Контакт

Европа

Членките на ЕУ може да ги одбијат барателите на азил поврзани со тероризам

Објавено пред

Европските држави може да ги одбијат барателите на азил кои учествувале во активности на терористички групи, дири и доколку нивната одлука била ограничена само на логистика, одлучи во вторникот Европскиот суд на правдата (ECJ).

dobivaj vesti na viber

Судот ја донесе оваа одлука против Мароканец чиешто барање за азил во Белгија било отфрлено откако белгискиот суд во 2006 година бил обвинет за фалсификување на пасоши за мароканска група која регрутирала џихадисти за Ирак и го осудил на шест години затвор.

Мостафа Лунани барал бегалски статус стравувајќи од прогон доколку се врати во татковината, во којашто би бил сметан за радикален исламист и џихадист.

„Барањето за азил може да биде отфрлено доколку барателот на азил учествувал во активностите на терористичка мрежа. Не е нужно барателот на азил лично да извршил терористички дела, поттикнувал на нив или учествувале во нивното нарачување“, се наведува во пресудата на Европскиот суд на правдата.

Повикувајќи се на резолуцијата 2178 на Советот за безбедност при Обединетите нации од 2014 година за меѓународните терористички мрежи, судот појаснува дека азилот може да им биде оневозможен на лицата кои учествуваат во регрутирање, организација и транспорт на луѓе кои патуваат преку границите за да извршат или да планираа терористички напади./крај/мф/сн

Европа

Се удави 14-годишник во базен во Анталија

Објавено пред

Момчето се удавило во базенот на хотелот во Анталија, а семејството со обвинувања дека на базенот нема спасувачи.

dobivaj vesti na viber

14-годишното момче, чие име не се соопштува, со семејството било во хотел во турското летувалиште Анталија, пишува „Daily Mail“.

Во хотелот со 311 соби како гости на свадбата престојувале неколку членови на исто семејство.

Момчето се удавило во еден од петте базени под сè уште неразјаснети околности, а очевидци велат дека шанкер го забележал во водата и го извлекол на суво.

На момчето му била укажана прва помош и вештачко дишење, и било пренесено во болница, но за жал починало.

Семејството и сведоците, пишува „Сан“, тврдат дека на базенот немало спасувачи иако било еден часот попладне. Спасувачите наводно отишле на ручек. Хотелот ги негира овие наводи.

„Со тешко срце потврдуваме дека нашиот млад гостин почина додека пливаше со тетка му на нашата главна плажа. Од почит кон семејството, нема да даваме дополнителни изјави додека не бидат објавени резултатите од обдукцијата. Категорично ги отфрламе обвинувањата за немање спасители“ – изјавил портпаролот на хотелот.

Прикажи повеќе...

Европа

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Објавено пред

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија, по 25 години брак.

dobivaj vesti na viber

„Одлуката за развод беше заемна“ – изјави градоначалникот на Киев за украинските медиуми.
Тој додаде дека тој и неговата сопруга со години живеат во различни земји, но и понатаму се во добри односи.

„Долги години имаме различни интереси и различни животи. Решивме да го потврдиме и официјално. Тоа беше заедничка желба. Сè уште имаме добри односи, се почитуваме, децата се пораснати, а животот продолжува“ – изјави Кличко.

Виталиј и Наталија Кличко се венчаа во април 1997 година и добија три деца, синовите Јегор-Данијела и Максим и ќерката Елизабета-Викторија.

Додека тој се занимаваше со бокс, Наталија беше со Виталиј на секој меч. Таа го поддржа и во 2014 година, кога се кандидираше за градоначалник на Киев.

Наталија се испроба како пејачка и текстописец. Таа се занимава и со хуманитарна работа, а имајќи предвид дека парот долго време живеел во Германија, од 2010 година е вклучена во работата на Советодавниот одбор на германската хуманитарна фондација Phytokids.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво

Објавено пред

Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се поништи руската култура и самата Русија.
„Тоа е едноставно глупаво. А оние кои мислат поинаку, за жал, не ги научиле лекциите од историјата“, додаде Путин на фестивалот Таврида на Крим.

dobivaj vesti na viber

Путин истакна дека оваа година „во тимот на фестивалот има и луѓе од ослободените територии – од Доњецката и Луганската Народна Република“.

„Денес сте заедно, подготвени да ги здружите напорите за постигнување заеднички цели, а тоа значи дека знаете дека треба да бидете заедно за да бидете силни. Целата богата илјадагодишна историја на Русија нè учи на тоа“ – рече тој.

„Знаеме дека сите тешкотии и искушенија се време на нови можности и често зборуваме за тоа. Време е да бидеме храбри, тоа е вистината, а вие сте токму такви“ – рече Путин.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион48 минути

Ќе требаат нови операции за децата повредени во автобуската несреќа во Бугарија

Двете повредени деца, кои вчера од Стара Загора беа пренесени во болницата „Пирогов“ во Софија, се уште се во тешка...

Македонија1 час

Демократски сојуз: Грешки со историски димензии

Демократскиот сојуз предупредува на процес на сечење на македонските корени преку заедничката комисија за историски и образовни прашања, со што...

Македонија2 часа

СДСМ: Потонаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за наводно менување на историјата

„Паднаа во вода сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со кои со месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа...

Европа2 часа

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко се разведува по 25 години брак

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко (51) се разведува од сопругата Наталија, по 25 години...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори, или уставни измени веднаш во Собрание или оставка и избори

„Секојдневните предавства од криминалната власт на СДСМ и ДУИ треба да престанат. Константните притисоци од власта на Ковачевски кон пратениците...

Европа2 часа

Путин: Тоа што го прави Западот е глупаво

Владимир Путин ги нарече „залудни“ обидите да се поништи руската култура и самата Русија. „Тоа е едноставно глупаво. А оние...

Европа2 часа

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби

Зеленски ги разреши шефовите на безбедносните служби на четири регионални одделенија. Според декретите објавени на претседателската веб-страница, Серхи Зајац беше...

Македонија19 часа

Цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум твореле во бугарската голема средновековна држава, се вели во препораката за заедничко чествување

Тоа што живееле и твореле на денешната територија на Македонија, во бугарската голема средновековна држава им е единственото заедничко на...

Македонија21 час

(Видео) Комисијата препорача заедничко чествување на цар Самоил, Кирил и Методиј и Климент и Наум, ќе има и измени на антиката во учебниците

Комисијата за историски прашања даде препораки за заеднички чествувања на цар Самоил, светите Кирил и Методиј и светите Климент и...

Македонија21 час

Петровска: Одлуките за донација на воена помош за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава

Одлуките за донација на воена помош и вооружување за Украина се одлуки на суверена и самостојна држава, без оглед на...

Македонија23 часа

Бугарска фондација стави бугарско знаме пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје и се пофали дека го исчистила

Бугарската фондација „Македонија“ на социјалната мрежа Фејсбук објави дека го исчистила споменикот на Гоце Делчев во Скопје, ставајќи до него...

Регион1 ден

Лончар: Едно дете е оперирано, а на еден патник му беше ампутирана ногата

Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар по посетата на повредените во несреќата во Бугарија изјави дека нема загинати. „Ги...

Македонија1 ден

Власта да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата на ДУИ, порача опозицијата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара од Владата на СДСМ и ДУИ, да се извини за исвиркувањето на прославата за Рамковниот договор, што...

Македонија1 ден

Македонскиот ПЕН-центар со осуда за нападот врз светски познатиот автор Салман Ружди

Македонскиот ПЕН-центар со длабока индигнација и згрозеност го осудува бруталниот напад врз светски познатиот автор Салман Ружди, кој целото свое...

Топ1 ден

Jапонскиот премиер: Никогаш повеќе нема да водиме војна

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска, на 77-годишнината од капитулацијата на Токио во Втората светска војна, вети дека земјата никогаш повеќе...

Македонија1 ден

На Табановце се чека околу еден час, на Богородица 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица времето на чекање за излез...

Свет1 ден

Путин му напиша писмо на Ким Џонг-ун

Рускиот претседател Владимир Путин напиша во писмо до севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по повод Денот на ослободувањето на Северна Кореја...

Регион2 дена

Исповед на Светлана Бориловиќ, мајката на монструмот од Цетиње: Подобро што и тој е мртов

Два дена по масакрот во Црна Гора, Светлана Бориловиќ, мајката на Вук Бориловиќ, жителот на Цетиње кој уби десетмина сограѓани...

Регион2 дена

(Видео) Автобус со деца од Србија се преврте во Бугарија

Автобус со деца од Србија се преврте во канал на автопатот „Тракија“ кај градот Стара Загора, изјави за Нова ТВ,...

Европа2 дена

Секој ден расте опасноста за нуклеарната централа Запорожје, велат украинските власти

Опасноста од нуклеарната централа Запорожје на југот на Украина, за чие гранатирање меѓусебно се обвинуваат Киев и Москва повеќе од...