Европа
Холандскиот премиер Рута смета дека турските санкции се „некоректни“
Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека турските санкции против владата „не се толку лоши, но се некоректни“, бидејќи Холанѓаните имаат повеќе причини да се лути, пренесе во вторникот Reuters.
Санкциите наметнати од страна на Турција, предвидуваат замрзнување на сите дипломатски врски, но не и економски односи меѓу двете земји.
“Чудно е Турција да зборува за санкции, кога ние имаме повеќе причини да бидеме многу лути за она што се случи во текот на викендот”, коментира Руте.
Владата на Руте беше гневна поради тоа што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги нарече Холанѓаните нацисти. Во саботата, Холандија им забрани на туските владини министри да говорат на собири во врска со закажаниот референдум за измени на Уставот со кои се прошируваат овластувањата на претседателот на Турција./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
