото право на државите на самоодбрана во случај на вооружен напад.“

Од друга страна, украинскиот заменик-министер за надворешни работи Андриј Сибига претходно изјави дека Киев има разузнавачки информации кои укажуваат дека Русија намерно ги пренасочува беспилотните летала кон балтичките држави и Финска за да поттикне тензии.

Балтичките држави ги отфрлија сличните обвинувања што доаѓаат од руските пропагандни медиуми, нарекувајќи ги тврдењата на Москва лажни и негирајќи дека Украина го користела нивниот воздушен простор за напади.

Русија постојано им се заканува на европските земји од почетокот на нејзината целосна инвазија. Полскиот премиер Доналд Туск и други високи европски претставници претходно предупредија дека Москва би можела да биде подготвена за можен воен конфликт со Европа до 2027 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт9 часа

Френк Лампард по 25 години го врати Ковентри во Премиер лигата

Ковентри се врати во Премиер лигата по 25 години чекање. Освоениот бод во драматичната завршница на гостувањето кај Блекбурн Роверс,...

Спорт9 часа

(Видео) Интер сигурно чекори кон шампионската титула

Фудбалерите на Интер го победија Каљари на домашен терен со 3:0, во 33-то коло од Серија А. Од самиот почеток,...

Спорт10 часа

Почина легендарниот Оскар Шмит

Тажна вест, доцна во петокот, пристигна од Бразил. Оскар Шмит, еден од најголемите стрелци во историјата на кошарката, почина на...

Спорт10 часа

Заврши регуларната сезона во Евролигата

Вечерва заврши регуларниот дел од сезоната во кошаркарската Евролига. Шест екипи директно изборија место во четвртфиналето, а четири ќе разигурваат...

Спорт10 часа

Вардар 1961 лесно се справи со Алкалоид, ќе го брани трофејот во Купот

Ракометаерите на Вардар 1961, в недела ќе се борат за 18-от пехар во Купот на Македонија. На Завршниот турнир во...

Свет11 часа

Трамп: Ќе го земеме збогатениот ураниум од Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе соработуваат со Иран за собирање на збогатениот ураниум и да го вратат...

Свет11 часа

Зеленски: Русија повторно се обидува да ја вовлече Белорусија во својата војна

Белорусија гради патишта што водат до украинската граница и поставува артилериски позиции во близина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако...

Свет11 часа

Стармер: Повеќе од 10 земји се подготвени да издвојат средства за мисијата во Ормускиот теснец

Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека повеќе од 10 земји се подготвени да придонесат со средства за одбранбената мисија,...

Свет11 часа

Ирански медиуми: Изјавата на иранскиот министер за отворањето на Ормускиот теснец е „лоша и нецелосна“

Изјавата на иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, дека по прекинот на огнот во Либан, преминот за сите комерцијални...