Европа
Таткото монструм на чекор до слобода, ја чувал ќерка му во подрум 24 години и ја силувал повеќе од 3.000 пати

По психолошкото вештачење треба да се одлучи дали Австрија ќе го ослободи Јозеф Фрицл, кој 24 години ја држел неговата ќерка заробена во подрумска зандана и со неа имал неколку деца, пишува „Дејли мејл“.
Фрицл (86) ја држел својата ќерка Елизабета затворена во звучно изолирана зандана под семејната куќа во Австрија, ја силувал повеќе од 3.000 пати и таа родила седум деца помеѓу 1984 и 2008 година.
Нејзиното искушение конечно заврши во април 2008 година, кога нивната болна ќерка, тинејџерката Керстин, мораше да оди во болница. Фрицл беше затворен на 19 март 2009 година.
Тој издржува доживотна затворска казна, но би можел да му биде одобрено барање за предвремено ослободување во 2024 година, доколку се утврди дека повеќе не преставува опасност и затоа што дотогаш ќе одлежи 15 години затвор за неговите злосторства.
Ако му дозволат да излезе, во затвор ќе помине речиси десет години помалку отколку што ја држел ќерка си во заробеништво, анализираат медиумите.
На почетокот на оваа година Регионалниот суд на Кремс во Долна Австрија одлучи да го префрли Фрицл од специјалната единица за ментално растроени затвореници во редовен затвор.
Тоа, пак, би значело дека по отслужување на 15 години од казната, може да поднесе барање за предвремено ослободување.
Но, државното обвинителство се спротивстави на планот и веднаш поднесе жалба на одлуката.
Сега, Високиот регионален суд го презеде случајот и назначи вештак за да ја утврди психијатриската и невролошката состојба на Фрицл по повеќе од 10 години затвор, од кои повеќето ги помина одделен од другите затвореници.
Доколку експертот открие некакви абнормалности, Фрицл ќе мора да остане во затворскиот систем и нема да има право да бара предвремено ослободување.
Меѓутоа, доколку експертот процени дека 86-годишникот е со „здрав разум“, тогаш еден од најозлогласените европски криминалци би можел да биде ослободен од затвор веќе во 2024 година, пренесуваат агенциите.
Потпретседателот на Регионалниот суд во Кремс, Фердинанд Шустер, изјави дека мислењето на експертот се очекува до крајот на јануари, иако шансите Фрицл да биде прогласен за психички здрав, а судиите да му дадат слобода се многу мали.
Покрај грозоморните злосторства што ги правеше над својата ќерка цели 24 години, во 2019 година беше објавено дека тогаш 84-годишниот Фрицл покажува знаци на деменција и дека неговото ментално здравје се влошува.
Се вели дека бил крајно непопуларен кај другите затвореници во затворот Кремс-Штајн и дека поголемиот дел од своето време го поминувал во самица.
Во меѓувреме, Елизабет Фрицл немала никаков контакт со нејзиниот татко откако тој бил затворен и живее под ново име во непознат дел на Австрија со деца зачнати за време на децениското брутално силување извршено од нејзиниот татко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Торнадо ја зафати Италија, две лица загинаа, четворица се повредени

Две лица загинаа вчера од паѓање дрвја во централната Италија во Тоскана, бидејќи лошото време го погоди северот и центарот на земјата, предизвикувајќи голема штета, соопштија спасувачките служби и локалните власти.
Уште четири лица се повредени при пад на дрвја во камп во близина на градот Марина ди Маса (Маса).
Обилни дождови и силни ветрови ја погодија и Фиренца, каде што еден човек беше повреден од гранка додека бил на пазарот.
Силните грмотевици предизвикаа штети во крајбрежниот дел на Версилија, каде што беа однесени чадори и лежалки на неколку познати одморалишта на плажа.
Во северниот регион на Лигурија силни ветрови го погодија брегот меѓу Кјавари и Сестри Леванте, предизвикувајќи проблеми на железничката линија Џенова-Ла Специја, каде што некои куќи на плажа паднаа на шините и оштетија далноводи.
Пет семејства беа евакуирани во блиската област Тигулио откако торнадото ја погоди областа и ги оштети нивните домови.
Италија во моментов е поделена на два дела, со бури од дожд и силен ветер низ северните и централните региони и рекордни високи температури до 45 Целзиусови степени на југ.
Во средата шумските пожари уништија десетици хектари медитеранска вегетација на јужниот остров Пантелерија, принудувајќи 30 луѓе да ги евакуираат своите домови, загрозени од пламените јазици, пренесе Аваз.ба.
Европа
Авион принудно слетал во Загреб поради патник кој викал и сакал да ја отвори вратата

Вистинска драма поминаа патниците на британската ТУИ на летот од Пафос за Манчестер, кои требаше да летаат за Манчестер в понеделник, на 15 август, околу 17 часот.
Прво, поради работното време на екипажот, авионот полетал од Кипар со 6 часа доцнење. Споменатиот лет го управувал авион SmartLynx A321, а поради проблематичен патник, екипажот решил принудно да слета на аеродромот во Загреб, јавува хрватската авијација.
Патниците изјавиле дека среде летот, патникот консумирал бел прав, според многу извештаи тоа е кокаин и се молел меѓу столовите на подот во кабината. Пред да се упати кон излезот за итни случаи, тој им викнал „се гледаме во рајот“ на патниците, а потоа се обидел да ја отвори вратата на авионот.
Неколку патници го собориле дотичниот на подот и го спречиле да го стори тоа.
Авионот слетал на загрепскиот аеродром во 1 часот по полноќ, а патниците се пожалиле на организацијата на нивното пристигнување во Загреб. Тврдат дека никој не ги пречекал и дека ноќта ја минале на подот на патничкиот терминал, без храна и пијалак.
Дури рано, велат, биле пренесени во околните хотели, по што биле известени дека летот за Манчестер од Загреб ќе полета во вторник, на 16 август, во вечерните часови.
ТУИ им се извини на сите патници. Споменатиот патник бил изнесен од авионот под полициска придружба и не го продолжил патувањето за Манчестер следниот ден.
Во вторникот, во 20 часот и 30 минути, авионот полетал од Загреб за Манчестер, каде што патниците пристигнале со приближно 26 часа доцнење, пренесе Блиц.рс.
Европа
(Видео) Големото невреме кое ја зафати Европа однесе најмалку 13 животи

Најмалку тринаесет лица загинаа во четвртокот во силните бури во Европа, а единствената позитивна работа е што помогнаа во гаснењето на големите шумски пожари.
Две деца на возраст од четири и осум години загинаа во јужна Австрија кога паднаа дрвја во близина на езеро во Корушка. Десетина луѓе се повредени, од кои некои потешко. Три лица загинаа при пад на дрво посеверно во Долна Австрија.
Во Штаерска, Корушка и Источен Тирол возовите мораа да застанат поради прекин на електричната енергија поради невремето, а паднатите дрвја блокираа и некои патишта, соопштија властите.
Шест лица загинаа на Корзика, соопштија француските власти. Дрво паднало врз 13-годишно девојче во кампот во Сагон на западниот брег на островот.
Very heavy storm in my local area Carintia/Austria. Many trees broken. At a lokal lake 2 children dies while standing under a tree and some branches r broken. 3 people r missing. Firewatch diver search for missing. Wish condolence to the parents of the children pic.twitter.com/cSFithMag6
— Fiat Moneyeater (@FiatMoneyEater) August 18, 2022
На југот на островот, 72-годишна жена загинала кога покривот на куќа на плажа паднал врз нејзиниот автомобил. Загинаа и жена во кајак, рибар и уште две лица.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин, кој е во посета на Корзика, изјави дека ветерот на островот дувал со брзина и до 200 километри на час.
Во невремето се повредени 12 лица, од кои едно потешко. Поради невремето без струја останаа 45.000 домаќинства.
Силно невреме ги погоди и другите делови на Франција, поплавувајќи ги улиците на Марсеј и блискиот Касис.
???????? #Austria, violente tempeste e temporali uccidono 5 persone, tra cui due bambine di 3 e 8 anni morte per la caduta di alberi nello stato della #Carinzia. I media locali riferiscono anche di almeno 15 feriti. Segnalate in diverse zone interruzione del servizio idrico pic.twitter.com/qjS1I6RsLx
— Zav News (@zav_news) August 18, 2022
Две лица загинаа во невремето во Тоскана. Дрвја паднаа врз маж и жена. Пожарникарите имале 150 интервенции во Лигурија и Тоскана. Централниот регион Емилија Ромања исто така беше тешко погоден од невремето.
Европа цело лето е зафатена од екстремни временски услови, што според експертите е последица на климатските промени.
Шумски пожари горат на југот на Италија, на Сицилија и на островот Пантелерија, а северот од земјата го зафати невреме по долга суша.
Шпанија, како и Франција, беше опустошена од шумски пожари, но дождот барем овозможи да се стави под контрола пожарот во Валенсија.
Речиси 2.000 луѓе се евакуирани, но сега можат да се вратат, објавија шпанските медиуми.
Европската Унија ги доживеа најлошите шумски пожари во овој период од годината од почетокот на заедничкото набљудување во 2006 година, според Европската комисија, пренесуваат светските агенции.