Контакт

Европа

Чавушоглу: Турција не зазема страна во конфликтот меѓу Русија и Украина

Објавено пред

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Анкара не се определува за ниедна страна во конфликтот меѓу Украина и Русија.

За време на викендот, по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повика на крај на загрижувачките настани во источна Украина, во областа Донбас.

По тоа, министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, рече дека Турција и другите земји не треба да поттикнуваат воинствени чувства во Украина, јави „Ројтерс“.

Европа

Вакцинирани Германци може да влезат во земјата без да одат во карантин

Објавено пред

Германската влада денеска го одобри планот да им се дозволи на луѓето што се целосно вакцинирани против коронавирусот и кои оздравеле или имаат негативен тест на коронавирус, да влезат во Германија, без да одат во карантин, изјави владин извор.

Според „Ројтерс“, оваа одлука не се однесува на луѓето што доаѓаат од земји што се сметаат за високоризични или од области каде што има мутации на вирусот.

Мерките за олеснување се однесуваат само на лица што примиле вакцини одобрени во Европската Унија, поточно вакцините на компаниите „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „Астра зенека“ и на „Џонсон и Џонсон“.

Прикажи повеќе...

Европа

Рау: ЕУ нема заеднички став за Западен Балкан

Објавено пред

Европската Унија нема заеднички став кога станува збор за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во блокот, изјави полскиот министер за надворешни работи, Збигњев Рау.

Во неговата изјава за полски медиуми тој ја нарече пристапната политика на ЕУ анемична и додаде дека неодлучноста на Брисел во врска со тоа го става под сомнеж концептот на стратешка автономија.

„ЕУ не е во позиција да изрази јасен став за пристапот на земјите од Западен Балкан. Тоа ја доведува во прашање ефикасноста на нејзината таканаречена доктрина за стратешка автономија“, рече Рау.

Шефот на полската дипломатија истакна дека концептот на стратешка автономија, што ЕУ го поставува како независен и суверен политички субјект на меѓународната сцена, ќе бара опипливи и видливи изгледи за пристапување на Западен Балкан во европскиот блок.

Тој исто така предупреди дека неуспехот на ЕУ да развие единствена политика за пристапување на земјите од Западен Балкан може да ги стави земјите во регионот под влијание на трети земји, кои се во ривалство со Европската Унија, пренесуваат полските агенции.

Збигњев Рау учествуваше на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел во понеделникот, на кој, меѓу другото, беше разговарано и за состојбата на Западен Балкан.

Прикажи повеќе...

Европа

Поведена истрага против Курц во врска со аферата „Ибица“

Објавено пред

Поведена е истрага против австрискиот канцелар Себастијан Курц поради лажна изјава пред парламентарниот истражен комитет во врска со аферата „Ибица“.

Опозициските партии го обвинија за давање лажно сведочење пред комитетот во врска со аферата „Ибица“.

Антикорупциската канцеларија почна истрага, што може да доведе до кривична пријава против канцеларот.

Курц се надева дека тоа ќе се случи набргу.

„Тогаш ќе имам можност да му ја кажам на судијата мојата страна на приказната“, рече канцеларот на прес-конференција.

Тој додаде дека секогаш искрено одговарал на прашањата на комисијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија4 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа4 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа4 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет5 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет6 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија17 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија21 час

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија21 час

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија23 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија24 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија24 часа

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија1 ден

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Досие