Европа
Рекорд во Лондон – за еден ден вакцинирани 500.000 луѓе

Повеќе од 500.000 луѓе примија вакцина против ковид денеска во Англија, покажуваат најновите податоци.
Вкупно 8.251.146 вакцини примиле Британците во периодот од 8 декември до 30 јануари, покажаа податоците на Националниот институт за јавно здравје, објави Скај Њуз. Од вакцинираните, 549.943 ги примиле и двете дози вакцина на Фајзер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Алербергер: Третина од Австријците биле заразени со коронавирус

Директорот на Агенцијата за здравје и безбедност на храна (АГЕС), Франц Алербергер, оцени дека 30 проценти од населението во Австрија биле заразени со коронавирус.
Постојат различни процени за заразеноста на граѓаните, пред се за прашањето колку Австријци имале асимптоматска инфекција. Тековните податоци за тоа колку Австријци контактирале со коронавирусот се движат од седум до 30 проценти.
Алербергер го заснова своето тврдење дека стапката на инфекција достигна 30 проценти врз основа на податоците од студијата спроведена во Ишгл, каде што беше главното жариште пред една година.
Алербергер истакнува дека според податоците од студијата може да се заклучи дека досега биле заразени нешто повеќе од три милиони Австријци.
За споредба, досега, според податоците на АГЕС, околу 450.000 луѓе биле позитивно тестирани на коронавирусот.
Научник од Техничкиот универзитет во Виена кој се занимава со симулации, Ники Попер, на крајот на минатата недела ги презентираше податоците дека околу 15 проценти од Австријците биле заразени, што е помеѓу 1,3 и 1,5 милион луѓе.
Овие податоци се многу важни за австриските власти во постигнувањето колективен имунитет.
Според експертите, потребно е најмалку 50 до 60 проценти од населението да има имунитет за да се постигне целта која би овозможила нормален живот.
Вакцинацијата во Австрија се спроведува многу бавно, побавно од планираното, поради проблеми во испораките на фармацевтските компании.
Европа
Запленети рекордни 23 тони кокаин наменети за продажба во Холандија

Царините во Германија и Белгија заплениле рекордни 23 тони кокаин наменети за трговија во Холандија, пренесува Би-би-си.
Германските власти откриле 16 тони во пет транспортни контејнери што претходно месецов пристигнале во пристаништето во Хамбург од Парагвај. Веднаш била известена полицијата во Холандија, а во белгиското пристаниште Антверпен биле запленети уште 7,2 тони кокаин.
Германските власти соопштија дека уличната вредност на кокаинот се проценува на милијарди евра.
Во Антверпен, дрогата билa скриенa во контејнер исполнет со дрвени блокови од Панама.
Кокаинот пронајден во Хамбург бил скриен во конзерви кои содржеле гипс што се користи за пополнување на пукнатини во ѕидови.
Уапсен е 28-годишен маж осомничен за вмешаност во трговијата со рекордната количина кокаин, соопшти холандската полиција. Според извештаите на медиумите, станува збор за холандскиот државјанин Атиф С.
Европа
Европол: Уапсени 38 лица за трговија со мигранти

Европол денеска објави дека 38 лица се уапсени во Франција, Романија и Молдавија под сомнение дека се членови на криминална организација што шверцувала и експлоатирала работници мигранти, пренесува „Ројтерс“.
Во разбивањето на оваа организирана криминална група учествуваа полицајци, кои се обвинети за криумчарење мигранти, трговија со луѓе заради трудова експлоатација, измама со документи, социјални бенефиции и перење пари, се вели во соопштението на Европол.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер