Контакт

Европа

Приходите на хотелите во Барселона летово паднаа за 14 отсто

Објавено пред

Туризмот сочинува околу 11 отсто од шпанскиот БДП и е најголемиот работодавец во земјата, намалувањето на бројот на посетители во клучниот месец јули покажува дека трендот на пораст по неколку рекордни години можеби достигнал врв.

Пополнетоста на хотелите во Барселона е незначително намалена во тој период, но нивниот приход е намален за 7 отсто што се должи на намалувањето на цените во јули и за дополнителни 19 отсто во август.
Здружението Греми д ‘Хотелс де Барселона го критикува односот на градските власти кон туризмот, предупредувајќи дека имиџот на градот го нарушува влошената безбедноста, честите примери на антисоцијално однесување и недоволно чистење на јавните површини.

Претседателот на групата, Жорди Клос, го истакна случајот кога еден уличен продавач нападна турист од САД, како и зачестените кривични дела, како што се кражби на часовници на влезовите на хотелите.

Намалените приходи на хотелите Клос ги припишува на политичката нестабилност, очигледно алудирајќи на барањето за автономија на Каталонија поради што Мадрид минатата година воведе директна управа во регионот, како и на штрајковите на аеродромите и терористичките напади во август минатата година.

Европа

Жителите на град во Франција мора да бидат весели една недела

Објавено пред

Градоначалникот на општина во западниот дел на Франција донесе уредба со која жителите треба да бидат весели една недела во октомври во периодот на одржувањето на локалниот фестивал што забранува читање книги и приказни со тажен крај и слушање тажна музика.

Фреди Рифо, непартиски градоначалник на Есар-ан-Боказ (9.000 жители), објави службена одлука на градот да се одржи првиот музички фестивал „Радосен град“ од 5 до 11 октомври.

Одлуката на 13 септември забранува емитување музика што може да звучи депресивно или тажно, филмови, приказни или книги што немаат среќен крај. Тој ги повика жителите да произведуваат ендорфин, хормон на среќа, така што ќе се смеат најмалку трипати на ден.

Фреди Рифо, кој работи со скратено работно време во ИТ-секторот, објасни дека земјата премногу е во мрачно расположение, па неговата уредба придонесува за напорите да се разбуди духот на радоста во комерцијалната дејност и населението во неговата општина.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон и Конте во Рим разговараа за миграциските политики

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во средата се сретна со италијанскиот премиер Џузепе Конте. Макрон е првиот европски лидер што го посетил Рим по формирањето на новата влада.

Коалициската влада на Конте со Демократската партија беше потврдена од италијанскиот парламент минатата недела.

Главното прашање за кое дискутираа двајцата лидери беше миграцијата. Макрон тврди дека политиката за баратели на азил и миграција мора да биде похумана, солидарна и ефикасна.

„Ние сме колективно неефикасни во заштитата на оние што имаат право да бараат азил и во враќањето на оние што немаат такво право“, рече Макрон на прес-конференцијата.

Конте рече дека сакаат да најдат начин да ја направат ЕУ посоцијална, побезбедна, поеколошка и посилна во светот.

Лидерите зборуваа и за конфликтот во Либија. Макрон рече дека тие се согласуваат дека решение може да се најде само со политички компромис и дискусија.

По состанокот со Конте во средата, Макрон напиша на „Твитер“: „Француско-италијанското пријателство е неуништливо. Понекогаш не се согласуваме. Понекогаш се караме или не се разбираме едни со други. Но, секогаш сме обединети“.

Односите меѓу двете земји беа тензични за време на претходната влада, која ги вклучуваше партијата на Матео Салвини и Движењето Пет ѕвезди.

Салвини имаше остар став во однос на миграцијата забранувајќи им на спасувачките бродови да влезат во италијанските води.

Состанокот во средата многумина го сметаат за ресетирање на француско-италијанските односи. Макрон се сретна и со италијанскиот претседател Серџо Матарела.

Прикажи повеќе...

Европа

Ограбен замок од 17 век во Франција

Објавено пред

Непознати крадци провалиле во еден од најраскошните замоци во Франција, ги врзале сопствениците и зеле накит и пари во вредност од најмалку два милиона евра, соопштија властите.

„Полицијата трага по шестмина сторители на грабежот што се случи во замокот Во-ли-Виком, југоисточно од Париз“, рече обвинителката Беатрис Ангелеџи-Ламот.

Таа додаде дека разбојниците веројатно не биле вооружени и дека сопствениците, брачна двојка на возраст од 80-ина години, не биле повредени.

Замокот од 17 век со својот барокен гламур привлекува sвезди од целиот свет, а особено стана познат по свадбата во 2007 година на актерката Ева Лонгорија и кошаркарот на НБА, Тони Паркер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Обвинение против ексградоначалник на Демир Хисар, незаконски вработувал луѓе

Битолското Обвинителство поднесе обвинение против три лица за незаконски вработувања. Обвинети се поранешен градоначалник на Демир Хисар, раководител на Центарот...

Македонија5 часа

(Видео) Трајанов: Со една изборна единица ќе се стави крај на прелевањето на гласовите на малите партии

Претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека очекува поддршка со консензус на иницијативата за промена на Изборниот законик да...

Македонија5 часа

Судењето за „Талир 2“ повторно одложено

Судењето за предметот „Талир 2“ на СЈО, судијката Даниела Алексова-Стојановска го одложи за 15 октомври. Причина за одлагањето е доуредување...

Регион5 часа

Mакедонски државјанин фатен при шверц на антички предмети на граничниот премин Прешево

Српските цариници во соработка со полицијата, во вторникот, 17 септември, на граничниот премин Прешево спречија обид за шверц на антички...

Топ6 часа

Обвинение и за девојката што учествувала во убиството на Пино Секондо

Обвинителството поведе обвинение и против девојка од Скопје за која се смета дека е соизвршител во убиството на Пино Секондо,...

Македонија6 часа

Палмер: САД се надеваат дека Северна Македонија ќе ги почне преговорите во октомври

Специјалниот претставник на државниот секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер, вели дека очекува Северна Македонија да ги почне...

Топ7 часа

Тракторист загина во сообраќајна несреќа на патот Струга – Дебар

Четириесет и осумгодишен тракторист од струшкото село Велешта загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на регионалниот пат Струга...

Свет8 часа

Обелоденети 76 милиони податоци од Mинистерството за внатрешни работи на Австрија

Во Министерството за внатрешни работи на Австрија, според информациите од интернет-страницата „Буре без дно“, дошло до масивно обелоденување полициски податоци....

Свет8 часа

(Видео) Уапсен маж кој пукаше и го блокира стратешкиот мост во Киев

Украинските специјални сили уапсија вооружен маж кој го блокира стратешкиот мост во Киев и се закани дека ќе предизвика експлозија...

Свет8 часа

Њујорк и Мичиген ги забранија ароматизираните електронски цигари

Њујорк е првата сојузна американска држава која забрани продажба на ароматизирани електронски цигари по речиси 400 случаи на сериозни болести...

Македонија9 часа

Собранието ја почнува расправата за ребалансот на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот...

Македонија9 часа

Здружението Е.Д.Е.Н. предлага субвенционирање фотоволтаици за борба против загадувањето

Според извештајот на Европската агенција за животна средина објавен во 2018 година во земјава околу 3.000 смртни случаи годишно се...

Спорт22 часа

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија1 ден

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија1 ден

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија1 ден

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија1 ден

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија1 ден

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ1 ден

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Досие