Европа
Нов крвав напад со автомобил во Лондон
Две момчиња и едно девојче се во болница, откако беа удрeни со автомобил додека се наоѓале на тротоарот на Есекс Роуд во Лондон, Настанот се случи во саботата вечерта. Приведени се четири лица, кои се на возраст меѓу 17 и 19 години. Во нив се откриени два ножа, пишуваат во неделата англиските медиуми.
Властите се уште не излегле со официјален став за случајт. Според различни извори тоа е хаос, други тврдат дека тоа е битен скандал, а трети сметаат дека е нова териростички напад.
Пред неколку дена англиската престолнина исто така беше окрвавена од терористички напад. Халид Масуд управуваше автомобил, со кој се втурна во толпата пешаци на Вестминстерскиот мост, а потоа удри во оградата на Вестминстерската палата. Потоа Масуд го напушти возилото и избоде полицаец. На крајот екстремистот беше застрелан./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
