Контакт

Европа

Рама: Срамно, Бугарија киднапира две членки на НАТО

Објавено пред

Премиерот на Албанија, Еди Рама, по пристигнувањето на самитот на ЕУ, повтори дека е срамота што една земја на НАТО, Бугарија, киднапирала уште две членки, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Како што истакнал, таа земја ги блокира Северна Македонија и Албанија на нивниот европски пат во време кога во европската заднина беснее жешка војна, а 26 земји мирно седат и ја покажуваат својата беспомошност.

Рама им рекол на новинарите дека ова е нов ден во Европа, но не и во Бугарија. Тој изјавил дека Албанија знае оти секогаш има некоја Бугарија на европскиот пат, но дека нема да го промени својот курс, дека ќе продолжи да ја гради Европа во својот дом.

„Отворен Балкан“ е реален одговор на ситуацијата во која го продолжуваме патот на интеграцијата бидејќи немаме алтернатива, додал тој.

На прашањето дали Косово треба да му се приклучи на „Отворен Балкан“, Рама одговорил дека иницијативата е отворена за сите. Според него, Албанија го прави своето, ги спроведува реформите и ќе продолжи не само затоа што тоа го бара Брисел туку и затоа што тоа го бараат идните генерации.

На прашањето дали го поддржува кандидатскиот статус за Украина, Рама потсетил дека Северна Македонија е кандидат веќе 17 години, Албанија осум години и дека Украинците не треба да имаат многу илузии.

Европа

Бајден за нападот на парадата: Џил и јас сме шокирани

Објавено пред

Американскиот претседател Џо Бајден реагираше на нападот во близина на Чикаго.

dobivaj vesti na viber

„Џил (сопругата на Бајден) и јас сме шокирани од бесмисленото вооружено насилство што уште еднаш донесе тага во американската заедница на овој Ден на независноста“, рече Бајден во изјавата откако најмалку шест лица беа убиени во пукотниците во Хајленд Парк во Илиноис, за време на парадата на 4 јули.

Бајден истакна дека веднаш ја упатил полицијата итно да помогне во потрагата по убиецот.

Тој потсети дека неодамна го потпишал законот за безбедност на оружјето. „Но, има уште многу работа да се направи и нема да се откажам од борбата против епидемијата на оружено насилство“, додаде Бајден.

Прикажи повеќе...

Европа

Најмалку шестмина загинати, а 25 повредени во автобуска несреќа во Турција

Објавено пред

Патнички автобус рано утринава се превртел и слетал во бездна на излезот од Киркларели.

dobivaj vesti na viber

Најмалку шест лица загинаа, а 25 се повредени јавуваат, локалните медиуми.

На местото на несреќата пристигнале бројни екипи на брзата помош и полицијата.

Гувернерот на таа турската провинција, Бирол Екичи, изјавил дека се работи за автобус кој сообраќал од Едрене за Бодрум кој паднал во бездна во областа Лулебургаз.

Гувернерот изјавил дека во несреќата животот го загубиле најмалку шест лица, меѓу кои и едно дете, а 25 повредени се пренесени во болници.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Борбени авиони пресретнаа авион полн со патници

Објавено пред

Во неделата борбени авиони „ФА-18“ на шпанските воздухопловни сили пресретнаа патнички авион „изиџет“, кој летал кон шпанскиот град Махон.

dobivaj vesti na viber

Патничкиот авион полетал од Англија.

На видеото се гледа блиска средба на еден од борбените авиони и патничкиот „ербас“.

Се известува и дека патничкиот авион морал принудно да слета, а потоа бил уапсен тинејџер. Исто така, специјалната полиција извршила безбедносна проверка на авионот со помош на куче трагач.

Авионот, како што се наведува, по слетувањето, веднаш бил отстранет од главниот терминал.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ7 минути

НСДП го прифати францускиот предлог

Извршниот одбор на Новата социјалдемократска партија (НСДП) сооопшти дека одлучи да го прифати компромисниот предлог на француското претседателство за решавање...

Македонија52 минути

Нуредини: Првите седум контејнери со линдан излегоа од државата

Првите седум контејнери со чист линдан, секој од нив тежок по 22-26 тони, вчера попладне излегоа од ОХИС и тргнаа...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е пораз на македонската дипломатија

Францускиот предлог, кој Владата е подготвена да го прифати, е крајно неповолен за Македонија бидејќи ги содржи бугарските барања. Тоа...

Македонија2 часа

Мицкоски одбил да учествува во работните групи за спорот со Бугарија, тврди СДСМ

Лажна и лицемерна е наводната загриженост на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на француското претседателство. Иако во текот на...

Свет3 часа

Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго

Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица во масовното пукање на парадата на Денот на независноста во Хајленд...

Македонија4 часа

Францускиот предлог претставен пред Стратешкиот совет на МНР

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа го свика Стратешкиот совет за надворешна политика со цел одржување консултации за предлогот...

Македонија5 часа

Шарл Мишел во посета на Скопје

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денес пристигнува во посета на Скопје. Се очекува Мишел во рамките на посетата да...

Македонија15 часа

(Видео) Летаат јајца кон Собранието, демонстрантите бараат оставки

Демонстрантите од владината зграда се упатија кон Собранието, каде што ја пробија оградата и навлегоа во дворот на законодавниот дом. На...

Македонија17 часа

Лидерите на ДОМ, Демократскиот сојуз и ЛДП со резерва за францускиот предлог на средбата со Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, и со...

Македонија18 часа

(Видео) Маричиќ: Со официјалниот француски предлог го добивме она за кое се бориме со години

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешната прес-конференција со министрите за европски прашања на Финска и...

Македонија19 часа

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Владата на својата официјална веб-страница го објави францускиот предлог интегрално преведен на македонски јазик. Oд Владата коментираат дека предлогот во...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски: Утре ќе биде владината седница, ако имаат разум да го слушнат народот

Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре да дојде тука. Можностите се...

Свет22 часа

Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прво ќе го гаѓаме Лондон

Близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Лондон може да биде првата стратешка цел во случај на трета...

Македонија22 часа

Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност

Институтот за демократија и Институтот за европска политика подготвија заеднички документ како одговор на францускиот предлог за преговарачката рамка и...

Македонија23 часа

И Села го поддржа францускиот предлог

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, изјави дека го поддржуваат францускиот предлог, по средбата со премиерот Ковачевски. „Не се...

Македонија1 ден

Движење Беса: Го прифаќаме францускиот предлог, за време на уставните измени, да се отстрани „20%“ и да пишува албански јазик

Движењето Беса будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата...

Македонија1 ден

Демократскиот сојуз за францускиот предлог: Да се промени преговарачката рамка

Претседателството на Демократскиот сојуз го разгледал модифицираниот Француски предлог (Преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со...

Свет1 ден

(Видео) Поплави во Сиднеј, се евакуираат илјадници луѓе – најавени се поинтензивни врнежи

Наредба за евакуација е издадена за десетици илјади жители на Сиднеј, откако обилните врнежи поплавија неколку населби во најголемиот град...

Свет1 ден

(Видео) Очевидци за крвавиот настан во Копенхаген: Ги мамеше луѓето да му се приближат

Напаѓачаот од Копенхаген се обидел да ги намами жртвите велејќи им дека неговото оружје е лажно, за да ги натера...

Свет1 ден

(Видео) Напад во трговски центар во Копенхаген, убиени тројца и ранети неколку луѓе

Тројца луѓе загинаа, а неколку се ранети во пукање што се случило синоќа во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската...