Европа
Португалија ќе одлучува за легализирање на евтаназијата

Португалскиот парламент денеска ќе одлучува за законот со кој се дозволува доброволна смрт со медицинска помош, со што ќе биде четвртата во Европа што ја легализира евтаназијата. Белгија, Холандија и Луксембург се трите земји во Европа во кои евтаназијата е легална.
Предлог-законот го легализира пристапот до асистирано самоубиство за постарите пациенти во ситуација на „екстремно страдање и неповратна попреченост“.Лекарите и психијатрите треба да ја потврдат одлуката доколку има сомнеж во способноста на пациентот самиот да направи избор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Бандите од Балканот на големо се спремаат за забава по короната, тврдат австриските власти

Директорот на сојузната Криминалистичка служба на Австрија предупредува дека организирани криминални банди од Балканот и Источна Европа веќе се подготвуваат за отворањето на границите.
Генералот Андреас Холцер, поранешен шеф на специјалната единица што се занимаваше со корупциската афера „Ибица“, во интервју за виенскиот дневен весник „Кронен цајтунг“ посочува дека фокусот на неговата работа ќе биде борбата против компјутерскиот криминал.
Тој најави двојно зголемување на службениците во специјализираното одделение што ќе се занимава со гонење на компјутерски криминал.
„Добрата истрага е уметност. Покрај вообичаените активности, како што се тајна истрага и набљудување, сакам да ја вклучам стручноста на науката и помошта на надворешни експерти од универзитетите”, нагласи Холцер.
Кога станува збор за моменталната безбедносна состојба во Австрија, тој вели дека пандемијата и добрата полициска работа го запреле криминалот против имотот.
„Сепак, организираните банди од Балканот и Источна Европа веќе се подготвуваат за отворање на границите и за ‘афтер корона забава’“, подвлече Холцер.
Европа
Германија ги попушта мерките, се отвораат фризерските салони

Фризерите ширум Германија од денес ги отвораат салоните денес по двомесечна забрана, што е уште еден претпазлив чекор кон отворање на државата која сака да ги олесни мерките, но истовремено е загрижена за многу заразните видови на коронавирусот.
Претходно, учениците од основните училишта се вратија на своите клупи пред една недела, а канцеларката Ангела Меркел и премиерите на 16 покраини в среда повторно ќе се состанат за да одлучат во која насока ќе одат ограничувачките мерки, објави АП.
Некои провинции веќе дозволија да се отворат продавници, како што се цвеќарници и продавници за компјутерска опрема.
Повеќето продавници се затворени од 16 декември, а рестораните, кафулињата, спортските објекти и спортските сали се затворени од 2 ноември.
Европа
Курц ја критикуваше Европската Агенција за лекови за вакцините

Австрискиот канцелар Себастијан Курц остро ја критикуваше Европската агенција за лекови, барајќи побрзо издавање на одобренија за вакцини за коронавирус, информираат тамошните медиуми.
„Не може во други земји вакцината да се одобрува побрзо отколку што тоа го прави Европската агенција“ рече Курц.
Како причина за критиката тој го наведува одобрението за вакцината од компанијата „Џонсон и Џонсон“ во САД.
„Европската агенција за лекови сега е поканета да ја одобри вакцината „Џонсон и Џонсон“ што е можно побрзо, небирократски и во согласност со сите научни стандарди – нагласи Курц во изјавата.
Тој процени дека вакцината може да донесе пресврт во борбата против пандемијата, бидејќи е потребна само една вакцина за целосна имунизација и може да се чува во обичен фрижидер.
Покрај тоа, нагласува тој, вакцината има висок ефект против сериозни болести.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран