Европа
Шест семејства на загинати патници ја тужат „Germanwings“ за несреќата
Родителите на шест жртви на несреќата на авионот А320 на компанијата „Germanwings“ најавија во понеделник во Барселона дека ќе ја тужат оваа компанија, како и “Lufthansa” бидејќи ги сметаат за одговорни за драмата во која во 2015 година загинаа 150 луѓе.
Во соопштението, овие семејства наведуваат дека несреќата на авионот што летал меѓу Барселона и Дизелдорф можела да биде избегната доколку компанијата „Germanwings“, фирма ќерка на “Lufthansa”, на време ги откриела психолошките проблеми на пилотот Андреас Лубиц, кој авионот намерно го урна во француските Алпи.
Нивниот адвокат Карлос Вилакорта не го откри износот на отштетата што ја бараат семејствата, но рече дека предлозите на компанијата се „навредливи“. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
