Контакт

Европа

Матео Ренци се повлече од позицијата претседател на партија, но најавува враќање

Објавено пред

Поранешниот премиер на италијанската влада Матео Ренци поднесе во неделата оставка на должноста претседател на Демократската партија (PD) со надеж дека ќе добие нов мандат со посилна поддршка во пресрет на парламентарните избори во Италија.

 

Како што најави 42-годишниот Матео Ренци, тој на следниот партиски конгрес има намера повторно да се кандидира за претседател на Демократската партија, која во моментов е владејачка, но на којашто ѝ се заканува раскол.

Тој кон крајот на 2016 година поднесе оставка на должноста премиер, откако Италијанците на референдумот ги одбија уставните промени за кои се заземаше тој лично и неговата влада.

Неговите противници, од левата фракција во партијата, се заканија дека ќе се одвојат од партијата. Ренци ги обвини „бунтовниците“ дека го напаѓале во секој момент додека беше премиер, како и дека се обиделе да го уценат да поднесе оставка на челото на PD, тврдејќи дека тоа е единствениот начин да се спречи партискиот раскол.

„Расколот е еден од најгрдите зборови, само еден е погрд, а тоа е уцената. Неприфатливо е партијата да ја блокира диктатот на малцинското рило. Имате право да нé победите, но не и да нé елиминирате. Тоа е срцето на демократијата“, порача Ренци.

Битката до PD меѓу таборот на поранешниот премиер и „бунтовниците“, меѓу кои некои викендов се заканија со отцепување, може да биде тешка, па и не само да ја ослаби партијата, туку и владата која сега ја предводи Паоло Џентилони./крај/мф/сн

Европа

Украина ја обвини Унгарија за киднапирање седум банкари и кражба на пари

Објавено пред

Украина ја обвини Унгарија дека земала седум вработени во нејзината државна штедилница Ошадбанк како заложници, изјави украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Вработените биле во две возила што транспортирале готовина во вредност од 80 милиони долари помеѓу Австрија и Украина, а Сибиха напиша на платформата X дека причините за нивното притворање, како и нивната моментална состојба, се непознати. Украинските власти испратија нота до Унгарија барајќи враќање на нивните граѓани, објави Би-би-си.

Изјава од украинската банка
Ошадбанк изјави дека нејзините вработени биле „нелегално притворени во Унгарија“ и дека GPS податоците потврдуваат дека нивните возила се во Будимпешта. Банката, исто така, ја даде точната вредност на средствата во возилата. „Вредноста на средствата во украдените возила е 40 милиони долари, 35 милиони евра и 9 кг злато“, се вели во соопштението. „Ошадбанк бара итно ослободување на своите вработени и средства и нивно враќање во Украина“.

Сурови обвинувања и политичка позадина
Сибиха ја обвини Унгарија за „државен тероризам и рекетирање“. „Станува збор за тоа што Унгарија зема заложници и краде пари“, додаде тој. Унгарија одржува блиски односи со Русија и постојано се спротивставува на воената помош за Украина.

Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски го критикуваше унгарскиот премиер Виктор Орбан за блокирање на европскиот пакет помош за Киев. Орбан рече дека Будимпешта ќе употреби „политички и финансиски алатки“ за да ја принуди Украина повторно да го отвори нафтоводот „Дружба“, кој испорачува руска нафта до унгарските рафинерии.

Прикажи повеќе...

Европа

Исланд оди на референдум за преговорите за пристапување во ЕУ

Објавено пред

Исландската влада ќе му предложи на парламентот на есен референдум за тоа дали да се продолжат преговорите за пристапување во ЕУ, кои беа прекинати пред повеќе од една деценија, објави телевизијата RUV.

RUV објави на својата веб-страница дека владата ќе поднесе закон до парламентот следната недела и дека изворите велат дека гласањето веројатно ќе се одржи кон крајот на септември.

Рејкјавик ги напушти преговорите за членство во ЕУ во 2013 година, по четири години водење на истите.

Растечките трошоци за живот и војната во Украина го обновија интересот на островската нација за приклучување кон блокот во последните години, покажуваат анкетите.

Заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на Гренланд го направија прашањето за членство уште поитно.

Премиерката Криструн Фростадотир во февруари изјави дека референдум ќе се одржи во наредните месеци.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар

Објавено пред

Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.

Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.

Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа5 минути

Украина ја обвини Унгарија за киднапирање седум банкари и кражба на пари

Украина ја обвини Унгарија дека земала седум вработени во нејзината државна штедилница Ошадбанк како заложници, изјави украинскиот министер за надворешни...

Забава10 минути

(Видео) Позната инфлуенсерка го роди деветтото дете: „Ова веројатно беше мојата последна бременост“

Инфлуенсерката Хана Нилман, поранешна балерина која сега е позната на социјалните мрежи низ целиот свет под името Балерина Фарм, роди...

Спорт13 минути

Трамп на пријемот на фудбалерите на Интер се фалеше како го уништува Иран

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, очекувано, ги искористи фудбалерите (овој пат Интер од Мајами, последен пат Јувентус) како...

Забава15 минути

(Видео) И таа го пронајде својот милијардер: Страсни бакнежи на аеродромот, нема повеќе криење

Актерката Ема Вотсон и милијардерот Гонзало Бајлерес беа фатени на аеродромот во интимна прегратка и бакнување, па тоа е повеќе...

Македонија25 минути

„Ако Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името, Заев и Филипче да одговорат колку пари земале тие за продажбата на името“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Ако Kиро Глигоров одбил 100 милиони долари за промена на името на државата како што стои во документите на ЦИА,...

Македонија29 минути

„Спротивно на националните интереси, власта на СДС, Филипче и Заев стана испостава на режимите на Путин и Лукашенко“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС на Зоран Заев и Венко Филипче седум години на власт водеше антидржавна политика. За личните и бизнис интереси на...

Свет30 минути

Жителите на Дубаи добија предупредување за можни ракетни напади

Жителите на Дубаи добија предупредување на своите мобилни телефони од Министерството за внатрешни работи на Обединетите Арапски Емирати во кое...

Економија37 минути

Народната банка ‒ координатор на Националната коалиција за Кодексот за финансирање на жените претприемачи

Народната банка продолжува со активностите околу спроведување на Кодексот за финансирање на жените претприемачи. Кодексот се спроведува согласно Меморандумот за...

Свет40 минути

САД, заедно со Русија и Кина, одбија да ги осудат нападите врз украинската енергетска мрежа

САД им се придружија вчера на Русија, Кина и Нигер во гласањето против резолуцијата на агенцијата за нуклеарниот надзор на...

Свет49 минути

(Видео) Американски адмирал: Ги намаливме иранските напади за 90%, потопивме над 30 нивни бродови

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет вчера им изјави на новинарите дека американската воена операција против Иран е во рана...