Контакт

Европа

Норвешка воведува нови мерки против Ковид-19

Објавено пред

Норвешка воведува нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, вклучително и забрана за јавно служење алкохол и ќе го одложи воведувањето на планот за повторно отворање на земјата, изјави денеска норвешкиот министер за здравство, Бент Хоје.

dobivaj vesti na viber

Владата првично планира да претстави план за постепено укинување на ограничувањата на крајот на март, објави „Ројтерс“.

Норвешка имаше една од најниските стапки на новозаразени и смртни случаи од коронавирусот во Европа од почетокот на пандемијата, но сега бележи рапидно зголемување на бројот на хоспитализирани поради повеќето заразни видови на вирусот.

„Ситуацијата во Норвешка е нестабилна, со зголемена стапка на зарзени во последните неколку недели. Ние сме загрижени за потенцијалните последици ако повеќе луѓе патуваат и се среќаваат за време на велигденските празници“, додаде тој.

Учениците во норвешките училишта ќе бидат на велигденски одмор од 27 март до 6 април.

Европа

Ослободен е директорот на нуклеарната централа Запорожје

Објавено пред

Шефот на нуклеарната централа Запорожје во Украина, кој во петокот беше приведен и уапсен од руски патроли е ослободен, објави денеска шефот на нуклеарната агенција на ОН, МААЕ – Рафаел Гроси. Украина ја обвини Русија за неговото апсење и истото го нарече терористички чин.

dobivaj vesti na viber

Украина извести дека руска патрола го уапсила Ихор Мурашов во петокот додека патувал од најголемата европска нуклеарна централа до градот Енерходар, дом на многу вработени во централата.

Објектот сè уште е управуван од украински персонал под услови за кои Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) вели дека ја загрозуваат неговата безбедност.

Агенцијата во саботата објави дека контактирала со „релевантни лица од властите“, без конкретно да ја спомене Русија и дека била информирана дека Мурашов е „привремено приведен“.

„Ја поздравувам веста за ослободувањето на Ихор Мурашов, директорот на нуклеарната централа Запорожје во Украина. Добив потврда дека господинот Мурашов се вратил кај своето семејство и е безбеден“, напиша денеска Гроси.

Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за гранатирањето кое ги оштети зградите околу централата, а МААЕ повика на тампон зона околу локацијата за да се намали ризикот од потенцијална катастрофална несреќа. Гроси оваа недела треба да отпатува за Москва и Киев каде ќе учествува во преговорите, пренесува Индекс.хр.

Прикажи повеќе...

Европа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Објавено пред

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот и забрзано напредуваат по реката Днепар, заканувајќи се дека ќе опколат илјадници руски војници, пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Киев официјално не го потврди ова, но руски извори признаа дека украинската тенковска офанзива напредувала десетици километри по должина на западниот брег на реката и дека на тој пат биле освоени голем број села.

Ова ги одразува неодамнешните големи успеси на Украина на истокот на земјата, кои ја свртеа војната, иако Москва го зголеми интересот со анектирање на освоените територии, прогласување делумна мобилизација и закана со нуклеарна одмазда.

„Информациите се напнати, ајде да се изразиме така, бидејќи, да, навистина имаше пробив“ – изјави за руската државна телевизија, Владимир Салдо, проруски функционер во окупираната област Херсон.

„Има населба Дудчани, веднаш до реките Днепар и таму, во тој крај, дојде до пробив. Има населби кои беа заземени од украинските сили“ – рече тој.

Дудчани се наоѓа на околу 40 километри јужно од местото каде што пред само еден ден беше линијата на фронтот, што укажува дека ова е едно од најбрзите напредувања на украинските сили досега и убедливо најбрзото на југот на земјата, каде што руските сили беа во силно утврдени позиции, а линијата на фронтот беше главно статична уште од првите недели од инвазијата.

Киев речиси целосно молчи за ова, како што беше и во претходните големи офанзиви, иако некои официјални лица споменаа непотврдени извештаи за напредување на украинските сили.

Прикажи повеќе...

Европа

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

Објавено пред

Официјална Прага ги советуваше своите граѓани да не патуваат во Русија и им испрати порака да ја напуштат земјата откако Москва ја нападна Украина во февруари, наведува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Чешките државјани со двојно руско државјанство се соочуваат со опасност да бидат мобилизирани во Русија, соопшти Министерството за надворешни работи во Прага.

Граѓаните на Чешка кои имаат и руско државјанство треба да имаат предвид дека руските власти на територијата на Русија ги сметаат за руски државјани.

Чешката амбасада во Москва не може да им обезбеди соодветна и целосна конзуларна заштита, соопшти чешкото Министерство за надворешни работи.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа3 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет3 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија6 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион6 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија7 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија7 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија7 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија7 часа

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет9 часа

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...

Свет9 часа

Русија ќе го тестира новото оружје „Посејдон“, предупреди НАТО

Како што напредува војната во Украина, има сè повеќе информации за нов тип на оружје што го користат двете завојувани...

Економија10 часа

Меѓународната агенција за енергетика со совет до ЕУ: „Штедете гас“

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) ја советува Европската Унија да штеди гас за да се избегнат празните магацини и ризикот...

Свет10 часа

Си-ен-ен: Времето на Путин истекува и тој тоа го знае

Времето на рускиот претседател Владимир Путин истекува и тој тоа го знае. Во меѓувреме, неговиот бомбастичен настап продолжува – објавувајќи...

Македонија10 часа

Без струја утрово во скопски Карпош, граѓаните во страв дека рестрикциите се почнати

Жители на Карпош 1, 2, 3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а...

Свет12 часа

Бројот на загинати од ураганот Јан се искачи на повеќе од 80, штетата е проценета на десетици милијарди евра

Бројот на загинати од ураганот Јан во САД се искачи на повеќе од 80 бидејќи жителите на Флорида и Јужна...

Свет12 часа

Саливан вети дополнителна американска поддршка за Украина

Американскиот советник за национална безбедност, Џејк Саливан, вчера во Истанбул се сретна со Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот...

Свет12 часа

Руски гувернер: Половина од мобилизираните во регионот вратени дома, командантот разрешен

Командантот на руската област Хабаровск е сменет од должност кога половина од мобилизираните мажи биле испратени дома бидејќи не ги...

Европа12 часа

Карл Нехамер: Ако ЕУ не дејствува, самите ќе треба да се заштитиме од илегалната миграција

Сè додека ЕУ не презема ефективни мерки, ние мора сами да дејствуваме и затоа Австрија прави сè за да се заштити...

Свет12 часа

Поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус, испрати предупредување до Русија

Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ќе ги уништат руските војници и опремата во Украина и ќе ја потопат нејзината...

Свет13 часа

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити поради недостиг на чиста вода за пиење

Најмалку седум лица починаа од колера на Хаити откога болеста ненадејно се врати поради недостиг на гориво и чиста вода...