Европа
Кина: Американските тврдења дека Русија побарала од нас воена помош се дезинформации

Кинеското Министерство за надворешни работи ја отфрли како дезинформација изјавата на американските функционери дека Москва му се обратила на Пекинг за помош во воена опрема за да ја продолжи инвазијата на Украина. Кина ги отфрли таквите тврдења на САД за време на редовниот брифинг за новинарите во Пекинг.
Русија побарала воена опрема од Кина по нејзината инвазија на Украина на 24 февруари, објавија во неделата некои светски медиуми цитирајќи американски официјални претставници.
Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, кој во понеделникот се состана со највисокиот кинески дипломат Јанг Јиечи во Рим, рече дека Пекинг апсолутно ќе ги сноси последиците доколку ѝ помогне на Москва да ги избегне западните санкции наметнати поради руската агресија врз Украина.
Русија и Кина ја зајакнаа соработката бидејќи се под силен притисок на Западот за човековите права и низа други прашања. Пекинг не го осуди рускиот напад и не го нарекува инвазија, туку повика на решение преку преговори. „Вашингтон пост“ наведува дека неидентификувани американски функционери не го прецизирале типот на оружјето што се бара или како Кина реагирала.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кличко: Главна цел на Русија останува освојувањето на Киев

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, им се обрати на собраните на Светскиот економски форум (СЕФ), кој се одржува во Давос, Швајцарија.
Тој рече дека Русија сè уште се надева оти ќе го преземе главниот град на Украина.
„Јасно е дека не станува збор за специјална воена операција, како што тврди Русија, туку за војна, една од најголемите по Втората светска војна. Илјадници луѓе загинаа, меѓу кои и многу деца, а на истокот на земјата се води голема битка“, рече Кличко.
Тој рече дека не е тајна оти окупацијата на цела Украина и понатаму е приоритет на Русија, „а нејзината главна цел е главниот град, срцето на земјата“, додавајќи дека „целиот свет виде докази за воени злосторства преку сателитските снимки на Буча“.
„Сите разбираат дека ова не е специјална операција, туку геноцид врз украинскиот народ“, рече Кличко мислејќи на човечкото страдање во Украина, пренесуваат медиумите.
Европа
Украина: Двајца руски војници се изјаснија за виновни за воени злосторства

Двајца руски војници, кои беа заробени од украинските сили, денеска, за време на второто судење за воени злосторства во војната во Украина, ја признаа вината за гранатирањето на град во источниот дел на таа земја.
За време на судењето во Окружниот суд во Котелевск во централна Украина, државните обвинители побараа казна од 12 години затвор за Александар Бобикин и Александар Иванов за, како што наведоа, кршење на законот за војна, пренесува „Ројтерс“.
Бобикин и Иванов признаа дека биле дел од артилериска единица, која од областа Белгород во Русија гаѓала цели во областа Харков.
Европа
Шолц: Русија нема да победи во војната во Украина, ниту ќе ги диктира условите за мир

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Русија нема да победи во војната во Украина и посочи дека Москва не смее да ги диктира условите за каков било мир.
„Путин сериозно ќе преговара за мир само ако сфати дека не може да ја пробие одбраната на Украина“, рече Шолц во говорот на Светскиот економски форум во Давос, пренесува „Ројтерс“.