Европа
Почина најстариот во рускиот царски род Романови
Кнезот Дмитриј Романович Романов починал во болница во Данска на 91-годишн возраст, една седмица откако бил хоспитализиран, пренесуваат руските медиуми повикувајќи се на шефот на Руската императорска куќа, Александр Закатов.
Закатов истакнал дека големата кнегиња Марија Владимировна Романова е во голема тага поради смртта на најстариот член на руското царско семејство „кој во одредена смисла е поврзан со историјата на стара Русија“.
Кнезот Дмитриј Романов е праправнук на царот Николај Први, и е од ткн „николаевската“ гранка на родот Романови. Тој последните години живеел во данската престолнина Копенхген со сопругата кнегињата Федора Алексеевна, но редовно патувал во Русија и учествувал во религиозни и политички настани, и бил ангажиран во хуманитарни активности, помагајќи болници и детски домови.
Кнезот е роден на 17-ти мај 1926 година во Антиб, Франција, каде што неговите родители емигрирале. По професија бил историчар и писател. Неговиот татко Роман Петрович бил братучед и е крстен од последниот руски цар Николај Втори, а мајката Прасковја Димитриевна била ќерка на грофот Дмитриј Шереметев, познати личности од руската историја на почетокот од минатиот век.
Тој во својот дом постојано чувал шише со земја од Крим, од каде што неговите родители биле принудени да ја напуштат Русија во текот на граѓанската војна, а последните години често патувал во татковината во случаите кога беа пренесувани останките во водењето на ексхумацијата на од членовите на царското семејство. Последен пат бил во Русија во октомври 2016 година, кога е одликуван со орденот на Александар Невски „за заслуги за ширењето во странство на историското и културно наследство“ на татковината./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
