Европа
Претседателката на Словачка го повика премиерот да си даде оставка

Словачката претседателка Зузана Чапутова денеска го повика премиерот Игор Матовиќ да поднесе оставка со цел да се стави крај на политичката криза во таа земја.
„Неизбежно е дека со неговата оставка тој ќе дозволи договор меѓу коалициските партнери за реконструкција на владата“, рече Чапутова, пренесува „Ројтерс“.
Претходно денес, оставка поднесе министерката за правда, Марија Коликова, која својата одлука ја образложи со изјавата на Матовиќ дека ќе поднесе оставка само доколку таа, министерот за економија, Ричард Сулик, заменик-претседателот на собранието, Јурај Селига, и претседателката на здравствениот комитет, Јана Бито Циганикова, поднесат оставка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Австрија го укинува полицискиот час и ги отвора рестораните

Австрија планира да ги ублажи епидемиолошките ограничувања на 19 мај, што вклучува отворање на рестораните, хотелите и театрите, првпат по повеќе од пет месеци.
Во февруари беше дозволено да се отворат продавниците и беше воведен ноќен полициски час, наместо целодневното ограничување на движењето.
Поради зголемениот број на заразени на истокот од земјата, Виена и соседните провинции воведоа затворање за Велигден, кое сè уште е на сила.
Австрија регистрира по над две илјади лица заразени со Ковид-19 дневно.
„Светлото на крајот од тунелот станува сѐ појасно“, рече канцеларот Себастијан Курц на прес-конференција.
Тој рече дека олеснувањето на мерките веројатно ќе го зголеми бројот на заразени, но додаде дека забрзувањето на вакцинацијата, особено на лицата над 65 години, значи дека бројот на хоспитализирани не мора да се зголеми.
Во исто време, владата преку соопштение објави дека ќе се укине полицискиот час, но останува на сила забраната за дружење со повеќе од четири возрасни лица од 22 часот навечер до 5 часот наутро.
Максимум 10 лица ќе можат да седат на маса на терасите во рестораните и кафулињата и четири лица во затворен простор, додека културните и другите настани ќе бидат ограничени на 3.000 луѓе надвор и 1.500 внатре.
Повторно ќе бидат дозволени спортските активности во затворено и на отворено.
Децата и младите ќе се вратат во училиштата на 17 мај.
„Би било најбезбедно да оставиме сè затворено засекогаш, но тоа не е од наш интерес“, потенцира Курц, додавајќи дека прашањата за образованието, работните места и психолошкото здравје на Австријците е, исто така, важно.
Европа
Напаѓач со нож уби полицајка во Франција

Напаѓач во Франција со нож до смрт избоде полицајка во полициска станица во близина на Париз по што беше застрелан од други полицајци, пишува „Ле Фигаро“.
За време на нападот, напаѓачот извикувал: „Алах акбар“.
Инцидентот се случил околу 14.20 часот, рекол полициски извор, додавајќи дека и жртвата и напаѓачот, и двајцата туниски државјанин, се мртви.
Напаѓачот наводно пристигнал во Франција во 2009 година.
Европа
Русија протера пет полски дипломати како одговор на потегот на Варшава

Руското Министерство за надворешни работи прогласи пет лица вработени во полската амбасада за персона нон грата, наведувајќи дека треба да ја напуштат Русија до 15 мај, пренесуваат руските агенции.
Во соопштението се вели дека станува збор за реципрочен одговор на потегот на Варшава, којa на 15 април прогласи тројца претставници на руската амбасада за непожелни, повикувајќи се на наводнo кршење на правилата за дипломатски статус и активности на штета на Полска.
Полскиот амбасадор, кој денес беше поканет во руското Министерство за надворешни работи, беше информиран за одлуката на Москва.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?