Европа
Меј: Не е време за нов референдум во Шкотска

Британската премиерка Тереза Меј изјавила дека „сега не е добро време“ за нов референдум за независност на Шкотска, пренесува ВВС.
Меѓутоа, таа сепак нагласила дека не ја исклучува можноста за одржување на референдум во некој период во иднината.
„Кога шкотската влада вели дека сега е вистинско време да се започнат разговори за втор референдум за независност, јас велам дека мораме сета енергија да ја насочиме на преговорите со ЕУ за нашите идни односи“, заклучила таа и додала дека доколку сега би се организирало ново гласање во Шкотска, тогаш не би морало да се постигне договор кој и одговара на Шкотска и целата Велика Британија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Европа
Зградата на руското МНР евакуирана поради закана за поставена бомба

Вработените во руското Министерство за надворешни работи биле евакуирани по анонимна телефонска закана дека во објектот е поставен експлозивен уред, објавија руските медиуми.
Повикувајќи се на неименуван извор од службата за итни случаи во рускиот главен град, медиумите пренесуваат дека засега не познато колку луѓе се евакуирани од зградата, иако се претпоставува дека станува збор за околу 40 лица.
Службите за итна помош и полициските единици излегле на терен. Неименуван извор од руското Министерство за надворешни работи ги потврдил наводите за евакуација.
Европа
Британија планира да ги забрани пластичните сламки и лажички

Британската премиерка, Тереза Меј, објави дека Велика Британија планира да ја забрани продажбата на пластични сламки, пластични лажици и пластични стапчиња за уши и воедно ги повика и другите лидери на Комонвелтот да се приклучат во борбата против пластиката и загадувањето на околината.
Вакиот британски план е дел од поширока стратегија насочена кон намалување на загадувањето на животната средина. Во согласност со предлогот на министрите, за идејата ќе се дискутира со претставници од бизис-светот на кои ќе им се даде доволно време да се прилагодат на новите правила.
Резултатите од една неодамнешна анкета покажале дека во Велика Британија секоја година се фрлаат околу 8,5 милијарди пластични сламки.
Меј рече дека владата ќе понуди финансиски средства за истражување и помош во износ од околу 61,4 милиони фунти со цел на земјите од целиот Комонвелт да им се помогне да го спречат фрлањето на штетен пластичен отпад во океаните.
„Британската јавност се покажа како многу кооперативна во врска со мерките за штетноста од пластичниот отпад, па тоа ни дава мотив денес да размислуваме за уште поамбициозни планови за намалување отпадот од пластика, како што е отстранувањето од употреба на пластичните сламки, лажици и чепкалки за уши“, рече Меј.
Секретарот за заштита на животната средина, Мајкл Гов, рече дека голем број британски трговци на мало, пабови и компании веќе работат заедно за да се заштити животната средина за идните генерации. Годишно во океаните завршуваат повеќе од 150 милиони тони пластичен отпад, што резултира со угинување на околу еден милион птици и 100.000 морски животни.
Европа
Европарламент: Преку вакцините годишно се спречуваат 2,5 милиони смртни случаи

Опаѓањето на јавната доверба во вакцините е голем предизвик кој веќе влијае на здравјето, предупредија членовите на Европскиот парламент во резолуцијата усвоена денеска на пленарната седница во Стразбур.
Епидемиолошките податоци од земјите членки на ЕУ покажуваат значителни недостатоци во степенот на прифаќање на вакцините, односно стапка на недоволна вакцинација, се предупредува во резолуцијата.
Зголемениот отпор кон вакцинацијата од страна на луѓето доведе до зачестена појава на сипаници, а поради тоа зголемени се и смртните случаи во неколку европски земји.
Пратениците истакнаа дека вакцините во денешно време се подложени на ригорозни тестирања, со повеќе фази на испитувања. Исто така европскиот парламент ја повика Комисијата да продолжи да ја зајакнува својата поддршка за националните системи за вакцинација со цел да се зголеми свеста кај јавноста.
Европарламентарците повикаа и на дијалог со граѓанското општество со цел да се потиснат нерелевантните, погрешни и научно неприфатени информации за вакцинацијата.
ЕП побара и поголема транспарентност во производството на вакцини и во финансирањето на независните истражувања за можните несакани ефекти од вакцината, со цел да се придонесе за враќање на довербата во програмите за вакцинација.
Според објавените податоци, благодарение на вакцинацијата, на годишно ниво се спречуваат околу 2,5 милиони смртни случаи во светот, а се намалуваат и трошоците за лекување на одредени болести, вклучувајќи ги и третманите со антибиотици.
„Од 2008 до 2015 година во Европа имало 215 илјади случаи на болести кои можат да се спречат со вакцинација, притоа не сметајќи го грипот. Ова за жал, не е чудно доколку се знае дека скептицизмот кон вакцинација во Европа е меѓу највисоките во светот. Здравствената заштита е во одделна надлежност на земјите на ЕУ, но кажете им го тоа на вирусите и бактериите. Тие уживаат слобода во движењето во рамките на ЕУ и шенгенот за нив не значи ништо. Токму затоа ЕУ треба повеќе да се ангажира во врска со ова прашање“, оцени хрватската европарламентарка Билјана Борзан, чии амандмани беа вклучени во резолуцијата.
- Македонија1 месец
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news1 месец
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура1 месец
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story1 месец
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news1 месец
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news1 месец
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија1 месец
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news1 месец
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“