Европа
Макрон повика на итен состанок на комитетот за одбрана поради Сирија

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, ќе одржи вечерва итен состанок на комитетот за одбрана, на кој ќе стане збор за турската офанзива на свероистокот во Сирија, соопшти кабинетот на францускиот претседател.
Како што јави „Ројтерс“, Париз е еден од главните сојузници на Вашингтон, во рамки на коалицијата под водство на САД која се бори против т.н. Исламска држава.
Франција претходно повика на итен состанок на земјите во споменатата коалиција за да се расправа за турската офанзива.
Макрон во саботата во телефонски разговор го предупреди претседателот на САД, Доналд Трамп дека последица од турската офанзива во Сирија може да биде заживувањето на активностите на Исламска држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Жена лажела на возачки испит во Австрија, сопругот го гризнал сопственикот на автошколата

Возачки испит во Австрија бил запрен откако инструкторите откриле дека една од кандидатките се обидува да ги заобиколи правилата.
Школа за возење во градот Инсбрук контактирала со полицијата откако 40-годишната жена започнала да се однесува чудно додека полагала писмен испит, изјави полицискиот портпарол.
Според него, жената сторила сé за да се осигура дека ќе ја добие возачката дозвола, таа на себе имала слушалки со „Блутут“ и скриена камера зашиени во нејзиниот џемпер.
Додека полицијата ја испрашувала, нејзиниот сопруг се појавил и сакал да ја напушти автошколата со неа. Ситуацијата на крајот ескалирала кога тој го гризнал за рамо сопственикот на автошколата.
Полицијата ја обвини жената за мамење на возачки испит а нејзниот сопруг за напад, но тие сепак не завршија во притвор.
Европа
Чешка се заканува дека ќе протера 60 Руси, Москва има рок до пладне

Чешка може да протера околу 60 члена на руската амбасада во Прага, ако Русија до пладне не се реши да ја повлече одлуката за протерување на чешките дипломати кои се прогласени за персона нон грата, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи, Јакуб Кулханек за „Лидовe новине“.
Станува збор за околу 60 луѓе.
„Целта е овој број на руски персонал да одговара со капацитетите на персоналот што сега се наоѓа во нашата амбасада во Москва“, рече чешкиот министер, а пренесе агенцијата ТАСС.
Прага тврди дека Русија е вмешана во експлозија во складиштето за муниција во чешкото село Врбетице во 2014 година, поради што чешките власти протераа 18 руски дипломати, тврдејќи дека тие се дел од воената разузнавачка служба.
Владата во Москва реагираше веднаш и прилично остро. Министерството за надворешни работи ги нарече обвинувањата „апсурдни“ и од своја страна протера дваесет чешки дипломати од Русија, односно речиси целиот персонал во амбасадата на Чешка.
Европа
Германските пратеници го одобрија предлогот на Меркел да воведе ограничувања

Германските пратеници го одобрија предлогот на владата на канцеларката Ангела Меркел за воведување унифицирани ограничувања во областите каде што коронавирусот се шири пребргу.
Преку законите што доследно се применуваат како кочница за итни случаи во областите со голема стапка на новозаразени од коронавирус има цел да се воведат низа мерки како одговор на пандемијата на Ковид-19 во 16 германски сојузни држави, пренесува АП.
Долниот дом на парламентот денеска гласаше за планот со 342 гласа „за“ и 250 „против“, а 64 беа воздржани. Горниот дом, во кој се претставени државните влади, треба да ги разгледа законите в четврток.
Предлогот содржи планови за воведување полициски час од 22 часот до 5 часот наутро, ограничување на личните контакти, затворање објекти за забава и спорт, како и затворање и ограничување на пристапот до многу продавници.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?