Контакт

Европа

Орбан: Не ветувам дека ќе има пари за пензии доколку примиме мигранти

Објавено пред

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека не може да вети оти Унгарија ќе има пари за зголемување на пензиите доколку биде принудена да прими мигранти.

Како што рече Орбан, доколку Унгарија мора да биде домаќин на мигранти со трошоци од девет милиони форинти (28.900 евра) за мигрант, најверојатно, земјата нема да има пари за детски додатоци и даночни олеснувања за семејствата со деца. Се наведува дека Орбан во видеоприлогот што го објавил на својата официјална фејсбук-страница рекол дека Унгарија мора да ги заштити сопствените достигнувања и мора да остане Унгарија.

Орбан при претставувањето на кандидатите од својата партија во источниот дел на Унгарија рече дека постојат два типа земји во Европа: оние што се или ќе бидат окупирани од мигранти и оние што нема да дозволат таква инвазија.

„Унгарија припаѓа на втората група“, истакна Орбан.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Меркел: Германија ќе го одобри нацрт-договорот за брегзит

Објавено пред

Германија ќе го одобри нацрт-договорот за брегзит, соопштила германската канцеларка, Ангела Меркел, во обраќање пред пратениците во Бундестагот.

Таа навела дека жали поради излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, но дека Германија ќе ја почитува одлуката.

„Очекуваме дека договорот за брегзит ќе биде потпишан в понеделник. Германската влада ќе го одобри тој договор“, рекла Меркел.

Таа додала дека Шпанија има одредени забелешки за договорот и рекла дека очекува дека сите несогласувања ќе бидат надминати до недела.

Меркел истакнала дека прашањето за границата меѓу Република Ирска и Северна Ирска е голем проблем. Порачала дека Велика Британија нема да може унилатерално да ја напушти царинската унија и дека за датумот за отстапување ќе мора да се договори со ЕУ.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Италија уапсен Египќанец што ја поддржувал Исламската држава

Објавено пред

Во Италија е уапсен Египќанец обвинет за поддршка на Исламската држава, кој планирал да ѝ се придружи на терористичката организација, но ширел и џихадистичка пропаганда преку социјалните мрежи.

Италијанската полицијата соопшти дека е наложено уште еден Египќанец да биде протеран од земјата, а по трет се трага.

Уапсениот е идентификуван како 22-годишниот Елсајед Абдулајем Шалаби, кој наводно бил лидер на ќелијата.

Шалаби работел како чистач во „Мекдоналд“, а полицијата наведува дека преку апликацијата „Телеграм“ споделувал видеа од Исламската држава, меѓу кои и тоа во кое терористичката организација презема одговорност за нападот во Таџикистан од јули годинава кога беа убиени четворица државјани на западните земји.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсен манијак кој сексуално злоупотребил над 300 момчиња во Норвешка

Објавено пред

Според пишувањето на британскиот дневен весник „Гардијан“, 26-годишен Норвежанец е обвинет од тамошните власти за сексуални престапи во кои негови жртви биле над 300 момчиња, што претставува најголем случај од ваква природа во историјата на Норвешка.

Неименуваниот 26-годишник, кој наводно работел како фудбалски судија, во изминатите години преку интернет, најчесто со помош на платформата „Снепчет“, стапил во контакт со стотици момчиња, главно на возраст меѓу 13 и 16 години, а најмалиот од нив имал само 9 години. Во онлајн-комуникацијата тој се претставувал како нивен врсник. Притоа успевал да ги наговори момчињата преку видеоповик да се впуштат во сексуални активности што тој ги снимал. Потоа таквите снимки им ги испраќал и ги уценувал дека ќе ги објави на интернет доколку не му праќаат нови видеа со сексуална содржина.

Полицијата во Осло, по двегодишна истрага, успеала да го лоцира осомничениот, при што на неговиот компјутер биле пронајдени дури 16.463 вакви снимки со момчиња од Норвешка, но и од Данска и Шведска. Дваесет и шестгодишникот е обвинет за сексуална злоупотреба, но во некои случаи и за силување, бидејќи неколку од неговите жртви ги уценил лично да се видат, при што сексуално ги искористил.

Сето ова се случувало во периодот меѓу 2011 и 2016 година, а обвинетиот според изјавата на неговата адвокатка ги признал делата и изразил жалење. Судењето треба да се одржи на почетокот од следната година.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

В петок состанок на телото за помирување

В петок, најверојатно, ќе се одржи состанок на координативното тело за помирување и интеграција. Деталите околу новиот предлог за амнестија...

Бегството на Груевски3 часа

Рот: Правото на азил е гест на хуманост за прогонетите, но не и за пријател на премиерот

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот, упати критики до унгарските власти кои му доделија...

Македонија3 часа

Италијански медиуми: Папата Франциско во мај ќе ја посети Македонија

Папата Франциско во мај следната година ќе ја посети Македонија, објави римокатоличкиот интернет сервис „Религион дигитал“, повикувајќи се на извори...

Свет6 часа

Турција: Не е можно ЦИА да не знае кој дал наредба за убиството на Кашоги

Турција ги обвини САД дека се обидуваат да го игнорираат убиството на новинарот Џамал Кашоги, што се случи во саудискиот...

Бегството на Груевски7 часа

Унгарскиот министер за правда: Унгарија не може да го екстрадира Груевски, тој може да добие патнички документи

Унгарскиот министер за правда, Ласло Трочањи, за телевизијата „Еко“ изјави дека Никола Груевски може да аплицира за патнички документи како...

Македонија8 часа

Сијарто: Унгарските дипломати не го шверцуваа Груевски преку границите, тој имаше документи

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска одржа прес-конференција, на која рече дека Груевски морал да премине преку три...

Македонија8 часа

(Видео) Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Денеска, го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување, недозволиво е на обвинетиот...

Бегството на Груевски9 часа

Директорот на затворот „Скопје“: Мијалков е во ќелија со други затвореници, има право на посети и два часа прошетка

Нема наредба од судот за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, да биде спроведен на рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина“ поврзан со...

Македонија9 часа

Хан очекува објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Еврекомесарот за проширување, Јоханес Хан на Твитер објави дека доколку е потврдена информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски,...

Свет9 часа

(Видео) Американскиот Сенат преку писмо побара од Трамп втора истрага за Кашоги

ЦИА не успеа со сигурност 100 %, да утврди дали саудискиот престолонаследник го наредил убиство на новинарот Џамал Кашоги, изјави...

Македонија9 часа

МЗД: Да се разреши составот на Комисијата која утврди дискриминација кон Груевски

Со утврдувањето дискриминација кон Никола Груевски, Комисијата за заштита од дискриминација покажа селективно и непрофесионално работење, смета Мрежата за заштита...

Македонија20 часа

СЈО барало притвор за Мијалков поради оперативни информации дека ќе бега

Во решението на кривичниот суд за притворот на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, пишува дека мерката му е определена...

Македонија21 час

Адвокатот на Мијалков: Недозволиво е што тој не беше известен за притворот

Недозволиво е судија на претходна постапка или кривичен совет да не ја извести странката, во случајов Сашо Мијалков, дека за...

Македонија23 часа

(Видео) Мијалков спроведен во затворот во Шуто Оризари

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, вечерва е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари поради опасност од бегство, велат...

Македонија24 часа

Владата го одби предлог-законот за амнестија предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Владата на денешната владина седница донесе негативно мислење за предлог-законот за амнестија за настаните од 27 април. „Владата донесе негативно...

Uncategorized1 ден

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија1 ден

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија1 ден

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски1 ден

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Досие