Европа
Секој петок имало забави во резиденцијата на Џонсон за време на заклучувањето, се бара негова оставка

За време на заклучувањето, секој петок се организирале забави со вино и други пијалоци во резиденцијата на премиерот на Даунинг стрит, пишува Мирор, а поради зголемената листа на обвинувања и критики против Борис Џонсон, повиците за оставка станаа се посилни, пренесуваат светските медиуми.
Поранешниот министер Тобијас Елвуд му порачал на Џонсон да води или да се повлече.
„На оваа земја и треба лидерство“, изјавил Тобијас за Би-Би-Си. Неговите коментари уследиле по најновите откритија за петочно дружење на Даунинг стрит додека на сила беа мерките за коронавирус.
Ваквите забави се долгогодишна традиција што ја практикуваат сите влади, потсетуваат медиумите, додавајќи дека истите не биле напуштени ниту по воведувањето на мерките за забрана на дружење на луѓето во затворени простории, со исклучок на членовите на блиското семејство.
„Мирор“ тврди дека персоналот на премиерот купил и фрижидер за да можат секогаш при рака да имаат разладени пијалоци и дека Џонсон знаел за овие собири.
Членот на долниот дом на парламентот, Тори Ендрју Бриџен, кој нема позиција во владата, рече дека Борис Џонсон го изгубил моралниот авторитет да управува со земјата и не е важно дали премиерот знаел или не знаел за тие вински собири во петокот.
„На крајот на краиштата, тој е одговорен за се што се случува во владата и како се однесува. Она на што сме сведоци е култура на однесување според која едно правило важи за нив, а друго важи за нас останатите. Тоа не е прифатливо и јас сум не сум сигурен дека извинувањето може да го исправи“, рече Бриџен.
Според тамошните медиуми досега т.н Комитет од 1922 година добил писмо од околу 20 конзервативни пратеници во кое се изразува недоверба кон раководството на Џонсон. Комитетот е составен од невладини конзервативни пратеници кои се состануваат неделно во Долниот дом за да разговараат за партиски прашања. Кабинетот на премиерот Борис Џонсон и се извини на кралицата Елизабета во петокот, откако беше откриено дека вработените во премиерската резиденција на Даунинг стрит се забавувале до доцна во ноќта пред погребот на принцот Филип, во време кога биле забранети собири во затворени простории.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Владата на Орбан нема да испраќа оружје за Украина

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, во разговор за CNN ја брани одлуката на владата на Виктор Орбан да продолжи да купува руски енергенти, но и да не испраќа оружје во Украина.
Унгарскиот шеф на дипломатијата рече дека обидот за замена на руски енергенти со некои други „вклучува префрлање трошоци за унгарскиот народ“.
За одлуката да не ѝ праќаат оружје на Украина, Сијарто рече дека Унгарија „не сака да ризикува руски напад на 150.000 Унгарци кои живеат на западот на Украина“.
„За нас главна цел е да не се мешаме во оваа војна“, рече Сијарто.
Европа
Украинско обвинителство: Русите убиja најмалку 340 деца

Најмалку 340 деца се убиени во руските напади врз Украина, објавија од кабинетот на главната украинска обвинителка.
Од почетокот на војната на 24 февруари година досега се повредени 645 деца, се наведува во соопштението.
„Овие бројки не се конечни и Обвинителството работи на утврдување на точната бројка на самото место на случувањата. Поголемиот дел од овие бројки се однесуваат за регионот на Донбас, па следуваат регионот на Харков и Киев. Голем број жртви се потврдени во Чернихив, Миколаев и Запорожје“, се наведува во соопштението.
Европа
Лавров: Киев лаже!

Наводите дека руската војска ги гранатира сопствените градови за да го обвини Киев се лага, соопшти денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пренесуваат тамошните медиуми.
„Со еден збор – тие лажат. Фактите се познати, нашето Министерство за одбрана секојдневно изнесува факти“, истакна Лавров на прес-конференцијата по разговорот со виетнамскиот колега Буи Тан Сон.
Лавров уште и рече дека „западните земји мора да се свесни за својата одговорност без оглед како и што објаснуваат украинскиот претседател Зеленски и неговите соработници“.
„Западот мора да е свесен за својата одговорност за губењето цивили, пред сè во Донбас и во другите делови на Украина“, рече Лавров.