Европа
Министер за здравство казнет со 300 евра поради неносење маска

Романскиот министер за здравство, Влад Воjкулеску, е казнет со 1.500 леи (околу 300 евра) за неносење заштитна маска, што е една од задолжителните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во таа земја.
Полицијата во Букурешт објави дека казнила член на владата за непочитување на прописите за задолжително носење заштитна маска, пренесува „Аџерпрес“.
Vlad Voiculescu a fost amendat, după ce a fost surprins fără mască pe holurile Parlamentului https://t.co/44Yfb5udbk #news #stiri #romania pic.twitter.com/sztmgDTt5b
— Libertatea (@libertatea) April 2, 2021
Воjкулеску во понеделникот беше фотографиран во салата на парламентот без маска, а подоцна од неговото министерство беше објавено дека учествувал на видео конференција и дека ја симнал маската за да може да зборува и да пие вода.
Тој во средата рече дека бара да биде казнет и се извини што не носел маска на јавно место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од кралицата и принцот Филип

Британското кралско семејство во средата на својот официјален профил на „Твитер“ објави досега невидена фотографија од кралицата Елизабета Втора и починатиот принц Филип со своите правнуци. Фотографијата ја сними војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, во замокот Балморал во 2018 година.
На фотографијата малиот принц Џорџ стои на левата страна до кралицата, а принцот Луис седи во нејзиниот скут.
The Queen and The Duke of Edinburgh surrounded by seven of their great-grandchildren at Balmoral Castle in 2018.
©️ The Duchess of Cambridge pic.twitter.com/xMmbzfDHwL
— The Royal Family (@RoyalFamily) April 14, 2021
Савана Филипс позира веднаш зад принцезата Шарлота, која седи покрај војводата од Единбург. Десно од него е Исла Филипс, која ја држи Лена Тиндал, а Миа Тиндал стои десно.
На принцот Филип, кој почина минатиот петок на 99-годишна возраст, се присетија и принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, кои исто така споделија заедничка фотографија со кралицата и војводата од Единбург во јавноста.
Today we share, along with Members of The @RoyalFamily, photographs of The Duke of Edinburgh, remembering him as a father, grandfather and great-grandfather.
📷 This picture was taken at Balmoral in 2015. pic.twitter.com/HxNfrL21xU
— The Duke and Duchess of Cambridge (@KensingtonRoyal) April 14, 2021
Нивната фотографија исто така е снимена во Балморал, но во 2015 година, а на неа војводата од Кембриџ ја држи раката на својот син, принцот Џорџ, а принцезата Шарлота е во прегратката на војвотката.
„Денес го паметиме како татко, дедо и прадедо“, пишува на твитер-профилот на Кенсингтон ројал.
Remembering The Duke of Edinburgh as a much-loved Father and Father-in-Law.
Members of The Royal Family are today sharing their memories of The Duke – see more on @RoyalFamily. pic.twitter.com/7lIGjhhYtQ
— The Prince of Wales and The Duchess of Cornwall (@ClarenceHouse) April 14, 2021
И принцот Чарлс и неговата сопруга Камила објавија две фотографии во спомен на Филип. На едната војводата и младиот Чарлс играат поло, а на другата Филип стои помеѓу принцот од Велс и војвотката од Корнвол.
Европа
Меркел побара полициски час во парламентот, но наиде на отпор

Германската канцеларка, Ангела Меркел, апелира до пратениците да одобрат нови овластувања што ќе ѝ овозможат да воведе рестриктивни мерки и полициски час.
И покрај тоа што Меркел нагласила дека поголем број Германци се за рестриктивни мерки, нејзиниот апел наишол на отпор во парламентот.
„Третиот бран на пандемијата цврсто не зафати“, рече Меркел, чиј говор во Бундестагот го прекинаа пратениците од десничарската Алтернатива за Германија, која се противи на блокадата.
Меркел истакнала дека здравствените работници едвај го издржуваат притисокот.
„Медицинските лица за интензивна нега испраќаат повик за помош, еден по друг. Кој може да ги игнорира нивните барања“, праша Меркел.
Нејзината влада сака парламентот да го измени Законот за заштита на заразните болести за да им овозможи на федералните власти да спроведат ограничувачки мерки, дури и ако регионалните лидери се спротивстават на тоа, со надеж дека ќе го намалат притисокот врз работниците за интензивна нега.
Воведувањето полициски час и давањето моќ на канцеларката да воведе мерки во 16 германски покраини наиде на критики во рамките на конзервативниот блок, член на Меркел, а анкетите покажуваат дека таа може да го доживее најлошиот резултат досега на парламентарните избори во септември.
Лидерот на парламентарната група Алтернатива за Германија, Алис Вајдел, рече дека новите мерки се невиден напад врз темелите на демократската слобода.
Европа
Макрон: Епидемијата ќе се засили во наредните денови

Францускиот претседател, Емануел Макрон, пред градоначалниците на француските градови изјави дека епидемијата најверојатно ќе се интензивира во следните осум-десет дена, така што врвот на пандемискиот бран би можел да се случи помеѓу 25 и 30 април, а најмногу хоспитализации би можело да има од денес до крајот на месецот.
Владин портпарол денеска соопшти дека градинките и основните училишта во Франција ќе се отворат, како што беше планирано, на 26 април, а средните училишта ќе почнат со работа на 3 мај, пренесе „Гардијан“.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија3 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш