Европа
Фијон ѝ се извини на француската јавност

Кандидатот на француските конзервативци за претседателските избори пролетва, а кој важаше за еден од главните фаворити, Франсоа Фијон, ѝ се извини на домашната јавност за она што го нарече погрешно просудување во однос на вработувањето на неговото семејство, иако призна дека неговата сопруга навистина работела 15 години како помошничка во парламентот.
Поранешниот премиер во владата на поранешниот претседател Николас Саркози, Франсоа Фијон на прес-конференцијата во понеделникот ги бранеше своите постапки во врска со скандалот околу хонорарите исплатени за неговата сопруга за работа, за кои некои пролевичарси медиуми тврдеа дури и дека не постоел. Меѓутоа, рече дека платата на неговата сопруга била во целост оправдана,
„Работеше на тоа место 15 години, и тоа просечно месечно за 3.677 евра нето, Платата совршено е оправдана за лице со дипломи од правниот и од филозофскиот факултет“, изјави Фијон на конференцијата којашто привлече повеќе од 200 новинари.
Најавувајќи дека нема д асе повлече од кампањата за изборите коишто треба да се одржат во последната седмица од април и првата од мај, Фијон порача „Вечерва започнува нова кампања. Јас сум единствениот кандидат кој може да одведе до национално закрепнување“.
Анкетата објавена во саботата на институтот Ifop предвидува дека лидерката на крајната десница Марин Лепен е фаворит за лидер по првиот круг од претседателските избори на 23-ти април со 25 отсто, а на второто место е независниот кандидат поранешниот министер за економија Емануел Макрон со 20,5 отсто, додека конзервативецот поранешниот премиер Франсоа Фијон со 18,5 отсто, токму како разултат на сандалот со неговата сопруга.
Но, бидејќи традиционално левицата, центристите и конзервативците се сојузуваат против Националниот фронт, анкетата покажува дека во вториот круг на 7-ми мај Лепен има шанси од 37 отсто, наспроти Макрон со 63 отсто./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Гуруљов: Веднаш да ја уништиме Британија, па потоа ќе разговараат со нас

Рускиот парламентарен претставник Андреј Гуруљов во програма на државната телевизија изјави дека би било добро „веднаш да се уништи Британија“.
„Нема режим во Киев, режимот е во Вашингтон. Во Киев има лакеи што го прават токму она што им е кажано“, рече Гуруљов.
This is vintage Andrei Gurulyov
Sounding genuinely drunk, the Russian MP screams that Russia is the “only country in the world” able to threaten the entirety of the US, and then proceeds to call for the “demolition” of Britain pic.twitter.com/6tY791ZKkB
— Francis Scarr (@francis_scarr) June 1, 2023
„Русија е единствената земја што може да претставува закана за целата територија на САД. Таа закана ќе ѝ го дотера паметот на целата нечистотија во Вашингтон“, рече тој.
„Сега е крајно јасно дека кога ќе кажеме – ајде да кренеме нешто во воздух, ќе го направиме тоа. Да ја уништиме Британија веднаш, без да го искористиме нашиот стратешки нуклеарен потенцијал. И веднаш потоа сите ќе седнат и ќе почнат да разговараат со нас како што треба“, додава тој, пренесуваат медиумите во светот.
Гуруљов, пишува „скај њуз“, често имал вакви испади во јавноста. Тој претходно се закани дека ќе ја нападне Алјаска со проектили и рече дека Советскиот Сојуз не отишол доволно далеку за време на Втората светска војна.
Европа
Напад со нож во близина на училиште во Шведска, повредени неколку ученици

Во близина на училиште во шведскиот град Ескилстуна денеска се случил напад со нож, при што се повредени неколку ученици, јавуваат шведските медиуми.
На терен има голем број полициски и возила на брзата помош, јавува „ТВ4“.
Локалната полиција соопшти дека се работи за тешко кривично дело, но не соопштија никакви детали.
„Во секој случај, не се работи за пукање“, изјави портпаролот на полицијата, Денис Струмберг.
Директорот на училиштето потврди дека имало инцидент, но рече дека има малку информации за тоа што се случило. Тој смета дека нападот не се случил во училиштето, туку дека се работи за ученици од тоа училиште, кои биле на друго место.
Според првичните информации, најмалку три лица се хоспитализирани по нападот со нож во училиште во шведскиот град Ескилстуна, соопшти полицијата.
Портпаролот на полицијата за истата телевизија потврдил дека во градот се случило тешко злосторство.
Европа
Месото, кафето и сирењето под клуч во супермаркетите: Велика Британија воведе итни мерки поради големи кражби

Супермаркетите во Велика Британија ставаат безбедносни ознаки на стекови и сирења и чуваат лажни тегли наместо кафе поради огромниот пораст на кражби во продавниците.
Некои маркети го ограничуваат бројот на предмети што може да се стават на полиците, пишува Би-би-си.
Според истражувањето на британскиот јавен сервис, кражбите се вратија на нивото пред пандемијата.
Во март полициските сили во Англија, Велс и во Северна Ирска забележаа речиси 33.000 случаи на кражби во продавници, што претставува зголемување од речиси 31 отсто во март минатата година.
Корисник на „Твитер“ објави фотографии од лажни тегли за кафе во маркет, а на клиентите им беше кажано дека може да побараат да купат вистинско кафе на каса, рече тој.
Компанијата изјави за Би-би-си дека не се работи за национална политика.
„Заштитата на безбедноста на нашите колеги е приоритет и знаеме дека кражбата може да доведе до насилство врз работниците во продавниците, па иако ова не е политика на национално ниво, може да се донесе одлука за спроведување безбедносни мерки на локално ниво доколку продавницата има одредени проблем“, велат од „Co-op“.
Жена реагирала дека била шокирана кога видела речиси празни полици во продавница, но дека работникот ѝ рекол дека тоа е направено намерно поради зголемениот број на кражби.