Контакт

Европа

Средоземното Море е еден од најзагадените делови на светот, предупредуваат од Унија за Медитеранот

Објавено пред

Министрите на земјите од Унијата за Медитеранот се состанаа во Каиро на конференција посветена на животната средина и климата, на која тие се договорија за заедничко спречување на загадувањето на Средоземното Море, еден од најранливите делови на светот.

Организацијата со седиште во Барселона се состои од 42 земји од Европската Унија, вклучувајќи ја и Хрватска, и земји со медитеранско крајбрежје.

Нивните министри за животна средина ја повторија посветеноста за борба против климатските промени, нагласувајќи дека се потребни промени во индустријата, енергијата, земјоделството, туризмот и транспортот за да се запре уништувањето на морињата што ги делат.
„Средоземното Море е кревок екосистем кој страда од разни болести, како што се губење на биолошката разновидност, прекумерен риболов, загадување, уништување на крајбрежјето и акумулација на ѓубре“, рече Насер Камел, генерален секретар на Унијата за Медитеранот.

Министерот за животна средина на Јордан предупреди дека температурите во Средоземното Море се зголемуваат за 20 проценти побрзо од глобалниот просек, така што треба да се запрат климатските промени предизвикани од луѓето.

„Немаме време за губење“, посочи тој.

Министрите го завршија состанокот со заедничка декларација, необврзувачки документ во кој се наведува дека се максимално амбициозни во забрзувањето на трансформацијата на нивните економии во одржливи и зелени економии.

Со таа декларација, земјите објавија дека се придржуваат кон претходно склучените договори, како што е „Европскиот зелен план“, според кој нема да има емисии на стакленички гасови во ЕУ во 2050 година.

Европа

Убиството на британскиот политичар е терористички чин

Објавено пред

Британската полиција соопшти дека убиството врз пратеникот на Конзервативната партија, Дејвид Ејмс е терористички чин.

Првите наоди од истрагата укажуваат на потенцијална мотивација поврзана со исламистички екстремизам.

Ејмс беше убиен со нож додека разговараше со жителите во неговата изборна единица во Есекс.

25-годишник е уапсен на лице место под сомнение дека го извршил убиството, а полицијата соопшти дека не трага по други сторители. Извори од британската влада за Би-Би-Си велат дека уапсениот е со британска националност, но со сомалиско потекло.

Кој беше сер Дејвид Емс?

Тој ги претставуваше ториевците во парламентот речиси 40 години.

69-годишниот политичар, кој во приватниот живот е татко на пет деца првпат влезе во парламентот во 1983 година.

Тој беше израснат во католички дух и беше познат како социјален конзервативец, гласно се бореше против правото на абортус и активно се вклучи во заштитата на благосостојбата на животните.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел: ЕУ треба да ги решава разликите со разговор

Објавено пред

ЕУ треба да ги реши разликите преку меѓусебни разговори, рече германската канцеларка Ангела Меркел, одговарајќи на прашањето за спорот со Полска околу владеењето на правото.

„Сите ние сме земји -членки на Европската унија, што значи дека имаме должност секогаш да се обидуваме да најдеме компромис без да се откажеме од нашите принципи“, им рече Меркел на новинарите по средбата со белгискиот премиер Александар Де Крум во Брисел, пренесе „Ројтерс“.

„Мислам дека е време подетално да разговараме со полската влада за тоа како да се надминат проблемите“, додаде таа.

Меркел посочи дека Европскиот суд на правдата мора одвреме -навреме да одлучува за предметите, но исто така додаде дека е загрижена за бројот на предмети што завршуваат пред највисокиот суд на ЕУ во моментов.

Прикажи повеќе...

Европа

Данците ќе добиваат покани да примат и трета доза вакцина

Објавено пред

Од идната недела данските здравствени власти ќе почнат да канат голем број граѓани да примат трета доза од вакцината против Ковид-19, изјави денеска министерот за здравство, Магнус Хојнике.

Повик ќе добијат лицата што ја примиле втората доза пред шест и пол месеци, а првично ќе бидат повикани оние над 65 години, здравствените работници и постари работници, кои биле меѓу првите што примиле вакцина против Ковид-19, објанси министерот.

Регулаторното тело за лекови на Европската Унија соопшти дека оние со ослабен имунолошки систем како трета доза треба да добијат вакцина од „Фајзер-Бионтек“ или „Модерна“, но остави на земјите членки да одлучат дали пошироката јавност треба да добие дополнителна доза.

Во септември Данска почна да дава трета доза за згрижените во домовите за стари лица и за другите изложени на ризик од сериозни болести предизвикани од вирусот.

Нордиската земја ги укина последните ограничувања за коронавирусот во септември откога вакцинира голем дел од населението.

Досега, 75 проценти од населението е вакцинирано, а 2,2 процента од Данците добиле трета бустер-доза.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев: На крајот СДСМ ќе има повеќе градоначалници oд ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека СДСМ и коалицијата победуваат или имаат водство во повеќе од 30 општини во...

Македонија3 часа

Мицкоски соопшти каде победи ВМРО-ДПМНЕ, а каде има предност: „Ова е победа на народот“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше резултати од изборите кои според аналитичкиот центар на партијата донеле победа во првиот круг....

Македонија4 часа

Николовски: СДСМ води во Скопје и уште во најмалку 25 општини

СДСМ победува во Скопје и води во првиот круг од локалните избори, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на партијата и...

Македонија4 часа

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар

Алијанса за Албанците и Алтернатива прогласија победа во Гостивар и Дебар. Партискиот претседател на Алијансата, Зијадин Села соопшти дека во ...

Македонија4 часа

(Видео) Зурли и тапани пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, симпатизерите радосни за изборниот резултат

Со зурли, тапани, гласна музика и пиротехнички средства, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ слават пред централниот штаб во Скопје. Присутните се радуваат...

Македонија5 часа

Ахмети прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа во Сарај, Липково и Пласница. Ахмети рече дека партијата е во водство во...

Македонија5 часа

ВМРО-ДПМНЕ најави победа во Велес, Штип и Свети Николе а води во Битола и Охрид

Во Велес, Штип и Свети Николе води ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од партијата. Оттаму според нивните неофицијални информации посочуваат и дека имаат...

Македонија6 часа

Мицкоски: Победа и голема одговорност

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по завршување на изборниот ден, посочи дека победиле а со тоа доаѓа и одговорноста. Тој...

Македонија7 часа

Спасовски: Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности

Изборниот ден помина со незначителен број на неправилности, истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој оцени дека првиот изборен...

Македонија7 часа

ЗНМ го осуди односот на Даштевски кон новинарите

Здружението на новинарите регира на односот на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, кон новинарите во текот на попладневната...

Македонија9 часа

Членови на избирачки одбори самите си одлучиле да не ги користат биометриските уреди

Државната изборна комисија добила информации дека на повеќе избирачки места членовите на избирачките одбори на своја рака престанале да ги...

Македонија9 часа

До 17 часот гласале 41,38 отсто од избирачите

До 17 часот вкупно гласале 41,38 отсто од гласачите во земјава или 547.048 граѓани, покажуваат податоците од Државната изборна комисија....

Македонија9 часа

Прекини во гласањето во неколку изборни места

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13,56...

Македонија11 час

329 новозаболени од Ковид-19, починале 18 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.045 тестирања,...

Македонија12 часа

Даштевски со допис дозволи да гласаат повеќемина, за да се намали метежот

За да се намали метежот кој се создава во ходниците на избирачките места, претседателот на Државната изборна комисија со допис...

Свет12 часа

Почна трката по молнупиравир – осум земји веќе потпишале договор за купување на лекот

Азиските земји побрзаа да го нарачаат најновиот потенцијален лек против Ковид-19, кој е во форма на таблети, иако се уште...

Македонија14 часа

(Видео) Ангеловски: Изборниот процес се одвива мирно

До сега Министерството за внатрешни работи нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое,...

Македонија15 часа

Проблеми со уредите за отпечаток на повеќе избирачки места, ДИК апелира гласачите да притиснат повеќе

На дел од избирачките места утрово гласањето било прекинато поради проблеми со уредите за биометриска идентификација на гласачите. Портпаролката на...

Македонија15 часа

Член на политичка партија пријавил дека осудени криминалци добиле оружје за попречување на изборите

Член на политичка партија пријавил во американската амбасада дека 83 осудени криминалци добиле оружје за попречување на изборите, соопшти Јавното...

Свет17 часа

Повеќе од 1.000 починати од коронавирус во Русија за 24 часа

Русија регистрираше повеќе од 1.000 смртни случаи од коронавирус за 24 часа, првпат од почетокот на пандемијата. Дневниот број на...

Досие