Европа
Ципрас ја предупредува Европа поради национализмот

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска изјави дека Европа ќе се соочи со егзистенцијална криза поради национализмот ако не го признае својот неуспех во решавањето на фискалната криза и ако на ефикасен начин не го реши проблемот со приливот на мигрантите.
Во обраќањето пред пратениците во Европскиот парламент тој рече дека економските мерки на штедење во некои европски земји предизвикаа страв и доведоа до појава на расизам и јакнење на десницата.
Тој додаде дека ова ќе ја претвори Европа во расцепкан континент, без кохезија, без меѓународна улога и без иднина.
Ципрас исто така го критикува начинот на кој Европа се занимава со безбедноста, што им даде поттик на десничарските партии.
Во неколку европски земји, вклучувајќи ги Франција и Белгија, во последните години се регистрирани напади на исламските милитанти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Белгија ќе прими 10 деца на припадници на Исламска држава

Судот во Брисел ѝ нареди на белгиската Влада да бидат примени 10 деца родени во Сирија, на припаднички на Исламска држава кои се од белгиска националност.
Децата, на возраст од седум месеци до седум години, треба да бидат доведени во Белгија во рок од шест недели. Тие во моментов се наоѓаат во бегалскиот камп Ал-Хол во североисточна Сирија, кој е под контрола на Курдите.
Според решението на Судот, ако владата не даде конзуларна помош и документи за децата тогаш ќе биде казнета со 5.000 евра по дете.
Белгискиот министер за правда, Коен Гинс, изјави дека Владата е подготвена да ги земе децата сè додека не мора да ги врати во Белгија и нивните мајки.
Европа
Хемиски напад во Парламентот на Грузија

Парламентот во Грузија ја прекина работата на четири часа откако во објектот била испрскана супстанца со непријатен мирис. Претседателот на Парламентот, Арчил Талакваѕе, рекол дека се работи за хемиски напад.
Неколкумина се пожалиле дека им се слошило, но никој не е сериозно повреден, а полицијата отворила истрага.
Подоцна, учесник на граѓанското протестно движење „Шејм“ навел дека успеал да испрска антисептичка течност, која ја користат ветеринарите, за да ја наруши работата на Парламентот непосредно пред гласањето за именување на судии на Врховниот суд, кои опозицијата ги нарече провладини судии.
„Сакавме да покажеме дека нашиот парламент смрди“, рекол Нодар Рукхаџе, лидерот на движењето „Шејм“, кое соработува со демонстрантите, а кое се залага за пропорционален изборен систем.
Промената на системот е закажана за 2024 година, но опозицијата бара да се воведе порано.
Европа
Трамп: „Грета – личност на годината? Мислам дека треба малку да олади“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска повторно се сврте кон 16-годишната активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, оценувајќи го како безначаен нејзиниот избор за личност на годината според магазинот „Тајм“.
„Грета треба да работи на својот проблем со контролата на гневот, а потоа да отиде на некој добар старомоден филм заедно со другарка! Олади, Грета, олабави се малку“, напиша Трамп на „Твитер“.
So ridiculous. Greta must work on her Anger Management problem, then go to a good old fashioned movie with a friend! Chill Greta, Chill! https://t.co/M8ZtS8okzE
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) December 12, 2019
Тунберг реагира на ист начин како кога во вторникот беше критикувана од бразилскиот претседател Жаир Болсонаро – го смени својот краток личен опис на „Твитер“ пишувајќи дека е тинејџерка што работи на својот проблем со контрола на гневот и во моментот ужива и гледа добар старомоден филм со другрка.
Болсонаро во вторникот остро одговори на нејзината загриженост поради убиствата на бразилските домородци во Амазонија.
„Грета вели дека Индијците умреле затоа што го бранеле Амазон. Фантастично е што медиумите му даваат простор на вакво детиште“, рече Болсонаро.
Шведската тинејџерка стана симбол на растечкото движење на млади активисти за животна средина бидејќи таа ги води неделните штрајкови во училиштата во Шведска наречени Fridays for future. Движењето смета дека светските власти не прават доволно во врска со климатските промени, а оттогаш штрајковите со проширија во 100-ина града во целиот свет.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми