Европа
Лидерите на ЕУ одлучуваат кој ќе го води Европскиот совет во следниот период

Германската канцеларка Ангела Меркел во четврток ќе се заложи за останувањето на актуелниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск на неговата функција, и покрај противењето на неговата татковина Полска, пренесуваат светските агенции.
Лидерите на 28-те членки на ЕУ на самитот кој започнува во четврток треба да одлучат кој во следните две ипол години ќе биде претседател на Европскиот совет.
Полската влада предложи Туск да биде заменет од страна на помалку познатиот член на Европскиот парламент, Јацек Сарјуш Волски.
Дипломатите, пак, трврдат дека Варшава не може да смета да смета на силна поддршка кај останатите земји членки, за разлика од Туск. Во пресрет на самитот Меркел оценила дека повторниот избор на Туск би значел „знак на стабилност во целата ЕУ“, јавува АР./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Девојче спасено од урнатините, го загуби целото семејство во земјотресот

На социјалните мрежи кружи видео од девојче што го загуби целото семејство во разорниот земјотрес во Сирија.
Информации за неа објави News Core India, каде што се наведува дека вчера во текот на денот била извлечена од урнатините во Сирија – земјата, која, покрај Турција, беше најтешко погодена од серијата земјотреси.
This girl's entire family was #killed in the #Syria #earthquake and she was left under the rubble, her face has become very painful.#Turkey #TurkeyEarthquake #Turqui#syriaearthquake #Syrie #PrayForTurkey #deprem #hataydepremi #Kahramanmarasafad#TurkeyQuake #Turquia #Hatay pic.twitter.com/qI7J1E1HdZ
— News Core India (@NewsCoreIndia) February 7, 2023
Според локалните медиуми, таа останала без семејството откога ѝ починале родителите. Таа сега е во засолниште и нејзината судбина е неизвесна.
Последните податоци покажуваат дека над 5.000 лица загинале во Турција и Сирија по серијата силни земјотреси. Спасувачите сè уште работат на расчистување на урнатините и спасување на луѓето, но временските услови го отежнуваат процесот.
Земјотресите оставија илјадници луѓе без покрив над главата, а цели станбени блокови беа срамнети со земја. Според последните процени, од вчера до денеска турската почва се тресела дури 450 пати, а дури 31 земјотрес биле посилни од пет степени според Рихтеровата скала.
Последните земјотреси се случија утрово – првиот беше со интензитет од 5,6 степени, а вториот што се случи околу 8.50 часот беше 5,7 степени според Рихтеровата скала.
Европа
Зеленски патува за Брисел, в четврток ќе учествува на самитот на лидерите на ЕУ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски в четврток ќе дојде во Брисел за да учествува на вонредниот самит на лидерите на Унијата, објавија денеска европските медиуми.
Европските институции од безбедносни причини сè уште ја немаат потврдено точната програма на посетата, но се очекува на самитот да присуствува и Зеленски.
Има најави дека Зеленски ќе зборува и во Европскиот парламент, но официјална потврда нема.
Портпаролот на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, во понеделникот за новинарите изјави дека постои отворена покана до претседателот Зеленски да го посети Брисел.
Тој синоќа за агенцијата АФП додаде дека Мишел го поканил Зеленски лично да учествува на идниот самит на Унијата.
Украинскиот претседател го посети Вашингтон во декември и тоа беше негово прво патување во странство.
Европа
„Не е прашање дали ќе има земјотрес, туку кога“

Јосип Аталиќ, градежен инженер и координатор во Хрватскиот центар за земјотресно инженерство, вели дека од последниот голем земјотрес во таа земја во 1999 година, кога загинаа 17.000 луѓе, во Турција почнале сериозни инвестиции.
Но, тоа не беше доволно, вели Аталиќ, додавајќи дека таму има многу стара градба, која е во лоша состојба и дека е многу полоша од градбата во Хрватска.
Турција и Сирија вчера рано наутро беа погодени од земјотрес со јачина од 7,8 степени. По тоа, следуваа уште земјотреси, а над 4.000 луѓе ги загубија животите, но уште многу се под урнатините.
„Да се случеше земјотрес овде во Загреб како во Турција, немаше да беше поинаку. Ќе имавме целосно урнат, уништен град. Во тој дел на Турција градежништвото не е отпорно на земјотреси од оваа јачина. Имаше многу силен земјотрес во 1999 година и оттогаш почна сериозно да се инвестира. Но. од 1999 до 2022 година не се градеше многу, а тоа е сè што се градеше претходно, не е градба што е отпорна на земјотреси“, вели професорот на Градежниот факултет за „Данас.хр“.
По земјотресот во 1999 година, турските институции ја препознаа итната потреба за намалување на ризикот во земјата подложна на земјотреси.
Веќе следната година беше изгласан закон за спроведување задолжителни градежни проверки и градежни инспекции на сите објекти.
Аталиќ нагласува дека зградите изградени во согласност со прописите отпорни на земјотреси сè уште се во малцинство.
„И нивната стара градба е лоша, многу полоша од нашата, а претходните земјотреси им направија голема штета. Штом побараа помош, знаете дека е вистинска драма“, коментира инженерот, пренесува „Индекс.хр“.
Турција долго време е интересна за истражувачите на земјотреси.
Германскиот научен центар за геонауки (ГФЗ) од Потсдам инсталира мерни уреди во Турција уште во 80-тите и ја следи сеизмичката ситуација таму. Резултатите покажуваат дека ризикот од земјотреси е многу висок во целиот регион околу Мраморното Море, на чиј брег се наоѓа Истанбул.
„Не е прашање дали ќе се случи земјотрес, прашање е кога ќе се случи“, рече Марко Бонхоф, сеизмолог од ГФЗ и експерт за регионот уште во 2019 година.
Тој, како и други експерти, оваа оценка ја заснова на искуството од неколку силни земјотреси во текот на историјата на Истанбул, врз основа на мерењата што покажуваат постојано движење на плочите под Мраморното Море и на фактот дека право веднаш до Истанбул има област од зоната на земјотресот, која долго време е сомнително мирна.
„Постојат многу индикации дека областа е заглавена долго време. Се создаваат стресови, кои на крајот ја надминуваат јачината на карпата, а потоа одеднаш се намалуваат во рок од неколку секунди со поместување на двете тектонски плочи за неколку метри“, објасни сеизмологот во интервју со платформата на научното списание ESKP (Earth System Knowledge Platform).