Европа
Полското обвинителство го товари Туск за врски со Кремљ и поврзаност со смртта на претседателот Качински
Претседателот на Европскиот совет и поранешен полски премиер Доналд Туск е поканет на разговор во Окружното обвинителство во Варшава, пренесуваат полските медиуми.
Шефот на ЕУ се очекува да даде изјава во врска со покренатиот предмет против поранешните раководителите на полската Воена контра-разузнавачка служба, кои се осомничени за контакти со руската тајна служба ФСБ, кои наводно бил остварени без одобрение на властите на земјата.
Случајот е крајно сомнителен. Во декември 2016 година, Обвинителството покрена обвинение против двајца поранешни раководители на КОС – генералите Јануш Носек и Петра Питеља за “злоупотреба на службената положба”: Наводно тие соработувале со странски специјални служби без одобрение на шефот на владата.
Во врска со скандалот, полските медиуми посочуваат на некои детали, како на пример, на склучениот договор помеѓу КОС и на ФСБ од април 2010 година. Тој бил потпишан, веднаш по авионската несреќа на претседателскиот авионот Ту-154M, кој падна кај Смоленск.
Тогаш загинаа полскиот претседател Лех Качински, неговата сопруга, речиси целиот воен врв на државата, како и многу политичари и јавни личности – вкупно 88 патници и девет членови на екипажот.
Договорот , меѓу другото, се занимава со разни видови на технички прашања и формална соработка, со цел да не се дозволи таква катастрофа во иднина. Телевизијата TVN објави дека условите на договорот се однесуваат и на повлекувањето на полскиот воен контингент од Авганистан, кој мина преку територијата на Русија.
“Договорот направи мошне ефикасно и безбедно да се повлечат полските војници и опрема”, велат извори за TVN.
Некои новинари отидоа многу понатаму во своите своите коментари. Полска Газета тврди дека контра-разузнавањето го следел полскиот обвинител Марек Пасенко, кој ја водеше истрагата за случајот на авионската несреќа. Контраразузнавачите биле заинтересирани за контактите на Пасенко со официјални лица и експерти на воздухопловна техника на САД. Мониторингот, наводно се вршел во интерес на ФСБ.
Покрај тоа, според тврдењата на новинарите, членови на ФСБ, слободно, без никакви ограничувања се шетале низ седиштето на КОС. Но, овој вид на работа тешко дека е остварен, бидејќи Полска не ја сака Русија.
Во програмата на радио RMF, генерал Јанош Носек изјави дека договорот не можел да биде потпишен без согласност на Туск – кој во тоа време беше премиер на Полска.
“На овој начин, аферата добива политички карактер. Таа има за цел да се дискредитира раководството на тајната служба во време на владеењето на “Граѓанската платформа”, односно непосредно поранешниот премиер”, вели пензионираниот генерал.
Ако Туск дал такво одобрение и тоа го изјавил пред истражните органи, правните обвинувања против КОС ќе бидат безначајни, но затоа ќе можат да го обвинат Туск за врските со Кремљ и со ФСБ.
Без разлика што договорот кој бил скучен пред седум години, се однесувал на безбедноста на летовите и на повлекувањето на полската војска од Авганистан. Сепак во овој момент, обвинението ќе добие на цена, бидејќи постојат големи тензиите меѓу Москва и Брисел, а тоа ја зазгрозува кариерата на Туск./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
