Контакт

Европа

Конзервативците сакаат да ја сменат Тереза Меј

Објавено пред

Речиси 50 конзервативни пратеници, кои се противат на планот на брегзит на британската премиерка Тереза Меј, се состанаа за да разговараат за тоа како и кога може да ја принудат премиерката да се повлече од канцеларијата, објави Би-би-си денес.

Пратениците членови на Европската истражувачка група (ЕРГ), анти-ЕУ група во Конзервативната партија на Тереза Меј, се состанаа минатата ноќ за да разговараат за иднината на премиерката како лидер на партијата, пренесува Би-би-си повикувајќи се на неименуван извор, според „Ројтерс“.

Некои пратеници на состанокот рекоа дека веќе доставиле писма за гласање недоверба на Меј.

Според правилата на конзервативците, изборите за лидер може да почнат ако 15 отсто од пратениците на таа партија бараат гласање недоверба.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Ердоган кон крајот на седмицата во Германија, Меркел нема да присуствува на вечерата во негова чест

Објавено пред

Од

Повеќе германски водечки политичари, меѓу кои и канцеларката Ангела Меркел, одбија да присуствуваат на свечената вечера во чест на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој кон крајот на неделата ќе престојува во официјална посета на Германија.

„Присуството на канцеларката на вечерите кои ги организира претседателот не е правило“, потврдија од канцеларијата на германскиот претседател, по пишувањето на неделникот „Шпигел“ дека канцеларката нема да присуствува на вечерата в петок, што ја организира германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер.

Понатаму се наведува дека канцеларката само понекогаш присуствува на свеченостите во претседателската резиденција, последен пат за време на посетата на британската кралица Елизабета во Берлин, во 2015 година.

Своето присуство на свеченоста во резиденцијата на германскиот претседател, ја откажаа и други лидери на политичките партии во земјата.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Шведскиот Парламент изгласа недоверба на Ловен

Објавено пред

Од

Шведскиот Парламент денеска му изгласа недоверба на Стефан Ловен.

Од вкупно 349 пратеници, 204 гласаа против Ловен како премиер на новата влада.

Претседателот на Собранието, Андреас Норлен, сега ќе побара од лидерите на другите партии да се обидат да формираат влада, објави „Локал”.

На изборите на 9 септември, централно-левичарскиот и централно-десничарскиот блок постигнаа приближен резултат, односно никој нема доволно мнозинство за да формира влада.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Рускиот суд определи нови 20 дена затвор за Навални

Објавено пред

Од

Рускиот суд го осуди лидерот на опозицијата, Алексеј Навални на уште 20 дена во затвор, откако вчера беше повторно уапсен.

Навални вчера во раните утрински часови беше пуштен од затовр по истекувањето на 30-дневната затворска казна и веднаш повторно беше уапсен пред канцелариите на единиците за притвор, соопшти вчера неговата портпаролка.

Тој е обвинет за кршење на законот за протести, наведува агенцијата „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Виница Виница
Македонија19 минути

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредниве денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори кои произведуваат, подготвуваат...

Свет37 минути

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет52 минути

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ53 минути

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Свет5 часа

НАСА откри две нови далечни планети

Орбиталниот телескоп на НАСА, кој е во потрага по нови светови надвор од Сончевиот систем, открил две нови далечни планети...

Спорт13 часа

Модриќ е „кралот“ на светот

Лука Модриќ очекувано е избран за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА, комплетирајќи ја неверојатната година во која со Реал...

Македонија19 часа

„Најди некој со сила од Унијата на жени, некој непознат“, Јанакиески вртел телефони за да бара противкандидат за градоначалник

На продолжението од судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство, познат со кодното име „Титаник“, во доказната постапка се репродуцираат...

Македонија20 часа

(Вознемирувачки фотографии) Смртоносни отрови расфрлани во повеќе градови, реагира „Анима мунди“

Исклучително силни смртоносни отрови се расфрлани во повеќе градови и села во целата држава – Валандово, Велес, Охрид, Куманово, Тетово,...

Македонија20 часа

Поднесено обвинение против Васе Доневски за скандалот со „Секјуриком“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички...

Македонија20 часа

Димитров: Со четири амандмани ќе се менува Уставот, сè уште не се напишани, ниту преговарани

Уставите андамани не се напишани, ниту преговарани, нив ќе ги дефинира Собранието со двотретинско мнозинство, порача министерот за надворешни работи,...

Виница Виница
Македонија21 час

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Вчера, во текот на ноќта, дури 120 лица побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница кога почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија22 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет24 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија24 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ1 ден

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести1 ден

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа1 ден

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет1 ден

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија2 дена

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура2 дена

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Досие