Контакт

Европа

Оланд: Европа мора да се движи во повеќе брзини, инаку ќе експлодира

Објавено пред

 

Францускиот претседател Франсоа Оланд во понеделникот предупредил дека ЕУ ќе мора да се насочи кон патот на Европа во повеќе брзини, бидејќи во спротивно таа ќе „експлодира“, пренесуваат светските агенции.

 

„Ова е пресврт, европското будење подразбира јасен избор на форма на организацијата. Европа од 27 држави не може да остане единствена Европа. Идејата на Европа во повеќе брзини предизвика отпор но сега веќе сама се наметнува. Во спротивно, Европа ќе експлодира“, рекол францускиот претседател во интервју за повеќе европски дневни весници.

 

Оланд изјавил дека не може една земја да ги кочи останатите, а на Полска и Унгарија, чии влади бараат целата ЕУ да се врати на концептот на „послаба“ заедница со јакнење на националните држави собрани околу единствениот пазар и одбраната, им порачал дека Европа претставува систем на вредности.

 

„Нормално е Европската комисија да ги чува начелата на Унијата. Санкциите се можни, вклучувајќи ги и финансиските. Но една земја не може да се суспендира, и повторно да се обноват тие санкции кога таму ќе се промени владата“, рекол Оланд, додавајќи дека желбата земјите-членки да работат се заедно го носи и ризикот ЕУ да не работи ништо.

 

Оланд оценил дека главниот проблем на сегашната проширена ЕУ не се самите одлуки, кои според него се доста промислени, туку брзината со којашто тие се донесуваат.

 

„Пример е Грција околу која постигнавме компромис за време на 2015-та година Колку состаноци на Еврогрупата беа потребни за фактички да се испратат парите? Беа потребни три години за да се создаде монетарна унија. А бегалците? Колку беше потребно за да се воведат принципите на функционирањето на граничката стража. Европа доцни позади светот. Популистите користат твитови, кога Трамп го потпишуваше декретот за имиграијата помалку сметаше на неговиот моментален ефект, отколку на медиумите“, порачал Оланд./крај/мф/бс

 

 

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Алварез промашуваше, Фермин не – Барселона го победи Атлетико

Фудбалерите на Барселона го победија Атлетико во Мадрид со 2:1, во 12-то коло од Ла Лига. Фантастичен фудбалски натпревар одиграа...

Забава7 часа

Оваа есенска намирница е богата со бета-каротен, витамини и влакна

Како што времето станува постудено, тиквите – намирница која може да се подготви на безброј начини – стануваат сè позастапени...

Спорт8 часа

(Видео) Интер стави крај на бајката на Комо

Шампионот Интер стави крај на победничката серија на Комо, од шест триумфи на во сите натпреварувања. Интер во 11-то коло...

Спорт8 часа

Норис победи во Бразил – Мерцедес ја освои титулата меѓу конструкторите

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, триумфираше на Големата награда на Бразил, 20-тата трка од овогодинешното првенство во Формула 1. По...

Свет8 часа

Трамп му се закани на Иран: „Можеме да уништиме 38 нивни мостови за еден час“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нови напади врз Иран се „малку веројатни“, под услов да се постигне напредок во...

Спорт9 часа

(Видео) Спектакл во Манчестер: Јунајтед два пати се врати од два гола негатива, освои бод против Астон Вила

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Астон Вила одиграа нерешено 4:4 (2:2) во спектакуларен натпревар од 10-то коло од Премиер лигата....

Свет9 часа

Навивачи пропаднаа низ трибина на стадион во Норвешка

За време на фудбалски натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Бодо/Глимт, најмалку пет навивачи пропаднаа низ трибина на стадионот;...

Свет10 часа

Ајзенкот доби мандат за формирање влада во Израел: „Близу сме до точката од која нема враќање“

Гади Ајзенкот, лидер на центристичката партија „Јашар“, вети ново раководство кое ќе го извлече Израел од длабока криза, откако претседателот...

Спорт10 часа

Доминантна победа на Бецеки во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, победи на трката за Големата награда на Катар. Италијанецот на патеката „Лосаил“ победи пред Марк...