Европа
Романија против грчкиот предлог за патување низ ЕУ само со сертификат за вакцинација

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја критикува идејата да се користи сертификат за вакцинација против Ковид-19 за да се олесни патувањето на европските граѓани, посочувајќи ја можноста за дискриминација.
Тој додаде дека верува дека треба да има потврда за вакцинација, но мора да се користи од медицински причини.
Претседателот го искажа својот став на прес-конференција кога го прашаа за мислењето за идејата Грција да издаде единствен европски сертификат како доказ за вакцинација за граѓаните, за да можат Европејците полесно да циркулираат со овој сертификат.
Тој исто така рече дека масовната вакцинација против Ковид-19 е единственото решение, со цел што е можно побрзо животот да се врати во нормала.
Јоханис најави дека ќе ја прими вакцината против Ковид-19 на јавен настан в петок, 15 јануари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Потврдено присуството на бразилскиот вид на коронавирус во Велика Британија

Агенцијата за јавно здравје на Англија објави дека е потврдено присуство на бразилскиот сој на коронавирус, кај шест пациенти во Велика Британија, пренесува „Гардијан“.
Весникот наведува дека три случаи на зараза со новиот вид биле откриени во Англија и три во Шкотска.
Повеќе од 20 милиони луѓе во Велика Британија примиле барем една доза вакцина против коронавирусот, објави денеска министерот за здравство, Мет Ханкок.
„Ова е величествено достигнување за нашата земја. Вакцината е нашиот излез. Кога ќе добиете покана, вакцинирајте се“, напиша Ханкок на „Твитер“.
Европа
Чешка би можела да ја воведе „Спутник В“ и без одобрение од ЕУ

Чешкиот премиер, Андреј Бабиш, изјави дека земјата може да започне со употреба на руската вакцина „Спутник В“ против коронавирус дури и без одобрение од Агенцијата за лекови на Европската унија (ЕМА).
Во Чешка, бројот на случаи со коронавирус се зголеми во последните неколку недели, така што таа земја сега е рангирана меѓу најлошите во светот според бројот на зараза и смртни случаи од Ковид-19.
Бабиш на 10 февруари рече дека Чесите ќе чекаат одобрување од ЕМА пред да почнат да ја користат вакцината. Исто така, Франција се очекува да и обезбеди на Чешка 100.000 дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“ до средината на март.
Европа
Британски министер: Ковид-пасошот е добар начин за закрепнување на британската економија

Министерот за финансии на Велика Британија, Риши Сунак, денес оцени дека идејата за воведување на ковид-пасош може да биде добар начин за олеснување на економското закрепнување на Велика Британија од пандемијата.
„Тоа е комплицирано, но релевантно прашање како да се помогне за нормализирање на животот во Британија“, рече Сунак утрово во интервју за Би-Би-Си.
Британскиот премиер, Борис Џонсон, минатата недела изјави дека владата ќе ги разгледа научните, моралните, филозофските и етичките аспекти на прашањето за користење сертификати за лица кои се имунизирани, што ќе придонесе за обновување на секторот за забава и услуги.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа5 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран