Daily news
Предупредување од Германија: Русите го губат трпението
Санкциите кои на Русија и се наметнати од страна на Европската унија (ЕУ) предизвикуваат негативности во трговија и треба полека да се отстрануваат , вели Марио Менрен, шефот на најголемиот произведувач на нафта во Германија, пренесуваат светските агенции.
Тој посочува дека тој не е единствениот кој го има овој проблем, и според него овие санкции придонесуваат само за влошување на состојбата во земјоделството и трговијата меѓу Русија и Европа, а не ја решаваат политичката криза заради која беа воведени ове мерки.
Исто така Менрен предупредува дека Европа може да ја изгуби Русија како партнер доколку овие мерки не престанат.
„Москва го губи трпението и може да ни го заврти грбот“, додава тој, повикувајќи ја Европската унија да посочи конкретни чекори за излегување од политичката криза. Според него, досегашните мерки на ЕУ за Договорот од Минск не донеле резултати./крај/мф/ем
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
