Европа
Полска: Поднесено тужбено барање против Туск во врска со падот на претседателскиот авион

Полскиот министер за одбрана Антониј Мачеревич изјави дека во полското обвинителство е поднесено барање во врска со криминални активности на актуелниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, додека бил полски премиер, поради сомневањата за неговата вмешаност во истрагата за падот на претседателскиот авион крај руски Смоленск.
Во интервјуто за весникот Gazeta Prawna, министерот за одбрана Антониј Мачеревич, рече дека поранешниот премиер на Полска, Доналд Туск учествувал во заговор кој ѝ нанел штети на земјата.
„Никаква должност во полските или европските институции не го ослободуваат од одговорноста за тешките кривични дела за коишто се сомничи Туск“, вели министерот. Одговарајќи на прашањето кој треба да го поднесе тужбеното барање, Мачеревич одговара со „Тоа е веќе поднесено“, но притоа не прецизира кој го сторил тоа.
Како што пренесе полската јавна телевизија, Државното обвинителство на Полска потврдило дека од министерот за одбрана во понеделникот примиле барање коешто се однесува на „дипломатско предавство“. Притоа беше објавено дека „барањето е врзано со авионската несреќа крај Смоленск на 10-ти април 2010 година, како и за истрагата за причините и околностите за трагедијата“.
„Тужбеното барање потпишано од министерот за одбрана се однесува на 129 точки, за кои се предвидуваат казни до 10 години затвор за лица коишто во односите со влади на други држави или со странски организации ѝ нанеле штети на Полска“, прецизираше портпаролката на полското Државно обвинителство, Ева Бјалик.
На 10-ти април 2010 година во несреќата на авионот на тогашниот полски претседателски авион „Ту-154“ во близна на рускиот западен град Смоленск, при што загинаа сите 96 патници, покрај највисоките јавни, политички и воени личности и претседателот Лех Качински, братот близнак на Јарослав Качински челникот на сега владејачката партија Правда и справедливост (PiS).
Во истрагата за трагедијата ја водеа обвинителството на Полска, како и руската истражна комисија.
Во 2011 година полската владина комисија за истражување на околностите за несреќата воден од Јиржи Милер, наведе дека причина за падот е „симнувањето на авионот под минималната височина при преголема брзина во метеоролошки услови кои не овозможувале визуелен контакт со земјата, како и задоцнетото започнување на вториот круг“. Во извештајот на комисијата поднесен 15 месеци по трагедијата, меѓу причините за падот е спомената и грешка на екипажот кој го игнорирал системот за рано предупредување за судир со почвата, како и предупредувањата на белоруските и руските контролори на летот за лошите временски услови и маглата на аеродромот во Смоленск.
Меѓутоа, со ваквите заклучоци не се согласува партијата на Јарослав Качински. Откако оваа PiS уверливо победи на изборите во октомври 2015 година, нејзините претставници почнаа процедура за ревизија на експертската истрага, формираа поткомисија којашто ја обновува истрагата за авионската несреќа. Тие го обвинуваат Туск дека како премиер намерно носел погрешни одлуки во врска со страгата и соработката со руската страна./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Хорор во Шпанија: бик уби човек на фестивал

Човек почина од повредите здобиени кога го удри бик на фестивал во источна Шпанија, соопштија денеска властите.
Шпанецот бил погоден во рамо од бик за време на одржувањето на фестивалот на бикови во градот Побла де Фарналс во регионот Валенсија во саботата, по што бил пренесен во болница, но подоцна починал, соопштија тамошните власти, пишува „Ројтерс“.
Тие изјавија дека истиот бик удрил по нога друг Шпанец и дека тој е во болница во стабилна состојба.
На фестивалот, биковите се пуштаат на улиците, а тркачите се тркаат пред нив, традиционален настан во повеќе од 1.820 шпански општини секоја година, според неодамнешното истражување на групата за заштита на животните AnimaNaturalis.
Ваквите фестивали се популарни, а активистите за правата на животните велат дека се опасни и сурови и се залагаат за нивно укинување во последните години.
Европа
Се урна автопат во Шведска, три лица се пренесени во болница

Голем дел од автопатот во југозападна Шведска се урна во текот на ноќта, поради што три лица со полесни повреди се пренесени во болница, соопшти денеска полицијата.
Свлечиштето го оштети автопатот меѓу вториот по големина град во Шведска, Гетеборг и главниот град на Норвешка, Осло, во близина на градот Стенунгсунд, околу 50 километри северно од Гетеборг на западниот брег на Шведска.
„Најтешко погодените делови од областа на свлечиштето се со големина од околу 150 x 100 метри. Севкупно, сепак, свлечиштето зафати површина од околу 700 x 200 метри“, се вели во соопштението од спасувачката служба на Гетеборг.
Landslide Destroys Main E6 Sweden-Norway Highway https://t.co/AwGxhkDd1W
— Life in Norway (@lifeinnorway) September 23, 2023
Одронот затрупа десетина возила, шумска површина, деловна површина со бензинска пумпа и ресторан за брза храна, соопштија спасувачките служби.
Пожарникарите им помогнале на луѓето да излезат од возилата со помош на хеликоптер
„Во реонот на свлечиштето, пожарникарите со помош на хеликоптер им помогнаа на голем број луѓе да излезат од возилото“, се додава.
Неколку автомобили и камион паднале во дупките и пукнатините предизвикани од одронот, јави шведската новинска агенција ТТ. Портпаролот на спасувачката служба за јавниот радиодифузен сервис СВТ изјави дека на сите лица во возилата им била укажана помош.
Полицијата на својата веб-страница објави дека покренала истрага дали свлечиштето е предизвикано од работи на блиско градилиште.
„Се уште не е познато дали има некаква поврзаност помеѓу минирањето/работата на локацијата и одронот“, велат тие.
„Во моментов ниту едно лице не е осомничено за кривично дело“, се додава.
Спасувачката служба соопшти дека специјално обучен персонал и кучиња трагачи сега ќе ја пребаруваат областа и не може да се исклучи можноста за понатамошни одрони.
Европа
(Видео) Огромна експлозија во Севастопол, Русија: погодено седиштето на Црноморската флота

Денеска, се случи силна експлозија во Севастопол. Не станува збор само за најголемиот град на украинскиот полуостров Крим, кој беше присоединет од Русите во 2014 година, туку и клучно пристаниште, каде што е сместена руската Црноморска флота.
Севастопол од неодамна често е цел на украински воени беспилотни летала и крстосувачки ракети. Според фотографиите и видеата што денеска се проширија на социјалните мрежи, се чини дека експлозијата се случила токму во пристаништето, каде што често се наоѓаат руски воени бродови.
/2. Video from Sevastopol. According to the locals on the video there were missiles flying right over them before the explosion. pic.twitter.com/8MahbiIBd3
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) September 22, 2023
Неофицијалните канали на „Твитер“, блиски до украинската страна, објавија видео на кое се гледа облак чад, а локалните жители велат дека виделе ракети над градот непосредно пред експлозијата.
💥 Video of the hit pic.twitter.com/slk02aVyPq
— Ukrainska Pravda in English (@pravda_eng) September 22, 2023
Русите потврдија: Погодено е седиштето на Црноморската флота
Најмалку една украинска ракета го погоди седиштето на руската Црноморска флота во Севастопол, изјави локалниот проруски гувернер, Михаил Развозаев.