Контакт

Европа

Серија експлозии во фабрика во Чешка

Објавено пред

Најмалку 19 лица се повредени во четвртокот во серијата експлозии во индустриски комплекс во градот Поличка во Северна Моравија, на североистокот од Чешка, изјави за медиумите портпаролот на противпожарната служба Алеш Черногорски.

 

„Меѓу ранетите има и пожарникари. Од 19-те повредени, тројца се здобиле со тешки повреди“, рекол портпаролот. Тројца од повредените се пожарникари спасители.

Истовремено портпаролката на чешката полиција Хана Кајзерова потврди дека експлодирала цистерна со експлозивни супстанции. „Експлодираше цистерна, наполнета со експлозиви. На територијата на претпријатието потоа избувнал пожар“, додала.

Гаснењето на пожарот е исклучително тешко. На територијата на претпријатието има цилиндари со компресиран гас и други експлозивни средства. Полицијата ги потврди информациите на медиумите дека од фабриката одекнувале неколку последователни експлозии.

Според Черногорски, пак, пожарот е локализиран во неговиот епицентар, и додал дека засега нема закана од проширување на огнот. Во справување со огнот биле ангажирани 13 противпожарни бригади.

Првата експлозија во фабриката одекнала околу 11 часот по локално време, а потоа следувале уште неколку детонации, кои ги оневозможиле спасителите веднаш да дејствуваат на самото место, додала Кајзерова порачувајќи на локалното население се уште да не се приближува до местото на инцидентот./крај/мф/сн

Најново

Забава6 минути

Александра Пријовиќ во бикини што чини богатство: изгледа како бомба по второто породување

Српската пејачка Александра Пријовиќ повторно привлече внимание со своето модно издание, а овој пат во центарот на вниманието беше луксузно...

Европа32 минути

(Видео) Етна го парализираше воздушниот сообраќај на Сицилија, илјадници патници се погодени

Аеродромот Катанија во Сицилија ќе остане затворен до 2 часот наутро во петок поради вулканска активност на Етна, објави германската...

Свет38 минути

Путин: Ситуацијата во Пацификот не е едноставна

Рускиот претседател Владимир Путин учествуваше во вежбите на Тихоокеанската флота и одржа состанок посветен на безбедноста на источните граници на...

Свет41 минута

(Видео) Хеликоптер „Апачи“ се урна за време на воена операција во САД, двајца загинаа

Двајца американски војници загинаа во среда откако хеликоптер „Апачи“ што припаѓаше на воената база Форт Худ се урна на поле...

Европа47 минути

(Видео) Масовен украински напад со дронови, град на Крим без струја

Севастопол, пристанишен град на Кримскиот полуостров анектиран од Русија, повторно остана без електрична енергија по украинските напади со беспилотни летала,...

Свет51 минута

Ник Рајнер обвинет за убиството на своите родители: му се заканува смртна казна

Голема порота го обвини Ник Рајнер за убиствата во декември на неговите родители, холивудскиот режисер и актер Роб Рајнер и...

Забава59 минути

(Фото) Убавици од реалити шоу, модели – сите ја загубија битката со Георгина: поранешните девојки на Кристијано Роналдо

Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо го кажа своето судбоносно „да“ на Георгина Родригез во Португалија на интимна церемонија. Јавноста дозна дури...

Забава1 час

(Фото) Безвременскиот дизајн се врати и е поубав од кога било

Секое лето носи неколку парчиња кои одеднаш се наоѓаат во центарот на вниманието, а оваа сезона, меѓу нив се издвојуваат...

Забава1 час

(Фото/Видео) Повторно се соблече и покажа зошто е една од најубавите жени на светот

Моделот и претприемачка Хејли Бибер повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, каде што објави серија фотографии кои брзо собраа...