Европа
Неуспешни преговорите во Северна Ирска

Преговорите за формирање на нова коалициска влада во Северна Ирска не успеаја во неделата, објави националистичката партија Шин Фејн, додека владата во Лондон и натаму се надева на излез од ќорсокакот до рокот кој истекува во понеделник.
„Денеска стасавме до крајот на трката, Процесот на преговорите е завршен и Шин Фејн утре нама да го изнесе предлогот за именување на претседателот или на владиниот кабинет“, изјави челничката на Шин Фејн, Мишел О’Нил.
Пробританската Демократска унионистичка партија (DUP), кои се наклонето на унијата со Велика Британија, со тесната победа од едно пратеничко место пред националистите од Шин Фејн успеа да остане најзастапената партија во парламентот на Северна Ирска, по одржаните предвремени парламентарни избори на почетокот од март. Унионистите од DUP освоија 28 од 90-те места, откако Шин Фејн ја поништи предноста од десетина мандати што пробританската партија ја имаше по парламентарните избори пред една година.
На претходните избори во мај 2016 година, Демократската унионистичка партија (DUP), која е наклонета со Велика Британија, победи со 38 места во парламентот, пред националистите од Шин Шејн, приврзаниците на обединувањето на Ирска со 28 мандати, и Унионистичката партија на Алстер (UUP) која освоите 16 мандати
Шин Фејн, којашто ги претставува ирските католици и е за обединување со Република Ирска, како и унионистите до понеделник попладне имаат рок да постигнат договор за формирање нова влада.,
Британската влада истакна дека е решителна во врска со формирањето функционална влада. „И на ова ниво ги повикуваме партиите да работат на формирање влада и да им дадат на жителите силна и стабилна децентрализирана влада каква што сакаат“, изјави британскиот министер за Северна Ирска, Џејмс Брокеншир.
Политичката криза во Северна Ирска, започна по оставката на претходникот на Мишел О’Нил, Мартин МекГинис, а британската влада беше принудена да распише избори во Северна Ирска, откако Шин Фејн одби да номинира нов потпретседател кој би соработувал со премиерката Арлин Фостер челничката на од DUP, и покрај интервенцијата на британската премиерка Тереза Меј.
Мартин МекГинис, поранешен командант на Ирската републиканска армија (IRA), кој го положи оружјето и учествуваше во мировниот процес за завршување на триесетгодишниот судир во Северна Ирска, почина во вторникот на 66-годишна возраст.
Предвремените парламентарни избори во Северна Ирска се одржаа во атмосфера на обвинувања за корупција и несигурноста од ланската референдумска одлука на повеќето британски гласачи, главно во Англија и Велс, Обединетото Кралство да ја напушти Европската унија, што претставува голем проблем за земјата којашто со децении е сцена на насилствата меѓу националистичките католици и унионистичките протестанти.
DUP ја водеше кампањата во полза на излегувањето на Велика Британија од ЕУ, додека Шин Фејн се противеше на Брегзитот. Во Северна Ирска, на крајот, 56 отсто од гласачите беа против излегувањето од ЕУ, додека на британско ниво 52 отсто од избирачите се одлучија во полза на излегувањето.
Жителите на Ирска и Британија може слободно да се движат во рамките на ткн Заедничка зона на патувања. Но сега голем број жители на Северна Ирска стравуваат од враќањето на царинските контроли кои може да ги казнуваат трговските размени и да наштети на кревката стабилност која настапи со примирјето од 1998 година. Со кој договор престана насилствотпо меѓу пробритански протестанити к католиците кои бараат обединување со Ирска, во кое меѓу 1969 и 1998 загинаа 3.500.
Со спогодбата е договорено регионалната влада задолжително да мора да има премиер и заменик премиер за да бидат застапени и двете страни. Шин Фејн и DUP на тој начин ја делат власта од 2007 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
ЕУ сака да формира специјален суд за руските злосторства

Првиот чекор во борбата против неказнивоста за злосторствата извршени во руската агресија врз Украина би можело да биде формирање на обвинителство кое ќе собира докази, изјави комесарот за правда на Европската комисија Дидие Рејндерс.
„Првиот чекор може да биде формирање на специјален суд кое ќе собира докази“, рече Рејндерс денеска пред почетокот на неформалниот состанок на министрите за правда во Стокхолм, каде што една од главните теми е како да се осигура дека воените злосторства во Украина се да не остане неказнето.
Канцеларијата на специјалниот суд би била лоцирана во Хаг, во седиштето на Европравда, агенција на ЕУ за судска соработка во кривичните прашања. Рејндер вели дека може брзо да се воспостави.
Европската унија се залага за формирање на специјален суд за руските злосторства во Украина, а во очекување на собирање критична маса на поддршка во меѓународната заедница, сака да започне со собирање докази.
На крајот на ноември минатата година, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи формирање на специјализиран суд со поддршка на Обединетите нации, кој ќе суди за руските злосторства.
„Русија мора да плати за своите ужасни злосторства, вклучително и злосторствата за агресија врз суверена држава“, рече Фон дер Лајен.
На маса има две опции – едната е формирање на ад хок меѓународен суд, како Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија, а другата е таканаречената хибридна опција, каде што национален суд, најверојатно украински, но со меѓународни судии, би суделе за злосторства од руска агресија,пренесе Индекс.хр.
Европа
Европската Унија ги продолжи економските санкции против Русија до 31 јули

Советот на ЕУ денеска одлучи да ги продолжи за шест месеци, до 31 јули 2023 година, санкциите насочени кон одредени сектори на руската економија.
„Тие во моментот се состојат од широк спектар на секторски мерки, вклучувајќи ограничувања на трговијата, финансиите, технологијата и стоките со двојна употреба, индустријата, транспортот и луксузните стоки. Тие исто така ја покриваат забраната за увоз или трансфер на морска сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ, де-SWIFT на неколку руски банки и суспензија на радиодифузни активности и лиценци за неколку места за дезинформации поддржани од Кремљ“, велат од ЕУ.
Овие санкции првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските акции во Украина, а потоа беа проширени во февруари 2022 година по руската воена агресија врз Украина.
Европа
Путин: Злосторствата на неонацистите во Украина покажуваат дека ги заборавиле лекциите од историјата

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека злосторствата извршени од неонацистите врз цивилите во Украина покажуваат дека тие ги заборавиле лекциите од историјата.
Путин посочи дека заборавањето на лекциите од историјата води до повторување ужасни трагедии и како доказ з тоаа ги наведе злосторствата против цивилите и етничкото чистење извршено од неонацистите во Украина.
„Против ова зло нашите војници сега се борат херојски, рамо до рамо“, рече Путин во телеграмата упатена до организаторите и учесниците на настаните посветени на одбележувањето на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот и 78-годишнината од ослободувањето на затворениците од концентрациониот логор Аушвиц од страна на Црвената армија.