Европа
Лепен ги обвини медиумите дека водат кампања во полза на Макрон

Кандидатката на крајната десница Народен фронт (FN) на претстојните избори за претседател на Франција, Марин Лепен ги критикуваше во неделата медиумите и ги обвини дека водат хистерична кампања во полза на нејзиниот противник Емануел Макрон, кој според анкетите опасно ѝ се приближил.
„Сакам да им порачам на Французите да внимаваат да не им ги украдат овие избори“, изјави претседателката на Националниот фронт, Марин Лепен, на предизборниот собир во Нант каде што според процените на AFP се собрале околу 3.500 нејзини приврзаници.
„На овие избори медиумите ја избраа неговата страна и хистерично водат кампања во полза на нивниот штитеник, поранешниот министер за економија Емануел Макрон“, обвини Лепен, а медиумите забележуваат дека тоа личи на нападите врз медиумите од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, кој инаку таа го поддржуваше во кампањата.
„Се гордеат со моралот, сметаат дека ги анализираат фактите и потоа плачат кога народот не им верува и се свртува кон интернетот за да се информира“, истакна Лепен.
Особено го нападна бизнисменот Пјер Берже, кој е левичарски насочен и е еден од поголемите сопственици на весникот Le Monde, којшто според Лепен „својот весник целосно го става во служба на Макрон со што Le Mondе станува воено оружје против кандидатот на народот кој јас го олицетворувам“.
Лепен не го поштеди од критики ниту својот противник од конзервативната ориентација, Франсоа Фијон поранешен премиер во владата на поранешниот претседател Николас Сакози, но сепак најостро го нападна Макрон, кој според анкетите на медиумите кои ги посочи таа значително напредувал, иако претходно седмицата беше објавено дека го загубил водството пред Макрон.
Според две истражувања на јавното мнение објавени во неделата, 39-годишниот Макрон кој во среда ја доби поддршката од политичарот од центарот Франсоа Бејру, се приближил со 25 отсто поддршка на Лепен која и натаму е фаворите за првиот круг со 27 отсто . Фијон сега е повторно на третото место со 19 или 20 отсто од гласовите.
Но, бидејќи традиционално левицата, центристите и конзервативците се сојузуваат против Националниот фронт, анкетите покажуваат дека во вториот круг на 7-ми мај Лепен има шанси од 39 отсто, наспроти Макрон со 61 отсто, што сепак е помалку отколку 63 наспроти 37 отсто во полза на Макрон, според анкетата од објавена по првата седмица во февруари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ сака да формира специјален суд за руските злосторства

Првиот чекор во борбата против неказнивоста за злосторствата извршени во руската агресија врз Украина би можело да биде формирање на обвинителство кое ќе собира докази, изјави комесарот за правда на Европската комисија Дидие Рејндерс.
„Првиот чекор може да биде формирање на специјален суд кое ќе собира докази“, рече Рејндерс денеска пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за правда во Стокхолм, каде што една од главните теми е како да се осигура дека воените злосторства во Украина се да не остане неказнето.
Канцеларијата на специјалниот суд би била лоцирана во Хаг, во седиштето на Европравда, агенција на ЕУ за судска соработка во кривичните прашања. Рејндер вели дека може брзо да се воспостави.
Европската унија се залага за формирање на специјален суд за руските злосторства во Украина, а во очекување на собирање критична маса на поддршка во меѓународната заедница, сака да започне со собирање докази.
На крајот на ноември минатата година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи формирање на специјализиран суд со поддршка на Обединетите нации, кој ќе суди за руските злосторства.
„Русија мора да плати за своите ужасни злосторства, вклучително и злосторствата за агресија врз суверена држава“, рече Фон дер Лајен.
На маса има две опции – едната е формирање на ад хок меѓународен суд, како Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, а другата е таканаречената хибридна опција, каде што национален суд, најверојатно украински, но со меѓународни судии, би суделе за злосторства од руска агресија,пренесе Индекс.хр.
Европа
Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени сектори на руската економија.
„Тие во моментот се состојат од широк спектар на секторски мерки, вклучувајќи ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки. Тие исто така ја покриваат забраната за увоз или трансфер на морска сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, де-SWIFT на неколку руски банки и суспензија на радиодифузни активности и лиценци за неколку места за дезинформации поддржани од Кремљ“, велат од ЕУ.
Овие санкции првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските акции во Украина, а потоа беа проширени во февруари 2022 година по руската воена агресија врз Украина.
Европа
Путин: Злосторствата на неонацистите во Украина покажуваат дека ги заборавиле лекциите од историјата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека злосторствата извршени од неонацистите врз цивилите во Украина покажуваат дека тие ги заборавиле лекциите од историјата.
Путин посочи дека заборавањето на лекциите од историјата води до повторување ужасни трагедии и како доказ з тоаа ги наведе злосторствата против цивилите и етничкото чистење извршено од неонацистите во Украина.
„Против ова зло нашите војници сега се борат херојски, рамо до рамо“, рече Путин во телеграмата упатена до организаторите и учесниците на настаните посветени на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот и 78-годишнината од ослободувањето на затворениците од концентрациониот логор Аушвиц од страна на Црвената армија.