Европа
Турција воведува полициски час

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, најави воведување на најригорозни мерки од почетокот на епидемијата со Ковид-19, што подразбира продолжување на полицискиот час во сите денови и преку викенд. По седницата на Владата, Ердоган изјави дека полицискиот час од денеска ќе трае од 21 до 5 часот секој работен ден и за викендите.За време на одредени периоди за време на полицискиот час, ќе можат да работат продавниците за стоки и услугите за доставување храна.
Луѓе постари од 65 години и помлади од 20 години, на кои им е дозволено да поминуваат само три часа на ден надвор, несмеат да користат јавен превоз. На семејни собири како свадби и погреби може да има најмногу 30 лица.
Бројот на новоинфицирани лица во земјата се зголеми на околу 30 000 за еден ден, со што Турција е една од земјите најпогодени од пандемијата. Властите вчера пријавија 31 219 нови инфекции и 188 смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Меркел: Mи се крши срцето кога ќе помислам колку многу луѓе умреа во самотија

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е силно емотивно погодена од големиот број смртни случаи во домовите за стари лица, за време на пандемијата од коронавирусот.
„Срцето ми се крши кога ќе видам колку луѓе… починаа таму во самотија“, изјави Меркел пред новинарите во Берлин. „Емотивно гледно, мене тоа ми падна многу тешко“, призна таа.
Бројот на смртни случаи во пандемијата во Германија е зголемен за три пати од почетокот на декември, искачувајќи се на речиси 50.000 смртни случаи, поврзани со инфекција од коронавирус.
Вториот бран на пандемијата од Ковид-19 особено ги погоди домовите за стари лица.
Канцеларката исто така ја бранеше одлуката на Германија да се приклучи на заедничката иницијатива за набавка на вакцини во Европската Унија и ги отфрли тврдењата дека нејзината земја не обезбедила доволно вакцини за свои потреби.
Меркел им изјави на новинарите дека би било навистина многу ужасно доколку Германија почнела со вакцинирање додека другите, економски послаби земји, само стојат отстрана и чекаат.
Европа
(Видео) 15 мртви во пожар што избувна во украински дом за стари лица

Најмалку 15 лица загинаа, а пет се повредени во пожар во приватен дом за стари лица во источниот украински град Харков, соопштија денеска службите за итни случаи. Деветмина луѓе успеале да се спасат.
Пожарот избувнал на вториот кат од двокатната зграда во 15:03 часот по локално време. Во објектот имало 33 лица, соопштија службите.
BREAKING – At least 15 people were killed and five injured in a fire in a nursing home in the town of #Kharkiv in eastern #Ukraine
Follow @newsistaan pic.twitter.com/hhCcgCy3Zw
— Newsistaan (@newsistaan) January 21, 2021
На фотографиите се гледа дека зградата има решетки на прозорците на првиот кат.
Пожарот бил изгаснат во 16:14 часот, а во гаснењето учествувале 28 пожарникари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од министерот за внатрешни работи да отвори истрага за инцидентот.
Европа
Унгарија прелиминарно ги одобри вакцините на „Астра зенека“ и руската „спутник В“

Унгарската агенција за лекови даде прелиминарно одобрување за употреба на вакцините против коронавирусот на „Астра зенека“ и руската „спутник В“, изјави денеска Ѓерѓ Гулијаш, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан, потврдувајќи ги извештаите во медиумите.
Според него, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, подоцна денес ќе отпатува за Москва да разговара за вакцината против коронавирусот.
Доколку обезбеди договор за пратка со Русија, Унгарија ќе биде првата земја членка на ЕУ што ќе ја добие вакцината „спутник В“ иако Европската агенција за лекови сè уште не ја одобрила руската вакцина.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот