Европа
Лепен од Москва повика на соработка со Русија против тероризмот
Кандидатката на партијата од крајната десница Национален фронт на француските претседателски избори Марин Лепен за зазема во петокот во Москва за приближувањето на Франција и Русија во борбата против тероризмот.
Марин Лепен, којашто е фаворит според анкетите во првиот изборен круг на 23-ти април, во петокот се сретна со претседателот на руската Дума, Вјачелсав Володин, Лепен е воопшто наклонета на поблиски односи со Русија, а нејзината посета на Москва, којашто беше најавена во последен миг, предизвика низа прашања по обвинувањата за наводната руска вмешаност во ланските претседателски избори во САД.
„Приврзаник сум на развојот на односите со Русија во рамките на долгата историја која ги поврзува нашите две земји. Се заземав на сите инстанци за соработка меѓу нашите нации во борбата против тероризмот“, изјави Лепен пред почетокот на разговорите, истакнувајќи ја улогата на Русија во Сирија, каде што е сојузник на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Марин Лепен повеќепати престојуваше во Русија и тамошните медиуми ѝ се наклонети. Таа е една од европските политичари кои се залагаат за зближување со рускиот претседател Владимир Путин, и го одобруваат присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Руската Федерација од март 2014 година по тамошниот референдум, што официјално на Западот се гледа како на нелегално руско анектирање на украинска територија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
