Европа
Словачкиот министер за здравство поднесе оставка поради набавката на руската вакцина

Словачкиот министер за здравство, Марек Крајчи, денеска изјави дека поднесува оставка од функцијата за да се смири политичката криза предизвикана поради набавката на руската вакцина, која ја загрозила владата.
Негова оставка побараа две од четирите партии на владејачката коалиција на десницата и популистите бидејќи тој беше критикуван затоа што Словачка е меѓу најпогодените од Ковид-19 во Европската Унија.
Политичката криза беше предизвикана минатата недела со таен договор за набавка на руската вакцина „спутник В“. Ова го организира премиерот Игор Матовиќ и покрај несогласувањата меѓу коалициските партнери.
Додека премиерот го бранеше купувањето на два милиона вакцини „спутник В“ изјавувајќи дека тоа ќе ја забрза вакцинацијата, коалициските партнери во владината коалиција обвинија дека тоа ќе ја загрози јасната прозападна ориентација на земјата. Тие наведоа дека за секоја вакцина е потребно одобрување од регулаторното тело на ЕУ за лекови, што руската вакцина сè уште го нема.
Меѓу 5,4 милиони жители на Словачка има повеќе од 331.000 потврдени случаи на инфекција со коронавирус и 8.244 смртни случаи.
Покрај тоа, Словачка го има вториот најлош резултат во светот според просечниот број на смртни случаи.
Премиерот Игор Матовиќ рече дека Крајчи требало да поднесе оставка само доколку почнела вакцинацијата со „спутник В“, објави ТАСР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Напаѓач со нож уби полицајка во Франција

Напаѓач во Франција со нож до смрт избоде полицајка во полициска станица во близина на Париз по што беше застрелан од други полицајци, пишува „Ле Фигаро“.
За време на нападот, напаѓачот извикувал: „Алах акбар“.
Инцидентот се случил околу 14.20 часот, рекол полициски извор, додавајќи дека и жртвата и напаѓачот, и двајцата туниски државјанин, се мртви.
Напаѓачот наводно пристигнал во Франција во 2009 година.
Европа
Русија протера пет полски дипломати како одговор на потегот на Варшава

Руското Министерство за надворешни работи прогласи пет лица вработени во полската амбасада за персона нон грата, наведувајќи дека треба да ја напуштат Русија до 15 мај, пренесуваат руските агенции.
Во соопштението се вели дека станува збор за реципрочен одговор на потегот на Варшава, којa на 15 април прогласи тројца претставници на руската амбасада за непожелни, повикувајќи се на наводнo кршење на правилата за дипломатски статус и активности на штета на Полска.
Полскиот амбасадор, кој денес беше поканет во руското Министерство за надворешни работи, беше информиран за одлуката на Москва.
Европа
(Видео) Папата Франциско: Светот е на патот на самоуништување

Папата Франциско предупреди дека светот е на патот на самоуништување доколку политичките лидери не успеат храбро да ја искористат пандемијата на Ковид-19 како шанса да ја направат планетата поправедна и позелена.
Во видеопорака објавена на Светскиот ден на планетата Земја, папата Франциско рече дека политичките лидери имаат можност подобро да излезат од оваа ситуација по научените лекции за социјалните неправди откриени за време на пандемијата, пренесува АП.
„И глобалните катастрофи, ковидот и климата, покажуваат дека немаме време за губење. Времето нè притиска и, како што покажа Ковид-19, имаме средства да одговориме на предизвикот. Имаме средства. Време е за дејствување, ние сме на граница“, рече папата.
Тој додаде дека неволите со кои се соочи човештвото во пандемијата треба да ги охрабрат водачите да се стремат кон иновации и пронајдоци со цел подобро да ја заштитат планетата.
Тој апелираше до сите водачи на светот: да постапуваат смело, да дејствуваат чесно и секогаш да им ја кажуваат вистината на луѓето, за луѓето да знаат како да се заштитат од уништување на планетата и како да ја заштитат планетата од уништување што е иницирано многу пати.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?