Европа
Себастијан Курц поднесе оставка

Австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка, јавуваат светските медиуми.
Ќе биде заменет со министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг, предложи Курц во своето обраќање до медиумите.
Во својот говор тој рече дека обвинувањата против него датираат од 2016 година и дека ќе докаже дека не се точни.
„Многу политичари го доживеаја тоа, но овој пат е поинаку, бидејќи коалицискиот партнер одлучи да заземе став против мене“, истакна Курц.
Тој се заблагодари на владиниот тим и како што рече, овде не се работи за партиски интереси, ниту за неговата личност, туку за земјата.
Себастијан Курц ќе остане претседател на партијата и клубот.
Медиумите потсетуваат дека австрискиот канцелар Себастијан Курц е под истрага поради сомнение за корупција.
Покрај Курц, Обвинителството за борба против корупцијата спроведе истрага за уште девет лица и три организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Над 1.200 загинати и повеќе од 5.000 повредени – расте бројот на жртви во земјотресот во Турција

Се зголемува бројот на жртвите од разорниот земјотрес, кој утринава околу 4 часот по локално време ја погоди Турција.
Според турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во таа земја загинале 912 лица, а сириските власти изјавиле дека во Сирија загинале најмалку 320 лица.
Ердоган рече дека досега се регистрирани над 5.380 повредени.
Медиумите потсетуваат дека земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 4.17 часот на југот од земјата.
Европа
Ниските температури и снегот ја попречуваат потрагата по исчезнатите во земјотресот

Температурите под нулата и снегот ги попречуваат спасувачките напори и потрагата по исчезнатите во разорниот земјотрес што рано утринава ја погоди Турција, пишува Си-ен-ен.
Според извештаите, ладното и влажно време во регионот и лошите услови веројатно ќе влијаат на спасувачките напори по земјотресот во јужна Турција и северна Сирија.
Иако почетокот на февруари спаѓа во најстудениот дел од годината, сегашните температури се дури и пониски од просечните и се околу пет Целзиусови степени под сезонските норми.
Се очекува во вторник температурите да паднат под нулата, а најниската температура во Газијантеп се очекува да биде минус шест степени.
И покрај лошите временски услови, властите побараа од жителите да ги напуштат зградите бидејќи се очекуваат нови потреси по земјотресот со јачина од 7,8 степени.
Европа
Рускиот патријарх Кирил работел за КГБ и го имал кодното име „Михајлов“?

Во раните 1970-ти, рускиот патријарх Кирил живеел во Женева за официјално да ја претставува Московската патријаршија на Вселенскиот собор, кога работел за КГБ. Ова го пишуваат швајцарските медиуми, повикувајќи се на декласифицирани архиви.
Според весниците „Le Matin Dimanche“ и „Sonntagszeitung“, досието што го чувала федералната полиција за човекот кој сега е духовен поглавар на Руската православна црква потврдува дека Кирил бил дел од КГБ, странското разузнавање од советско време.
Двата медиуми можеле да ги прегледаат досиејата во Швајцарската федерална архива.
„Мисијата на Кирил, чие кодно име беше „Михајлов“, требаше да влијае на Вселенскиот собор.
Целта на Советите во тоа време беше да ја принудат женевската институција да издаде осуди против САД и нивните сојузници и да ги ублажи критиките за недостатокот на верска слобода во СССР“, потсетуваат дневните весници.
Швајцарските весници додаваат дека Руската православна црква одбила да ја коментира наводната шпионска активност на Кирил во Женева, а Советскиот совет на цркви изјави за швајцарските медиуми дека „немаат информации“ на оваа тема.
„Ле Матин диманш“ разговараше со внукот на патријархот, Михаил Гундиаев, кој го наследи како претставник на Московската патријаршија во Женева, и кој тврди дека неговиот вујко „не бил агент, иако бил под строга контрола на КГБ“.
Тоа „не влијаеше на искреноста на неговата посветеност на екуменската работа со другите цркви“, рече тој за весникот.
Додаде дека патријархот Кирил особено ја цени Швајцарија.
„Имам посебни чувства за вашата земја. Од сите земји во светот, можеби најмногу сум ја посетил“, рече патријархот во 2019 година при приемот на претседателот на Горниот дом на швајцарскиот парламент во Москва.