Контакт

Европа

Новиот состав на Бундестагот ќе ги чини Германците 60 милиони евра повеќе

Објавено пред

Новиот состав на германскиот парламент – Бундестагот, со рекорден број пратеници, годишно ќе ги чини даночните обврзници 60 милиони евра повеќе отколку порано, пишува „Билд“.

Според нацрт-пресметките за тековната година, трошоците на Бундестагот ќе се зголемат 9,8 отсто и годинава ќе изнесуваат 955,64 милиони евра. Најголемиот дел од буџетот се однесува на соработниците што се ангажираат од страна на пратениците за кои само во 2018 ќе бидат потрошени 240 милиони евра.

Во споредба со последниот состав на германскиот парламент, бројот на пратеници се зголеми од 631 на 709. Волфганг Шојбле, претседател на Бундестагот, предупреди за потребата од реформа на изборниот закон.

„Пратениците во Бундестагот мора да бидат свесни дека репутацијата на парламентот меѓу населението ќе се намали доколку нешто во оваа област не се промени“, изјави Шојбле за германскиот печат.

Инаку, бројот на пратениците е во пораст поради сложениот германски изборен систем и т.н. прекубројни мандати, кои се создаваат кога во една сојузна покраина ќе бидат директно избрани повеќе кандидати од една партија отколку што на таа партија ѝ припаѓаат според изборните листи.

Германските граѓани во своите гласачки ливчиња посебно избираат партија, а посебно кандидати.

Европа

Белоруски министер ја нападна британската амбасада поради тоа што го развеала ЛГБТ-знамето

Објавено пред

Од

Белорусија ја нападна британската амбасада во Минск бидејќи таму беше поставено ЛГБТ-знамето по повод меѓународниот Ден против хомофобијата нарекувајќи ги истополовите врски измислица.

Тамошното Министерството за внатрешни работи ја обвини Британија дека ги загрозува традиционалните вредности на Белорусија.

„ЛГБТ-заедницата и целата борба за нејзините права, како и самиот меѓународен ден, едноставно, се измислени“, се вели во соопштението на Министерството.

Портпаролката на британската амбасада не сакала да ги коментира ваквите изјави, објави Би-би-си.

Хомосексуалноста во Белорусија не е нелегална, но е табу-тема. Истополовите бракови не се признати, а активистите велат дека владата го интензивира прогонот на членовите на ЛГБТ-заедницата.

Често нарекуван последен европски диктатор, претседателот Александар Лукашенко владее со Белорусија од 1994 година. Ќе остане запаметена неговата изјава од 2002 година кога рече дека подобро е да се биде диктатор отколку геј.

Прикажи повеќе...

Европа

Градоначалникот кој го критикуваше Путин даде оставка

Објавено пред

Од

Градоначалникот на рускиот град Екатеринбург, Евгениј Роизман, изненадно поднесе оставка поради новиот закон со кој се укинуваат директните избори за градоначалник, пренесуваат руските медиуми.

Тој ја објавил оставката во момент кога градските власти на четвртиот по големина град во Русија се подготвувале да предложат укинување на директно бирање градоначалник, кого во иднина ќе го избира градското собрание. Градското собрание минатиот месец го поддржа тој предлог наспроти протестите против овој чекор.

Роизман, кој е избран во 2013 година, на петгодишен мандат, е еден од малубројните руски регионални официјални претставници кои го критикуваат рускиот претседател Владимир Путин и го поддржуваат опозиционерот Алексеј Навални. Тој исто така повикуваше и на мартовски претседателски избори во Русија, наведувајќи дека изборите не биле слободни и чесни.

Прикажи повеќе...

Европа

Британија ја зголемува вселенската одбрана, ќе ги напаѓа сателитските антени

Објавено пред

Од

Британскиот министер за одбрана, Гевин Вилијамсон, изјави дека ќе бидат зголемени воените ресурси наменети за вселенска одбрана поради зголемени закани.

Британската војска ќе преземе контрола на британските воени операции во вселената во рамки на првата стратегија на вселенската одбрана, рекол Вилијамсон и додал дека ќе биде зголемен бројот на војници во вселенскиот сектор, кој треба да биде повеќе од 600 во наредните пет години.

„Треба да бидеме подготвени за спречување и пружање одговор на сè поголемите закани кои се појавуваат во вселената, а влијаат на нашиот секојдневен живот“, додал британскиот министер.

Вилијамсон како закани ги навел нарушувањата кои ги создаваат радиодифузните сателитски антени на населението над воените навигациски сателитски системи, како и нарушувањата на врските од мобилните телефони и интернетот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Заев го состави списокот: три министерства ќе добијат нови челници

Премиерот Зоран Заев попладнево го испратил предлогот за промена на составот на Владата до Собранието на Република Македонија. Според него,...

Македонија6 часа

(Видео) Лазаревски: Го напуштив работното место во МВР за да ги заштитам бомбите

Јас го напуштив моето работно место за да ги заштитам бомбите, таа одлука не беше само моја. Постоеше некаква опасност...

Економија9 часа

(Видео) Менаџментот на „Југохром“ најавува рестартирање на комбинатот во ноември

По средбата со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, менаџментот на „Југохром“ најавува дека до ноември ќе...

Македонија9 часа

(Видео) Функционерите на ДУИ најголеми трошаџии во Владата

Вања Михајлова, експерт за антикорупција, на денешната прес-конференција во рамките на проектот „Граѓанските организации и медиуми против корупцијата“ истакна дека...

Македонија9 часа

Притвор за Ѓоко Поповски, одлучи судот

Судот му одреди притвор на поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, сè додека не почне да ја издржува затворската казна....

Економија9 часа

(Видео) Тевдовски: Платите во трудоинтензивните дејности пораснаа до 21 отсто

Работниците од текстилната, кожарската и индустријата за производство на облека имаа неправедно пониско ниво на минимална плата. Ако го погледнете...

Македонија12 часа

Штетата е 75% од месечната плата на обвинителката Фетаи, рече Бедредин Ибраими

Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими, во воведните зборови за предметот „Титаник 2″, рече дека наводната штета во предметот е...

Daily news13 часа

Димитров бара мудрост и нерви пред средбата со Коѕијас

„Пуштајте ми ве молам мудрост и нерви“ напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров, на својот фејсбук-профил пред да отпатува...

Забава14 часа

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Меган

Кралското семејство ги објави официјалните фотографии од принцот Хари и Маган Маркл по нивната свадба што се одржа во саботата,...

Вести14 часа

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа на Куба

Почина една од трите преживеани патнички во авионската несреќа што се случи минатата недела на Куба. Со ова, бројот на...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Вчерашната судска пресуда е неправда

Пресудата за ослободување на Зоран Заев од секаква вина за случајот „Поткуп“ е црн ден за македонското судство. Таа покажа...

Македонија15 часа

Пресуда за „Триста“ за Ѓоко Поповски

Поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски, денеска во кривичниот суд во Скопје ќе ја чуе пресудата за случајот „Триста“ во...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е амнестиран вторпат, пресудата за „Поткуп“ не нè изненади

Зоран Заев пред малку вторпат е амнестиран политичар за очигледен криминал. Зоран Заев повторно избега од соочување со правдата и...

Економија1 ден

Анита Ангеловска-Бежоска е нов гувернер на Народната банка

Собранието денеска ја избра Анита Ангеловска- Бежоска за нов гувернер на Народната банка, на местото на Димитар Богов, кому му...

Македонија1 ден

(Видео) Заев не се откажува од предлогот Република Илинденска Македонија

Предлогот Република Илинденска Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев во изјава пред судот по ослободителната пресуда за случајот „Поткуп“....

Македонија1 ден

(Видео) Емини: Нема простор за паника од министерот за култура на Беса

Од сите албански партии, Беса најмногу заслужува да биде дел од Владата. Политичките партии, граѓаните и невладините организации немаат потреба...

Македонија1 ден

(Видео) Ослободителна пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“. Според пресудата, која јавно ја прочита судијата Дарко...

Македонија2 дена

(Видео) Заев доби кривична пријава за загрозување уставен поредок

Партијата „Левица“ денеска во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за нарушување на уставниот поредок на...

Македонија2 дена

В четврток нова рунда преговори за името во Њујорк

В четврток и в петок ќе се одржи нова средба за името во Њујорк со медијаторот Метју Нимиц. Како што...

Свет2 дена

Победа на Мадуро на претседателските избори во Венецуела, опозицијата ги негира резултатите

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, извојува нов шестгодишен мандат, по вчерашната победа на претседателските избори во земјата. Изборите ги одбележа...

Досие