Контакт

Европа

Стано: ЕУ ја поздравува забраната за летот на Лавров над Црна Гора

Објавено пред

Европската Унија ја поздравува практичната примена на рестриктивните мерки на Црна Гора против Русија, што се покажа со забраната за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјавил портпаролот на Европската комисија, Петер Стано, пренесуваат агенциите.

dobivaj vesti na viber

„Го поздравуваме целосното усогласување на Црна Гора со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, вклучително и рестриктивните мерки и нивната практична примена, што се покажа во забраната за прелети на авионот на Лавров“, изјавил Стано за црногорската телевизија.

Според црногорските портали, тој потсетил дека ЕУ и многубројни земји применуваат санкции, кои им забрануваат на руските авиони да летаат над нивна територија, а исто така спроведуваат забрани за патување за поттикнувачите на војна и поединци како Лавров.

Запрашан да ги коментира заканите кон земјите што го забранија летот на авионот, Стано рече дека не гледа причина да коментира за несоодветните забелешки.

„Не гледаме апсолутно никаква причина да ги коментираме несоодветните закани и забелешки на некој од списокот со санкции на ЕУ бидејќи тој е еден од најгласните промотори и поддржувачи на нелегалната руска агресија врз Украина и поради неговиот постојан ангажман во активности за дезинформација“, истакнал Стано.

Европа

Шолц: Путин не сметаше на ова, a сега го боли глава

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека нападите на руската армија врз станбените згради во Киев ја покажуваат неопходноста од меѓународно единство за поддршка на Украина.

dobivaj vesti na viber

Руската армија утринава го гранатираше Киев и погоди најмалку две станбени згради.

Тој го истакна претходното единство на Г7, Европската Унија и НАТО во организирањето поддршка за Украина.

„ Можеме со сигурност да кажеме дека Путин не сметаше на ова и дека сè уште го боли глава поради големата меѓународна поддршка за Украина, но секако и храброста на Украинците во одбраната на земјата“, изјави денеска Шолц, по првата сесија на самитот на Г7.

Нападите врз цивилни објекти, додаде тој, покажуваат дека поддршката на Украинците е правилна одлука.

Германската влада претходно беше критикувана поради неподготвеноста да испрати оружје во Украина. Сепак, Шолц рече дека „Германија и САД секогаш ќе дејствуваат заедно кога станува збор за безбедноста на Украина“.

Тој додаде дека заедно со американскиот претседател Џозеф Бајден биле едногласни за тоа што треба да се направи.

Прикажи повеќе...

Европа

Зеленски: Ќе ги вратиме сите наши градови

Објавено пред

Украина ќе ги врати сите градови што ги зазедоа Русите, вклучително и Северодонец, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

Како што објави претседателот, Украина била погодена од 45 руски проектили во последните 24 часа.

Зеленски ги опиша нападите како циничен обид да се скрши духот на украинскиот народ. Зеленски повторно побара повеќе оружје од Западот, коментирајќи дека немилосрдните ракетни напади потврдиле дека санкциите против Русија не се доволни за да и’ се помогне на Украина.

Северодонецк падна во рацете на руските сили по неколкунеделните борби.

Прикажи повеќе...

Европа

Лажен Кличко разговарал со градоначалниците на Берлин, Мадрид и Виена

Објавено пред

Градоначалниците на Берлин, Виена и Мадрид разговарале во видео повик со личност која звучела и изгледала како градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, но биле измамени.

dobivaj vesti na viber

Европските градоначалници биле измамени при видео повици за кои се покажало дека се лажни, пишува Гардијан. Градоначалничката на Берлин, Франциска Гифеј во петокот учествуваше во закажаниот разговор на платформата за видео конференции Webex со личност за која рече дека изгледала и звучела како Кличко.

„Немаше знаци дека видеоповикот не бил одржан со вистинска личност“, се вели во соопштението од нејзината канцеларија.

Дури по околу 15 минути наводниот градоначалник на Киев почнал да зборува за проблемот со украинските бегалци. Лицето на видеото, кое се претставувало како Кличко, ги повикало бегалците да се вратат во Украина и да се приклучат на војската.

По таа изјава, на градоначалничката на Берлин и’ станало сомнително. Откако врската накратко била прекината, кабинетот на градоначалничката на Берлин контактирал со украинскиот амбасадор во Германија. Тој стапил во контакт со Киев и потврдил дека личноста во видеоповикот не е вистинскиот Кличко, објави Der Spiegel.

Deep fake снимките користат форма на вештачка интелигенција која создава слики од лажни настани или анимации на политичари кои држат лажни говори.

„За жал, реалноста е дека војната се води со сите средства, вклучувајќи го и Интернетот, со цел да се поткопа довербата со дигитални средства и да се дискредитираат партнерите и сојузниците на Украина“, рече Гифеј.

Ист видео повик имаа и градоначалниците на Виена и Мадрид.

Канцеларијата на градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, исто така, поднесе пријава во полиција за некој што лажно се претставувал како Кличко во видео повик. Според неговиот портпарол, градоначалникот веднаш по почетокот на разговорот му се посомневал и го прекинал разговорот.

Градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг, во средата објави на Твитер дека разговарал со Кличко преку видео повик. Твитот беше избришан во саботата. Набргу потоа, на официјалната страна на Виена беше објавено соопштение дека Лудвиг се чини дека бил жртва на „сериозен случај на сајбер криминал“.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 часа

Спречен собир на Парадата на гордоста во Истанбул, приведени десетици луѓе

Турската полиција спречи стотици луѓе да се соберат на годишната Парада на гордоста во Истанбул и уапси десетици откако локалните...

Свет11 час

Путин ќе посети поранешни советски држави на состанок со своите колеги

Рускиот претседател Владимир Путин оваа недела ќе посети две поранешни советски држави во Централна Азија, објави руската државна телевизија. Ова...

Свет13 часа

(Видео) Лидерите на Г7 се шегуваа на сметка на Путин

Лидерите на самитот на Г7 на најиндустриските земји во Германија се пошегуваа со изгледот на рускиот претседател Владимир Путин. Тие...

Свет14 часа

Џонсон сака Велика Британија повторно да се вклучи во Европа

Британскиот премиер Борис Џонсон е заинтересиран за францускиот проект на Европската политичка заедница, кој ќе и овозможи на Велика Британија...

Свет14 часа

Г7 со иста цел – да се зголеми притисокот врз Русија

Земјите од Г7 делат исти цели – исклучување на кислородот од руската воена машина, истовремено додека се грижат за своите...

Македонија17 часа

„Брисел ја поддржа бугарската позиција“ – Петков образложи што ќе се случува ако Македонија го прифати францускиот предлог

Бугарскиот премиер Кирил Петков рече дека Скопје веќе има избор за сопствената иднина, а Бугарија успеала да ги заштити своите...

Топ17 часа

(Видео) Фатени дилери кои сакале да внесат кокаин, хашиш и марихуана преку граница

Доцна синоќа на  граничниот премин „Табановце“ полицијата и мобилен тим од Царинската управа, фатиле тројца дилери од кои две се жени...

Свет19 часа

Самит Г7: Во фокус војната во Украина и цената на нафтата

Во Германија денеска почнува самитот на Г7, а главна тема е војната во Украина и цената на нафтата. Авионот на...

Свет20 часа

(Видео) Би-Би-Си во база на странските борци во Украина, ги има околу 20.000 од повеќе од 50 земји

Повеќе од 20.000 странски борци од повеќе од 50 земји се приклучиле кон украинската армија од почетокот на конфликтот во...

Свет22 часа

Вирусот добива ново име – „Да бев мајмун, би протестирал, тоа навистина не е мајмунска болест“

Мајмунските сипаници наскоро би можеле да добијат ново име бидејќи постоечкото поттикнува дискриминација и стигматизира. Светската здравствена организација минатата недела...

Европа23 часа

Зеленски: Ќе ги вратиме сите наши градови

Украина ќе ги врати сите градови што ги зазедоа Русите, вклучително и Северодонец, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски. Како што...

Македонија1 ден

Парада на гордоста во Скопје под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“

Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“ во Скопје се одржува третото издание на „Скопје прајд“. Учесниците на парадата...

Свет2 дена

Норвешкото разузнавање: Пукањето во Осло е терористички акт на радикален исламизам

Норвешките разузнавачки служби задолжени за борба против тероризмот објавија дека го третираат како акт на радикален исламизам пукањето во кое...

Регион2 дена

Радев: Францускиот предлог можеше да биде многу поуспешен

„Таканаречениот ‘француски предлог’ содржи многу основни бугарски барања, но воопшто можеше да биде многу поуспешен, вклучително и бугарско-македонскиот протокол, доколку...

Македонија2 дена

Осуда од македонското МНР за написите „Македонија е Бугарија“ во парламентот во Софија

Македонското Министерство за надворешни работи најостро ги осудува вчерашните написи „Македонија е Бугарија“, кои можеа да се видат во рацете...

Македонија2 дена

Францускиот предлог е голем напредок во наша корист, смета партијата на Љубчо Георгиевски

ВМРО-Народна партија оценува дека со вчерашната одлука на бугарскиот парламент со кој се поддржа францускиот предлог и даде согласност да...

Свет2 дена

Џонсон: Се плашам дека Украина ќе биде принудена да направи лош мир

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека стравува дека Украина може да се соочи со притисок да преговара за мировен договор...

Македонија2 дена

Преведувач од Македонија: Добив понуда од ЕУ за превод од „северномакедонски“ јазик

Преведувач од Македонија на социјалните мрежи сподели дека добил понуда за превод на материјали од „северномакедонски“ јазик. „Кој е тој...

Свет2 дена

(Видео) Возач удри во демонстрантите за право на абортус во Ајова, едно лице повредено

Во вториот по големина град во американската сојузна држава Ајова, Сидар Рапидс, возач влетал кон мирни демонстранти за правото на...

Македонија2 дена

Пендаровски за „Скопје прајд“: прифаќањето на различностите е показател на зрело, демократско и отворено општество

Претседателот Стево Пендаровски посети волонтери и организатори на парадата на гордоста Скопје прајд 2022, со кои имаше можност директно да...