Контакт

Европа

Поради жестоки реакции, Австрија ги отстрани израелските знамиња од државните институции

Објавено пред

Израелските знамиња, поставени на зградите на институциите во Австрија во знак на солидарност со Израел, беа отстранети поради жестоките реакции во јавноста.

Израелските знамиња, кои беа поставени на зградите на владата и Министерството за надворешни работи претходните денови, беа спуштени без никакво образложение.

Тврдејќи дека ваквата постапка е спротивна на принципот на неутралност, многубројни невладини организации, здруженија, академици и политичари реагираа силно на отворената поддршка на премиерот Себастијан Курц на една од завојуваните страни во регионот на Блискиот Исток со подигање на израелското знаме на зградата на владата.

На 14 мај Курц објави на „Твитер“ дека израелското знаме е поставено на зградата на владата во знак на солидарност со Израел.

Отворената поддршка на Курц за Израел, кој ги интензивира нападите врз Палестинците во Појасот Газа во последните денови, предизвика реакции кај голем број земји, особено од Турција, пишуваат австриските гласила.

И покрај реакциите од целиот свет, Израел продолжи со жестоките напади врз Газа, каде што живеат околу два милиона луѓе, анализираат медиумите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

Објавено пред

Oткако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана за осветлување на стадионот во Минхен во боите на виножито за време на денешниот меч меѓу Германија и Унгарија, унгарскиот премиер Виктор Орбан ја откажа планираната посета на настанот.

„Дали стадион во Минхен или некој друг стадион во Европа ќе светне во боите на виножитото, не е одлука што е во рацете на државата“, рече Орбан.

Тој додаде дека и во Будимпешта знамињата во боја на виножито се дел од уличниот колирит и дека тоа е разбирливо.

Во изјава за германската новинска агенција (ДПА), Орбан истакна дека хомосексуалците во Унгарија денеска, за разлика од времето на комунизмот, уживаат заштита од државата.

Според германските медиуми, Орбан вечерва ќе отпатува за Брисел наместо планираната посета на мечот од Европското фудбалско првенство меѓу Германија и Унгарија во Минхен.

Претходно, неколку германски политичари, вклучително и баварскиот премиер, Маркус Содер (Христијанско-социјалната унија – ЦСУ) и градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер (Социјалдемократска партија на Германија – СПД), ја критикуваа одлуката на УЕФА да го одбие предлогот на Минхен за осветлување на „Алијанц Арената“, на која ќе се игра натпреварот, во боите на виножитото.

УЕФА ја посочи својата политичка и религиозна неутралност и заклучи дека акцијата во Минхен е планирана како политичка акција во знак на протест против конкретната одлука на унгарскиот парламент каде неодамна беше усвоен закон, кој многу критичари го оценуваат како хомофобичен.

Според нив, законот има за цел да го скрати правото на младите да бидат информирани за хомосексуалноста и транссексуалноста.

Содер ја опиша одлуката на УЕФА како разочарувачка и несоодветна.

„Овде се работи за слобода против дискриминацијата. Знамето на виножитото во овој контекст се залага за слобода и модерна демократија“, рече Содер за јавниот сервис БР.

Градоначалникот на Минхен, Рајтер, објави дека вечерва од Минхен, и покрај забраната на УЕФА, ќе се испратат сигнали во насока на Унгарија и остатокот од светот.

Тој најави поставување знамиња во боја на виножито на Градското собрание во Минхен, а се планира да се осветли и една ветерница за електрична енергија, која се наоѓа во непосредна близина на стадионот.

Акции на стадионот и околу него најавија и ЛГБТ здруженија од Минхен, кои очекуваат многу гледачи на стадионот да понесат со себе знамиња во боја на виножитото.

Прикажи повеќе...

Европа

Жестоки напади поради санкциите – Лукашенко го нарече Хајко Мас „нацистички наследник“

Објавено пред

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, остро ги нападна Германија и министерот за надворешни работи на таа земја, Хајко Мас, заради новите санкции од ЕУ.

На одбележувањето на 80-годишнината од нападот на нацистичка Германија врз СССР, Лукашенко рече дека Мас е „нацистички наследник“.

„Она што не го очекувавме е Германија да учествува во овој колективен заговор“, рече тој.

Лукашенко посочи дека датумот на воведување на санкции е намерно избран, бидејќи тој е симболичен.

„Поминаа 80 години и што сега? Што е ова? Дали е ова нова војна?“, запраша Лукашенко.

Што се однесува до Германија, тој рече дека „тоа не го очекувал од оние чии предци го убиле секој трет Белорус“, а во исто време јавно го праша Мас дали тој е „Германец кој се кае за злосторствата од минатото или наследник на нацистите“.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел примила вакцина од „Модерна“ по првата доза од „Астразенека“

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, примила втора доза од вакцината на „Модерна“, по првата доза од „Астразенека“, соопшти нејзиниот кабинет.

„Да, потврдуваме дека германската канцеларка неодамна ја доби втората доза на вакцина од американската компанија ‘Модерна’, откако прими прва доза од шведско-британската ‘Астразенека’ на 16 април“, соопштил портпаролот на канцеларката.

66-годишната Меркел ја прими вакцината на „Астразенека“ на 16 април, чија употреба беше суспендирана во Германија некое време, откако беа пријавени неколку случаи на згрутчување на крвта во Европа.

Употребата на таа вакцината, која првично ја примија повеќе германски официјални лица, вклучувајќи го и претседателот Франк-Валтер Штајнмаер, во Германија е резервирана за луѓе над 60 години.

Неколку земји, меѓу кои и Германија, одлучија да дадат втора доза на вакцина која ја користи таканаречента технологија на информациона РНК, како што се оние на „Фајзер“ / „Бионтек“ или „Модерна“ и да применат комбинација на вакцини по првата доза од „Астразенека“.

Повеќе од половина (51,2 проценти) од германското население, или 42,5 милиони луѓе, примиле барем една доза на вакцина, а 26,3 милиони, или 31,6 проценти, се целосно вакцинирани, според податоците објавени од институтот „Роберт Кох“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Омбудсман: МВР да утврди одговорност кај службите за прекинот во издавањето лични документи

Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи...

Европа55 минути

По најавите дека стадионот во Минхен ќе свети во боите на виножитото, Орбан не доаѓа на натпреварот

Oткако неколку германски политичари жестоко ја критикуваа одлуката на УЕФА за забрана за осветлување на стадионот во Минхен во боите...

Македонија2 часа

Македонија на листата на безбедни земји за патување во Австрија

Три балкански држави се најдоа на австриската листа на безбедни земји за патување. Австриското Министерство за здравство ги објави имињата...

Македонија2 часа

Атина гневна зошто Заев на „Твитер“ напишал македонска фудбалска репрезентација

Грција го замрзнува ратификувањето на меморандуми за соработка со Северна Македонија поради објава на премиерот Зоран Заев на „Твитер“ за...

Свет4 часа

Најлошото допрва доаѓа, алармантно предупредување на научниците за клима

Недостиг на вода, глад, исчезнување на одредени видови животни и растенија, животот на Земјата, неизбежно ќе се трансформира со климатските...

Свет4 часа

Убијците на Кашоги поминале обука во САД, одобрена од Владата

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги во Истанбул во 2018 година, поминале обука...

Македонија17 часа

Владата одлучи дека компаниите за превоз можат да возат со полни автобуси

Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се одобри превоз на патници, со максимален...

Македонија18 часа

Влада: Ахмети не разговарал со СДСМ и Заев за промена на знамето, грбот или химната

Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб...

Македонија19 часа

Бугарија не ја трга блокадата за Македонија, но го пофали прогресот на Албанија

Бугарија го потврди својот став за европската перспектива на Република Северна Македонија на денешниот редовен состанок на Советот за општи...

Македонија21 час

13 нови случаи на Ковид-19, починати нема

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.952 тестирања, а регистрирани се 13 нови случаи на...

Македонија1 ден

И во кризната 2020 година општините потрошиле на тендери исто колку и во 2019 година, лидер е Град Скопје

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ја објави Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2020 година според која...

Македонија1 ден

Филипче очекува до крајот на летото да постигнеме колективен имунитет

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува до крајот на летото да биде постигнат колективен имунитет. Според планот за имунизација, како...

Свет1 ден

Кубанска вакцина против коронавирус покажа 92,28 проценти ефикасност

Кандидатот за вакцина „Абдала“ против коронавирус, изработена од Куба, која е и прва што се развива во Латинска Америка, покажа...

Свет1 ден

(Видео) Предградие во Чикаго погодено од торнадо

Торнадо погоди густо предградие на Чикаго, оштетувајќи повеќе од 100 куќи. Невремето собори десетици дрвја, а на некои места електричната...

Македонија1 ден

Палмер: Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, изјави заменик помошникот државен секретар за европски и...

Свет1 ден

СЗО: Половина од сиромашните земји немаат доволно вакцини

Повеќе од половина од посиромашните земји во светот кои примаат вакцини против коронавирус преку програмата за размена „Ковакс“ немаат доволно...

Спорт2 дена

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт2 дена

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт2 дена

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Македонија2 дена

Нема најава за нови рестрикции по вториот случај на индиски вид во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, но засега нема...

Досие