Контакт

Европа

Фон дер Лаен: Унгарија мора да го укине контроверзниот анти-ЛГБТ закон

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, ја предупреди Унгарија дека мора да го укине законот со кој им се забранува на училиштата да користат материјали за кои се верува дека ја промовираат хомосексуалноста или да се соочи во целост со законите на ЕУ.

Законот, воведен од унгарскиот премиер Виктор Орбан, беше остро критикуван од лидерите на Европската Унија на самитот минатиот месец, а холандскиот премиер, Марк Руте, ѝ порача на Будимпешта да ги почитува европските вредности или да ја напушти Унијата.

„Хомосексуалноста се изедначува со порнографија. Овој закон користи заштита на децата за да ги дискриминира луѓето врз основа на нивната сексуална ориентација. Срамота е!“, рече Фон дер Лаен во Европскиот парламент во Стразбур.

„Ниту едно прашање не е толку важно како она што влијае на нашите вредности и нашиот идентитет“, рече таа коментирајќи ја дебатата за унгарскиот закон на самитот на ЕУ во јуни нагласувајќи дека тоа е против заштитата на малцинствата и почитувањето на човековите права.

Таа предупреди дека Унгарија ќе се соочи со целосната сила на правото на ЕУ доколку не го укине законот, но не навлезе во детали. Таквите чекори може да вклучуваат пресуда на Европскиот суд на правдата и замрзнување на фондовите на ЕУ за Будимпешта, велат европратениците.

Од друга страна, владата на Шпанија минатиот месец го одобри предлог-законот со кој на луѓето на 14-годишна возраст им е дозволено законски да го менуваат полот без лекарска дијагноза или хормонска терапија. Тоа е првата голема земја членка на ЕУ што го направи тој чекор во поддршка на ЛГБТ-правата.

Европа

Зеленски смени голем дел од генералите, во најава и смена на министерот за одбрана

Објавено пред

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, направи голема чистка меѓу генералите, а ќе го замени и министерот за одбрана, пренесуваат агенциите.

Сегашниот командант на вооружените сили на Украина, Руслан Хомчук, мораше да ја предаде функцијата на генерал -мајор Валери Залужни (48), кој досега беше командант на оперативната група „Север“.

Претседателската администрација објасни дека причината за смената на генералот Руслан Хомчук е неговиот конфликт со луѓето во Министерството за одбрана на Украина, што се рефлектираше во ситуацијата со армијата. Интересно е што Зеленски требаше да објасни дека не се сомнева во патриотизмот и професионалноста на генералот Руслан Хомчук, но тој сака добро да соработуваат военото раководство и Министерството за одбрана, анализираат тамошните медиуми.

Хомчук е на највисока воена должност од март 2020 година, а дотогаш беше началник на Генералштабот на Украина. Во иднина Хомчук ќе биде првиот заменик-секретар на Советот за безбедност и одбрана и ќе го замени Михаил Ковал.

Веќе е објавено дека ќе биде сменет и министерот за одбрана, Андреј Таранов. На 23 јули беше сменет шефот на службата за надворешно разузнавање, Валериј Кондратјук, а на негово место беше назначен Александар Ваjeреевиќ Литвиненко, кој досега беше директор на Националниот институт за стратешки истражувања.

Деновиве беа сменети и заменик-шефот на Службата за безбедност на Украина, Руслан Баранечки и шефот на Дирекцијата за внатрешна безбедност на Службата за безбедност, Андреј Наумов. Причината за нивното отпуштање не е тајна, Зеленски беше незадоволен поради слабата ефикасност на Службата за безбедност на Украина во борбата против шверцот, т.е. нелегалниот увоз на стоки.

Инаку, според напишаните извештаи, Службата за безбедност на Украина очекува реформа, на која инсистира Вашингтон.

Прикажи повеќе...

Европа

Задолжително тестирање за сите што се враќаат од одмор, Германија ги заострува мерките од коронавирус

Објавено пред

Германската влада планира да воведе задолжително тестирање за сите што се враќаат од годишен одмор. Никој не ќе може да влезе во земјата без да биде вакциниран, да нема негативен ПЦР тест или ако не го прележал вирусот. Ова заострување е последица на зголемениот број на луѓе кои се заразени од Ковид-19 во последните 19 дена.

Владината портпаролка Улрике Демер претходно изјави дека се размислува за воведување нови мерки, а сега министерот за здравство Јенс Шпан (ЦДУ) најави заострување на правилата за повратниците од годишен одмор.

Тој планира да воведе правило според кое сите што не биле целосно вакцинирани или биле изложени на коронавирусот, ќе треба да покажат потврда за негативен ПЦР-тест при влез во Германија. Засега, ова се однесува само на оние кои доаѓаат во Германија со авион. Ова правило би важело за сите, без оглед дали областа каде што престојувале се смета за ризична или не, пишува „Дојче веле“.

Инаку, Шпан повеќепати ги обвинуваше германските граѓани кои се враќаа од годишните одмори во земјите од Југоисточна Европа за ширење на инфекцијата. Во моментов, ниту една земја во областа не се смета за ризична.

Само министерката за правда, Кристин Ламбрехт, се спротивставува на мерките, сметајќи дека воведувањето на задолжителен негативен ПЦР-тест е „несоодветна мерка“, со оглед на моменталната епидемиолошка состојба во земјата каде се уште е релативно ниска инциденцата на болеста во споредба со првата четвртина од оваа година. Сепак, таа препорачува угостителите во Германија да отвораат ресторани само за гости кои биле целосно вакцинирани. Здружението на германски угостители „Дехога“ остро ја осуди оваа идеја.

Прикажи повеќе...

Европа

Од крајот на пандемијата Велика Британија ја делат само неколку месеци, сметаат епидемиолозите

Објавено пред

Велика Британија е можеби само на неколку месеци до крајот на пандемијата, бидејќи вакцините драстично го намалија ризикот од хоспитализација и смрт, изјави денеска епидемиологот Нил Фергусон од Универзитетот за јавно истражување „Империјал колеџ“.

Премиерот Борис Џонсон верува дека една од најголемите економии во Европа може да се рестартира со полн капацитет поради вакцинирањето на многубројното население, а неговата одлука претставува ново поглавје во глобалниот одговор на коронавирусот.

Бројот на нови инфекции на дневна основа паѓа шести ден по ред, иако Џонсон постојано истакнува дека пандемијата сè уште не е завршена.

„Сè уште не сме надвор од опасност, но равенката радикално се промени“, рече Фергусон.

Според него, вакцинацијата значително ги намали ризиците од болничко лекување и смрт.

„Верувам и сум оптимист дека кон крајот на септември, во октомври, најдолгиот период на пандемија ќе биде зад нас“, рече епидемиологот од Кралскиот колеџ.

Премиерот Џонсон на 19 јули ги укина речиси сите ограничувања од пандемијата на коронавирусот во Англија за да го забрза закрепнувањето на економијата, и тој ден беше наречен „Ден на слободата“.

Доколку неговата одлука се покаже добра, тоа би бил излез од пандемијата, но новата стратегија носи и ризици – може да се појави варијанта отпорна на вакцини и бројот на заболени да го преоптовари здравствениот систем.

Фергусон повторува дека Ковид-19 ќе биде присутен во Велика Британија до октомври и дека ризикот од смрт кај заболените ќе продолжи да постои.

„Но, најголемиот дел од пандемијата ќе биде зад нас“, рече тој.

Велика Британија е на седмото место во светот според смртни случаи од коронавирус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори. Заев соопшти дека СДСМ...

Македонија1 час

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Свет2 часа

Бајден: Mаските и вакцините најдобра заштита од делта-сојот

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека носењето заштитни маски и вакцинирањето во области во кои доминира делта-сојот на коронавирус се...

Македонија18 часа

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во...

Македонија18 часа

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија18 часа

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Македонија19 часа

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Топ20 часа

Тетовец лажно се претставувал како лекар, измамил повозрасен охриѓанец и добил 40.000 денари

45-годишен тетовец лажно се претставувал како лекар и на тој начин измамил повозрасен жител од Охрид од кого добил 40.000...

Македонија20 часа

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија22 часа

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа23 часа

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија23 часа

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа24 часа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт1 ден

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија1 ден

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет2 дена

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа2 дена

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа2 дена

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа2 дена

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион2 дена

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Досие