Европа
Уапсена 100-члена банда шверцери со наркотици во Шпанија

Шпанската полиција денеска соопшти дека разбила и уапсила 100-члена банда која со брзи глисери пренесувала хашиш и марихуана од Мароко во Шпанија.
Британските медиуми пренесуваат дека бандата ги полнела своите чамци со дрога во Мароко и потоа преку Медитеранот и реката Гвадалкивир ги пренесувала во близина на Севилја, на југот на Шпанија.
Во серијата рации полицијата запленила повеќе од пет тони хашиш и 230 килограми марихуана, се наведува во соопштението на шпанската цивилна гарда.
Сите 100 уапсени лица ќе бидат обвинети, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шведски доктор: Секој ден фрламе стотици дози „астра зенека“

Стотици дози од вакцината на „Астра зенека“ против Ковид-19 се фрлаат секој ден во Стокхолм затоа што жителите одбиваат да се вакцинираат со неа, изјави денеска шведски лекар за телевизијата СВТ.
Јохан Стируд од Медицинското здружение на шведската престолнина рече дека нема доволно доброволци за „Аастра зенека“, па затоа вакцините мора да се фрлат доколку не се искористат за неколку часа.
Во Шведска давањето на вакцината од британско-шведскиот производител е ограничена на лица над 65 години откога во светот беа пријавени ретки случаи на згрутчување на крвта како несакан ефект по примањето.
СВТ известува дека некои пациенти ги откажуваат закажаните термини кога ќе дознаат дека ќе примат вакцина од „Астра зенека“.
Стируд, како и Европската агенција за лекови (ЕМА) и Светската здравствена организација (СЗО), нагласува дека придобивките од оваа вакцина се многу поголеми од ризиците, па ги повика луѓето да се вакцинираат.
Отфрлање на вакцината oд „Астра зенека“ е забележано и во Хрватска, која во моментот има најголем број дози токму од оваа вакцина, објавија хрватските медиуми, кои ја пренесуваат изјавата од шведскиот доктор.
Европа
Грета Тунберг донира 100 илјади евра за праведна распределба на вакцините

Шведската активистка за климата, Грета Тунберг (18), најави дека ќе донира 100.000 евра за поправедна дистрибуција на вакцините против Ковид-19.
Средствата се наменети за механизмот „Ковакс“ на Светската здравствена организација (СЗО) за обезбедување еднаков пристап до вакцините против Ковид-19 за земјите во развој, рече Тунберг на прес-конференција со шефот на СЗО, Тедрос Гебрејсус.
„Меѓународната заедница мора да стори повеќе за да се реши трагедијата со нееднаква дистрибуција на вакцини (…) зашто, како во случајот со климатската криза и тука првин мора да им помогнеме на најранливите“, рече шведската активистка.
Според СЗО, во многу богати земји едно од четири лица ја примило првата доза осд вакцината против Ковид-19, а во посиромашните земји едно од 500 лица.
Европа
Прага бара руската амбасада да го ослободи објектот, на таа локација ќе се прави парк

Властите во Прага бараат руската амбасада во Чешка да го напушти просторот што моментно го зафаќа на површина од пет илјади квадратни метри, кој пред 1968 годинина бил дел од паркот „Стромовка“, изјави шефот на овој прашки округ, Јан Чизински.
„Градскиот совет на Прага ја повика републичката влада да почне преговори за просторот што моментно го окупира руската амбасада за тој да ѝ биде вратен на државата како што беше пред инвазијата на силите на Варшавскиот пакт во 1968 година“, објави Чизниски на својот профил на „Твитер“.
Чешките медиуми објавија дека градските власти планираат да засадат дрвја и цвеќиња во таа област и да ја претворат во парк, како што на таа локација било пред август 1968 година.
Чешка денеска ја напуштија 18 вработени во руската амбасада, кои тамошните власти ги прогласија за персона нон грата, изјави портпаролката на руската дипломатска мисија, Марија Семјонова.
„Осумнаесет вработени во руската амбасада и членови на нивните семејства ја напуштија територијата на Чешка“, изјави Семијонова за агенцијата ТАСС.
Чешки официјални лица тврдат дека овие 18 руски дипломати се членови на руските разузнавачки служби.
Во исто време официјална Прага ги обвинува руските тајни служби за вмешаност во подметнатата експлозија во складиште за муниција во Врбетице во 2014 година, при што загинаа две лица.
Како одговор на ваквиот потег Русија протера 20 вработени во амбасадата на Чешка во Москва.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион4 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?