Контакт

Европа

Орбан, Моравјецки и Салвини во разговори за формирање нова политичка групација во ЕУ

Објавено пред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан одржа видеоконференција со полскиот премиер Матеуш Моравјецки и Матео Салвини, лидерот на Италијанската лига, посветена на основањето нова политичка групација во Европската Унија, изјави портпаролот на Орбан.

Неделава ќе ги продолжат преговорите за соработка, нагласи тој.

Орбан, Салвини и Моравјецки го истакнаа и успехот на декларацијата за иднината на Европа, заштитата на националните држави и традиционалните вредности, која во јуни ја објавија 16 партии, рече Берталан Хаваси.

Неколку партии и политички организации изразија интерес за потпишување на документот, пренесуваат медиумите.

Во декларацијата, потпишана претежно од екстремно десничарски партии, се предупредува за обидите да се создаде „наднационална европска држава“ во ЕУ и се повикува на заштита на европските вредности, како што е улогата на традиционалното семејство и на христијанските вредности како темели на Европа.

Европа

Протест во Париз против претседателскиот кандидат Ерик Земур

Објавено пред

Неколку стотици луѓе се собраа во Париз за да ја осудат претседателската кандидатура и, според нив, „расистичкиот“ дискурс на екстремниот десничар Ерик Земур, на покана од педесетина синдикати, партии и здруженија.

Ерик Земур (63), поранешен политички коментатор и телевизиски канали и водител, во вторникот објави дека влегува во трката за претседател на Франција и денеска го одржа првиот митинг во близина на Париз.

Четири и пол месеци по изборите, Земур, кој двапати беше осуден за поттикнување расна омраза, рече дека сака да ја „спаси Франција“ и нејзините вредности, кои според него се закана за имиграцијата и исламот.

Пред почетокот на митингот, антифашистички активисти, членови на синдикатот, здруженија и граѓани закажаа митинг во Париз против Ерик Земур.

Со крената песна и извици „Земур оди си, Париз не е твој“, демонстрантите се собраа во квартот Барбес, а потоа се упатија кон паркот Виет во северен Париз, каде што првично Земур требаше да го одржи својот прв голем јавен собир.

Собирот на Земур на крајот беше префрлен во Вилпанте, место на дваесетина километри од Париз поради протестите и безбедносни причини, соопшти неговата придружба.

Други активисти, противници на кандидатурата на Земур, се собраа во областа, каде што околу 30 лица биле приведени.

Претседателските избори, на кои Емануел Макрон ќе бара втор мандат, ќе се одржат во април следната година.

Прикажи повеќе...

Европа

Германската партија на слободни демократи го одобри договорот за нова влада

Објавено пред

Германските Слободни демократи денеска го одобрија договорот за формирање нова влада, со што кандидатот за канцелар Олаф Шолц е чекор поблиску до преземање на функцијата нов лидер на земјата.

„Ова е коалициски договор за политиката на центарот, кој нема да ја придвижи нашата земја лево, туку сака да ја придвижи напред“, рече лидерот на партијата Кристијан Линднер на партиската конвенција што главно се одржуваше преку Интернет.

Минатиот месец, Слободните демократи постигнаа договор за формирање коалиција со Социјалдемократите на Шолц и Зелените, објави АП.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Објавено пред

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел.

Учесниците на маршот протестираа против Ковид мерките објавени во петокот, трета недела по ред, кога владата ги заостри рестрикциите поради последното зголемување на новозаразените со Ковид-19.

Повеќето од демонстрантите, кои марширале мирно, се разотишле кога околу стотина од нив налетале на полицијата која го блокирала пристапот до зградата на Европската комисија.

По краткиот судир со полицијата, демонстрантите ги гаѓале полицајците со ѓубре и други предмети, вклучително и велосипеди, а запалиле и петарди и факели.

Полицијата морала да употреби водени топови и солзавец за да ги растера. Засега нема информации дали има повредени.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Путин предупреди: Полјаците ги полеваат мигрантите со хербициди на граница

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика директорката на Федерацијата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческа Рока, да внимава на...

Свет2 часа

Фаучи: Засега, не треба да бидеме премногу загрижени за омикрон

“Првите „малку охрабрувачки знаци“ доаѓаат од Јужна Африка кога станува збор за сериозноста на инфекциите со омикрон” , изјавил советникот...

Европа4 часа

(Видео) Со водени топови и солзавец растерани демонстрантите во Брисел

Белгиската полиција денеска употреби водени топови и солзавец за да ја растера групата демонстранти во Брисел. Учесниците на маршот протестираа...

Македонија6 часа

Заев прифати меѓународна истрага за случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и Алмир Алиу

Постигната е согласност Владата да испрати официјално барање до Европската Комисија со кое ќе побара тим од независни експерти кои...

Македонија7 часа

(Видео) Алтернатива доби две министерства и министер без ресор, Гаши и Заев најавија стабилно мнозинство

Алтернатива доби три министерства во Владата на заедничка прес-конференција соопштија претседателот во заминување на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на...

Македонија8 часа

Десет починати и 276 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.720 тестирања,...

Регион10 часа

(Видео) Поројни врнежи од дожд во Хрватска, поплавени улици и патишта

Пороен дожд утрово врне на Јадранот локално и со пороен дожд и грмежи. Во текот на денот се очекуваат обилни...

Топ10 часа

Петмина повредени во судир на автомобил и трактор на патот Битола-Ресен

Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Битола-Ресен, кај „Сопотски ливади“. Несреќата...

Свет11 час

Научниците со нови сознанија: Омикронот можеби презел дел од генот на вирусот на настинката

Новиот сој на коронавирус, омикрон, можеби стекнал барем една од неговите мутации со собирање фрагмент од генетски материјал од друг...

Топ11 час

МВР со апел: Граѓаните да не користат петарди, казните се од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се...

Свет12 часа

Си-Ен-Ен го отпушти најпознатиот водител Крис Куомо, брат на поранешниот гувернер на Њујорк

Американската медиумска куќа Си-Ен-Ен во саботата објави дека водителот Крис Куомо е отпуштен и дека одлуката веднаш стапува на сила....

Македонија1 ден

(Видео) Алтернатива влегува во Владата

Алтернатива на Африм Гаши влезе во Владата, соопшти партискиот портпарол. Ова доаѓа по состанок на Централниот совет. Со мнозинство гласови,...

Свет1 ден

Путин и Бајден во вторник ќе разговараат за Украина

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, ќе разговараат во вторник на 7 декември, соопшти Кремљ....

Свет1 ден

(Видео) Инциденти и апсења на протестите во Австрија – полицијата употреби бибер спреј

Во центарот на Виена попладнево се одржуваат бројни протести на противниците на ковид-мерките и задолжителната вакцинација, поради што многу улици...

Свет1 ден

Русија е можно во јануари да ја нападне Украина, тврди украинскиот министер за одбрана

Американскиот државен секретар Ентони Блинкинен го предупреди својот руски колега дека Москва ќе плати „висока цена“ доколку ја нападне Украина....

Македонија1 ден

15 починати и 355 новозаразени со Ковид-19

Денес се регистрирани 355 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19...

Македонија1 ден

Владата ги замрзна цените на основните артикли

На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на...

Регион1 ден

Омикрон се поблиску до нас – Потврден прв случај во Хрватска

Новиот сој на корона вирусот, кој Светската здравствена организација (СЗО) го нарече омикрон, официјално е регистриран во Хрватска. Оваа информација,...

Топ1 ден

Тешка сообраќајна несреќа во Маџари, загина велосипедист

Велосипедист го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила синоќа во 01.30 часот после полной во Маџари. Според инфорациите...

Свет1 ден

Уапсени родителите на тинејџерот кој изврши масакр во училиште во Мичиген

Џејмс и Џенифер Крамбли, родители на 15-годишниот Итан кој уби четворица ученици и рани седум други во масовно пукање во...

Досие