Европа
Полицијата: Напаѓачот од Прага можеби е одговорен и за убиството на маж и двомесечно бебе
Студентот, кој уби најмалку 15 луѓе во пукање на универзитетот во Прага, можеби е одговорен и за убиството на маж и бебе во Клановице.
„Многу сериозно ги испитуваме наводите, кои се многу реални во моментот, дека напаѓачот е одговорен и за две жртви од крајот на минатата недела во Клановице“, рече началникот на полицијата, Мартин Вондрашек, на прес-конференција, пренесува чешкиот портал „Новинки“.
Минатата недела на 15 декември непознато лице пукаше и уби 32-годишен маж и неговата двомесечна ќерка во Клановице, но полицијата сѐ уште не го пронајде одговорниот за двојното убиство.
На универзитетот во Прага повредени се 30-ина лица, а напаѓачот е убиен. Чешката полиција соопшти и дека таткото на осомничениот за престрелката вчера бил пронајден мртов, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
