Daily news
Тереза Меј: Слободното движење на луѓето да продолжи и во текот на примената на Брегзит
Британскиот премиер Тереза Меј понуди слободното движење на луѓето меѓу Велика Британија и ЕУ да продолжи и во текот на фазата на спроведување на договорот за излегување на земјата од Унијата, пренесе во вторникот Ројтерс.
За време на посетата на Саудиска Арабија, Меј изјави дека фазата на имплементација ќе им даде на бизнис-круговите и на владата „период“ за да се прилагодат на новите услови и ограничувања, кои ќе бидат дел од договорот за Брегзит.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
